Земја на производство: Република Кореја
Состав: Water, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Centella Asiatica Extract, Panthenol, Xanthan Gum, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Citric Acid.
1.290 ден
Нема на залиха
Откријте го брзиот и ефикасен начин за смирување на иритирана кожа со SKIN1004 Centella Quick Calming Pad, интензивно навлажнувачки и смирувачки тонер тупфери натопени со богата есенција од мадагаскарска азиска центела, пантенол и хијалурон. Дизајнирани за чувствителна, нормална и комбинирана кожа, овие практични подлоги обезбедуваат моментален ефект за само неколку минути.
Богати се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Погодни за типови на кожа, чувствителна, нормална и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Ставете тупфери на образите, челото или на посебни проблематични зони и оставете ги да делуваат 3 до 5 минути. Потоа отстранете ги и тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. По отворање, чувајте ги внатрешното капаче и пинцетата во пакувањето за лесна и хигиенска употреба. Исто така со овие тупфери може да го пребришувате лицето.
Совршено решение за секојдневна нега, SKIN1004 Centella Quick Calming Pad е идеален избор за оние кои сакаат брзо освежување на кожата без комплицирани чекори, совршен додаток во секоја рутина за нега.
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Water, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Centella Asiatica Extract, Panthenol, Xanthan Gum, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Citric Acid.
1.290 ден
Нема на залиха
Дали би сакале да пробате производ кој го подобрува тенот, ја враќа хидратацијата на кожата, ја смирува иритацијата, се бори против акните и ја спречува појавата на брчки?
The Rice Bran Toner на корејскиот бренд Your Vegan е мултифункционален тонер кои ги таргетира сите овие проблеми наеднаш.
Вклучете го овој тонер во рутина за нега која веќе ја практикувате, како чекор веднаш по миењето на лицето или комбинирајте го со ампулата и кремот од истата The Rice Bran линија на Your Vegan. Уште по 1 недела од употребата ќе забележите посвежа, почиста и поблескава кожа.
Тоа e интензивен тонер за третман на уморна и затемнета кожа, проблематична кожа со акни, кожа со флеки, кожа на која и недостига еластичност. Благодарение на водата од оризови трици, ниацинамидот, хијалуронската киселина и CG-6 комлексот третира повеќе различни проблеми на кожата и придонесува за нејзин целокупно подобрен изглед и здравје.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Mizon Snail Repair Intensive тонерот со концентриран филтрат од слуз од полжав, ја враќа рамнотежата на вода и масти и виталноста на кожатa, го успорува процесот на појава на брчки, овозможува еластичност и обновување на кожата.
Вметнете го овој производ во својата рутина, веднаш по миењето и почувствувајте го моменталниот ефект на зголемена хидратација. Транспарентната гел текстура на водена база овозможува флексибилност со длабока хидратација, со лесна впивливост, без сушење на кожата.
Дејство:
Не содржи парабени и вештачки парфеми кои предизвикуваат иритации, така што може да се употребува и за чувствителна кожа.
Има мултифункционална формула која покрај високата концентрација на филтрат од слуз од полжав содржи и аденозин, состојка позната по своето антиејџ дејство, во намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки, подобрување на тенот и стимулирање на производство на колаген. Содржи и екстракт од азиска центела кој ја смирува иритацијата на кожата.
Овој тонер е наменет за корисниците кои: