-
Данини природен сапун со кафе 140g
250 денПриродниот рачно изработен сапун со кафе одговара на сите типови кожа. Тој има неверојатна формула за длабинско чистење на кожата. Кафето како додаток, има пилинг ефект, ја поттикнува циркулацијата и делува против целулит. Може да се користи за ексфолијација на кожата на лицето и телото. Есенцијалното масло од рузмарин ја релаксира и регенерира кожата, додека маслото од еукалиптус делува антисептично. -
Данини природен сапун со коприва 140g
250 денПриродниот рачно изработен сапун со коприва ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Погоден е за сите типови на кожа како и за миење на кратка коса. Благодарение на драгоцените состојки кои ги содржи копривата како што се флавоноидите, стеролите, хлорофилот, минералните соли, витаминот Ц, провитаминот А и други делотворни состојки, овој сапун ја зајакнува заштитата на кожата, ги намалува воспаленијата и црвенилото, делува антибактериски, го регулира создавањето на себумот, го стимулира растот на косата и го елиминира првутот. -
Данини природен сапун со минерални пигменти 140g
250 денПриродниот сапун со минерални пигменти е рачно правен сапун за нега погоден за сите видови на кожа. Овој сапун ја чисти и хидрира кожата без да ја наруши природната влажност. Тој го регулира лачењето на себумот, спречува појава на акни и мозолчиња. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално. -
Данини природен сапун со невен и мед 140g
250 денПриродниот рачно изработен сапун со невен и мед, одговара на сите типови кожа. Тој е ефикасен против различни воспалителни процеси и габични инфекции, ја тонира и чисти кожата. Медот длабински ги чисти порите ѝ дава виталност и ја хидрира кожата, додека невенот делува антисептично. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.