790 ден 690 ден
Нема на залиха
Time Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
790 ден 690 ден
Нема на залиха
Lapothicell A.C. Daily Calming Peeling Booster e мулти-функционален тонер со благ пилинг ефект, кој прави нежно тонирање, хидрирање и регулирање на pH балансот.
Благодарение на AHA (алфа хидроксилната киселина) и BHA (бета хидроксилната киселина) од природно потекло, овој тонер помага во решавањето на различни проблеми со кожата. Неговите AHA и растителни BHA состојки помагаат во регулирање на себумот и отстранување на мртвите клетки.Овој дневен пилинг бустер на кожата ѝ пружа свежина.
Тоа е дерматолошки тестиран производ, кој дури и по една употреба ги ексфолира и редуцира мртвите клетки на кожата. Исто така го спречува создавањето на акни, го регулира создавањето на себум, ги отстранува дамките, белките, црнките, го изедначува нерамномерниот тен и ѝ дава помека текстура на кожата.
Овој не-иритирачки тонер кој овозможува секојдневен смирувачки пилинг погоден за сите типови на кожа, дава одлични резултати кај чувствителна, како и мрсна кожа склона кон акни, црнки и нерамномерен тен, притоа обезбедувајќи ја потребната хидратација.
Употреба: По миење на лицето, секое утро и вечер, натопете памучен тупфер со бустерот и нежно пребришете го лицето и вратот. При дневна употреба на овој тонер задолжително треба да се користи крем со заштитен фактор.