1.060 ден 742 ден
Нема на залиха
За совршено мазен и свеж изглед на кожата користете го Satin Wear Healthy Green Cushion на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Тоа е функционален козметички производ со тројна функција:
Совршено ги покрива сите несовшености на кожата додека на кожата ѝ дава природен изглед со полу мат завршница со пригушен сатенски сјај.
Благодарение на бакучиолот кој го содржи овој крем, помага во намалување на брчките. Бакучиолот е природна и веганска алтернатива на ретинолот. Го забрзува метаболизмот на кожата и циклусот на обновување на клетките, ги репарира оштетувањата на кожата и го стимлулира создавањето на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Содржи 76% хидратантна есенција која ја одржува свежината на кожата во текот на целиот ден.
Благодарение на иновативниот трослоен систем за прилепување и прилагодување на кожата, составен од пигмент со сферични честички, филм и маслo, овој крем давa долготрајна покривност без бришење или згрутчување.
Дизајнот на кутивчето кај кое кремот се истиснува од контеинерот со притискање на копче, дозволува хигиенско чување и користење на производот.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
Mood Shower Eye Palette e палета на сенки за очи во 5 нијанси на корејскиот бренд 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔. Овие висококвалитетни долготрајни сенки ќе ви овозможат феноменален изглед како во дневна свежа комбинација така и во вашата вечерна свечена шминка.
𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 e бренд специјализиран за декоративна козметика со глитер, па она што прави поседна оваа палета на сенки е тоа што таа ги вклучува сите можни форми и текстури на глитер, почнувајќи од холографски парченца, растопливо желе, деликатна бисерна прав до совршено мазна светкава текстура.
На крај, но не помалку важно, производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.