Нежна вода за ексфолиација креирана за да го изедначува тенот и да ја измазнува текстурата на кожата Taa e формулирана со манделична киселина, која делува нежно на површината на кожата. Ги отстранува наталожените мртви клетки за да го подобри ефектот на следните продукти од рутината занега. Помага да се изедначи уморниот или невооедначениот тен и ја измазнува грубата кожа.
Употреба: По чистењето, нанесете соодветна количина од производот на кожата и тапкајте нежно за да се апсоорбира. Доколку сакате поефективна ексфолиација, натопете памучен тупфер со производот и пребришете ја кожата.
Клучни состојки: манделична киселина (5%), бета-глукан, пантенол, екстракт од Centella asiatica, екстракт од Houttuynia cordata.
Состав: вода, манделична киселина, бутилен гликол, бета-глукан, пантенол, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), екстракт од плод од Prunus amygdalus dulcis (благ бадем), натриум хијалуронат, сорбитан сесквиолеат, екстракт од Centella asiatica, екстракт од Houttuynia cordata, сорбитол, диметил сулфон, хлорофенесин, натриум цитрат, аргинин, PEG-60 хидрогенирано рицинусово масло, етилхексилглицерин, нато гума, карбомер.
Нето содржина: 120 ml
За производот
Aloe BHA Skin Toner е благо киселкаст тонер наменет за секојдневна нега на сите типови на кожа. Посебно е погоден за кожа на која ѝ е потребна блага ексфолијација, кожа склона на појава на акни, дехидрирана, иритирана и чувствителна кожа. Неговите состојки како екстракт од алое вера, салицилна киселина (BHA), слуз од полжав, хијалуронска киселина, бета-глукан и др. се вистински подарок за Вашата кожа.
Екстрактот и сокот од алое вера, застапени со висока концентрација, интензивно ја смируваат иритираната кожа, а салицилна киселина (BHA) застапена со 0,5% има антиинфламаторно дејство. Салицилната киселина исто така е ексфолијант кој го омекнува и отстранува слојот од мртви клетки на кожата и длабински ги чисти порите. Тоа го прави овој тонер совршен за нега на кожа склона на акни. Слузта од полжав има регенеративно својство, додека хијалуронската киселина и бета-глуканот на кожата ѝ ја пружаат неопходната влажност.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Toj не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Aloe BHA Skin тонерот е дерматолошки тестиран.
Употреба
Нанесете соодветна количина на лицето и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира.
За најдобри резултати Benton препорачува овој гел да се употребува заедно со следните производи по редоследот: чистење со Honest Cleansing Foam → Aloe BHA Skin Toner → Aloe Propolis Soothing Gel → Fermentation Eye Cream → Aloe Hyaluron Cream.
Совет: Производите нанесувајте редоследно, од најтечните кон оние со поголема густина.
Активни состојки
• Екстрактот од алое вера, познат по своите смирувачки својства, обезбедува заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така е богат со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето. Освен што го спречува таложењето на себумот и ги намалува порите, тоа е состојка која го стимулира производството на колаген и еластински влакна кои ја прават кожата еластична и мазна.
• Хијалуронската киселина е фонтаната на младоста во молекуларна форма. Таа е супстанца природно присутна во кожата, позната по својот неверојатен капацитет за привлекување и задржување на влажноста. Може да задржи 1000 пати поголемо количество на вода од својата тежина со што на кожата кожата ѝ дава здрав, полн и еластичен изглед. Таа е дел од матрицата која ја одржува младешката кожа. Како што старееме нашата кожа ја губи влажноста и хијалуронска киселина, што доведува до опуштање на кожата и појава на брчки кои на почетокот се мали, плитки и се губат при хидратација, но со текот на времето се продлабочуваат и стануваат постојани. Со нанесување на хијалуронска киселина преку козметичките препарати се враќа свежината на кожата, се зголемува нејзината цврстина, таа добива полн изглед, а брчките се намалуваат.
• Бета хидроксилната киселина (BHA), во овој производ застапена како салицилна киселина, има антиинфламаторно дејство и е благ ексфолјатор кој гo омекнува и отстранува површинскиот слој од мртви клетки на кожата. Исто така навлегува и делува длабоко во порите каде го раствора зачепувањето. Овие својства ја прават одлична состојка за борба против акни.
• Филтратот од слуз од полжав е познат по своите anti-aging својства. Тој го стимулира формирањето на колаген и еластин, ја штити кожата од слободни радикали, ја смирува иритацијата, помага во обновување на оштетените ткива и на кожата ѝ ја враќа потребната влажност. Помага при третирање на сува кожа, брчки, стрии, акни, старечки дамки, лузни и т.н. Тој содржи хранливи материи како хиалуронска киселина, гликопротеини, протеогликани и пептиди кои се корисни за кожата.
• Бета-глуканот има моќно навлажнувачко дејство. Тој навлегува под епидермисот и ги пополнува фините линии, со што на кожата и дава полн и мазен изглед. Има атиоксидантно дејство и го спречува оштетувањето на клетките поврзано со стареењето и надворешните влијанија. Го подобрува заштитниот слој на кожата со што таа побрзо заздравува. Бета-глуканите ги стимулираат клетките на имунитетот да се борат против бактериите и вирусите.
• Eкстрактот од гуава, кое е тропско овошје, содржи пет пати повеќе C-витамин од портокалот, а исто така е богат со А-витамин и B-витамин.
• Екстракт од лишај, со природно антибактериско дејство.
Состав
Состав: вода од лист од Aloe barbadensis, вода, бутилен гликол, глицерин, 1,2-хександиол, натриум хиjалуронат, филтрат од слуз од полжав, бета-глукан, полиглутаминска киселина, екстракт од лист од Aspalathus linearis, екстракт од Portulaca oleracea, екстракт од Psidium guajava, салицилна киселина (0.5%), екстракт од корен од Althaea rosea, екстракт од лист од Aloe barbadensis, сок од лист од Aloe barbadensis, аргинин, пентилен гликол, екстракт од Zanthoxylum piperitum, екстракт од Pulsatilla koreana, екстракт од Usnea barbata (лишај), полисорбат 20, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, ксантан гума.

Овој тонер помага во навлажнување, враќање на балансот и омекнување на чувствителната кожа, благодарение на екстрактот од роза и ферментите на галактомицес.
Вода од цвет од Rosa damascena– 70%
Galactomyces Ferment Filtrate – 10%
200ml