690 ден 512 ден
690 ден 512 ден
Кажете им збогум на иритацијата црвенилото и акните предизвикани од заштитните маски. Goodbye Redness Spot Cream на корејскиот бренд Benton ќе ви помоге брзо да го вратите балансот на кожата изиритирана од надворешни фактори и таа повторно да светне со здра#центела
Овој ефикасен крем за спот третман на иритираните делови на кожата на лицето, може да се користи и на целото лице бидејќи е лесен крем со хидратантно дејство. Лесно се апсорбира пружајки интензивно смирувачко дејство, заштита на кожата и баланс на водата и мастите.
Содржи 42% екстракт од азиска центела, 10% каламин, пеперминт и чајно дрво. Нуди здрава формула направена од природни состојки од кои кожата има бенефит и не содржи алкохол, PEG, силикони, минерални масла или било какви контроверзни состојки.
Се препорачува кај:
Клучни состојки:
Производот е дерматолошки тестиран.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.
Вшата кожа заслужува посебен третман. Пружете ѝ врвна нега со луксузниот крем на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔, 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺.
𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 е интензивен навлажнувачки крем со моќно антиејџ дејство, кој ја одржува свежината и еластичноста на кожата од подлабоките слоеви до површината.
Формулиран е со есенцијално масло и екстракт од Rosa damacscena и покажува антиоксидантни својства на исто ниво на токоферолот кој еден од најпознатите антиоксиданти
Збогатен е со антиејџ сотојки како ниацинамид, аденозин и токоферол за моќна борба против брчките и помазна, поцврста и поеластична кожа.
Петте типа на хјалуронска киселина обезбедуват доготрајна хидратација од најдлабоките слоеви до површината на кожата. Затоа овој крем има моќ да ги пополнува брчките и го спречува нивното продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.