1.120 ден
Нема на залиха
1.120 ден
Нема на залиха
Кажете им збогум на иритацијата црвенилото и акните предизвикани од заштитните маски. Goodbye Redness Spot Cream на корејскиот бренд Benton ќе ви помоге брзо да го вратите балансот на кожата изиритирана од надворешни фактори и таа повторно да светне со здра#центела
Овој ефикасен крем за спот третман на иритираните делови на кожата на лицето, може да се користи и на целото лице бидејќи е лесен крем со хидратантно дејство. Лесно се апсорбира пружајки интензивно смирувачко дејство, заштита на кожата и баланс на водата и мастите.
Содржи 42% екстракт од азиска центела, 10% каламин, пеперминт и чајно дрво. Нуди здрава формула направена од природни состојки од кои кожата има бенефит и не содржи алкохол, PEG, силикони, минерални масла или било какви контроверзни состојки.
Се препорачува кај:
Клучни состојки:
Производот е дерматолошки тестиран.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.
За производот
Snail Bee High Content Steam Cream е висококонцентриран крем произведен со пареа. Технологијата на производство со помош на пареа ја зачувува ефикасноста на најмоќните состојки за нега кои ги содржи овој крем. Погоден е за сите типови на кожа, а особено за чувствителна кожа и кожа склона на акни. Ако имате многу чувствителна кожа, овој крем ќе биде Вашиот сојузник бр. 1.
Тој е богат со коктел од здрави и ефикасни состојки. Филтратот од слуз од полжав кој има регенеративни својства, пчелиниот отров кој е природен антисептик, пептидот sh-олигопептид-1, хиалуронската киселина, и различни растителни екстракти кои се дел од неговата формула прават чуда за кожа и помагаат за подобрување на тенот. Благодарение на оваа природна и здрава формула, ја навлажнува, негува и обновува оштетената кожа за само неколку дена, ја смирува надразнетата кожа и иритацијата предизвикана од акни.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Кремот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content Steam кремот е дерматолошки тестиран.
Употреба:
Нанесете соодветна количина од кремот на чисто лице и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. Се препорачува како последен чекор од рутината за нега на лице, по нанесувањето на тонер, есенција/серум и лосион.
За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.
Клучни состојки:
Против акни: Ниацинамид, лауринска киселина
Антиоксиданси: Филтрат од секрет од полжав, масло од јатка од Argania Spinosa, токоферил ацетат
Состојки за комуникација на клетките: Ниацинамид, Sh-Олигопептид-1, Аденозин
Осветлување на кожата: Ниацинамид
Состојки идентични со кожата: Глицерин, натриум хијалуронат, уреа, аргинин
Смирувачки: Екстракт од кора од Salix Alba (врба)
Намалете ги брчките, фините линии и лузните од акни со All In One Snail Repair Cream на познатиот корејски бренд MIZON. Со секојдневното користење ќе ги почувствувате фантастичните придобивки од мултифункционалната формула со висококонцентриран филтрат од слуз од полжав која ви овозможува целосна грижа како дел од рутината за нега на кожата.
Ја хидрира и штити кожата, помага да се изгубат фините линии, ги намалува лузните од акни, ја подобрува текстурата на кожата и го подобрува тенот.