-
Facetheory CeraQuench Retinol Rich Cream 50ml
2.550 денOriginal price was: 2.550 ден.2.100 денCurrent price is: 2.100 ден.Овој богат навлажнувачки крем е идеален за нормална до сува кожа и е формулиран за да ја зголеми еластичноста и хидратацијата на кожата. Содржи церамиди, ретинол и витамин C кои обезбедуваат длабока нега и зацврстување на кожата.
- Главни придобивки:
- Хидрира длабински и долготрајно
- Зацврстува и ја подобрува еластичноста
- Потхранува и ја враќа свежината на кожата
- Погоден за:
- Сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа
- Таргетира:
- Брчки
- Безживотен тен
- Дехидрација
- Пигментација
- Нееднаква текстура
- Како да го користите: Нанесете го после серумите, но пред масла, како дел од вашата вечерна рутина.
- Клучни состојки:
- 2% Церамиди – природни липиди кои го обновуваат и зајакнуваат заштитниот слој на кожата, ја подобруваат хидратацијата и ја смируваат иритацијата
- Ретинол естер – за подобрување на текстурата и подмладување на кожата
- Масло од шипка – природно богат извор на витамин C, кој ја осветлува и ја изедначува кожата
- Главни придобивки:
-
Facetheory Glow-C Daily Moisturiser SPF 30 50ml
1.930 денOriginal price was: 1.930 ден.1.550 денCurrent price is: 1.550 ден.Glow-C Daily Moisturiser е пенаст навлажнувачки крем.
Овој крем ја рафинира и осветлува кожа додека ја заштитува од оштетување на UV зраците. Неговата нова, подобрена формула обезбедува поголема заштита од сонце, без да го менува луксузното чувство на шлаг.
Toa e уникатен крем со витамин C и SPF наменет за секојдневна употреба.Го прави лицето меко и хидрирано и без да остави бела трага.
Tinosorb® S, е патентирана состојка која обезбедува заштита од сонце со широк спектар (SPF 30+ и UVA). Докажано е дека има висока ефикасност и во мали концентрации. Дерматолозите препорачуваат да се користи заштитен фактор 30 секој ден.
Содржи 5% ниацинамид и витамин Ц со двојно дејство (натриум аскорбил фосфат и етил аскорбинска киселина) помагаат да се балансира тонот на кожата, да се намали црвенилото и да се минимизира големината на порите. Натриум аскорбил фосфатот се бори против бактериите кои предизвикуваат акни, помагајќи да се спречатакните и иритираната кожа.
-
Facetheory Peptide Firming Night Cream 50ml
2.350 денOriginal price was: 2.350 ден.2.280 денCurrent price is: 2.280 ден.Peptide Firming Night Cream – ноќен крем кој длабински ја храни и зацврстува кожата додека спиете. Овој уникатен крем со липо-пептиди и инкапсулиран мелатонин помага да се обнови, нахрани и зајакне кожата, значително намалувајќи ја појавата на фини линии и нееднаквост на тенот.
Главни придобивки:
- Зацврстува и ја обновува структурата на кожата
- Нахранува и хидрира длабински
- Поправа и го изедначува тенот
Погодно за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа. Идеално е за секој што сака да ја намали видливоста на знаците на стареење, дехидрација, пигментација и нерамномерен тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го после серумите, но пред маслата, како дел од вашата вечерна рутина.
Клучни состојки:
- Липо-пептиди – помагаат за зацврстување и обновување на кожата
- Мелатонин – ја поддржува природната регенерација и ги намалува знаците на умор и стареење
Подарете и’ на кожата интензивна ноќна нега со Peptide Firming Night Cream и разбудете се со свеж и затегнат тен!
-
Facetheory Retinol Firming Moisturiser 0.3% 50ml
2.650 денOriginal price was: 2.650 ден.2.120 денCurrent price is: 2.120 ден.Retinol Firming Moisturiser 0.3% – хидратантен крем со ретинол кој обезбедува подмладена, хидрирана и осветлена кожа! Овој крем содржи 0.3% ретинол за намалување на фините линии и неправилности, а истовремено со хијалуронска киселина и витамини C и E ја храни и освежува кожата.
Главни придобивки:
- Затегнува и ја подобрува текстурата на кожата
- Осветлува и го изедначува тенот
- Хидрира длабински и ја враќа свежината
Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа. Идеален за сите кои сакаат да ги намалат знаците на стареење, дехидрација, пигментација и нерамномерен тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го после серумите, но пред маслата, како дел од вашата вечерна рутина.
Клучни состојки:
- 0.3% Ретинол – ги намалува фините линии и брчки, го поттикнува производството на колаген и го забрзува обновувањето на кожните клетки, помагајќи да се намалат видливите знаци на фото-стареење.
- Хијалуронска киселина и витамини C и E – за интензивна хидратација и осветлување, кои ја прават кожата свежа и полна со живот.
Со Retinol Firming Moisturiser 0.3%, уживајте во подмладен и изедначен тен секоја вечер!
-
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser 50ml
1.580 денOriginal price was: 1.580 ден.1.490 денCurrent price is: 1.490 ден.Тоа е гел бомба исполнета со хидратација без масло, која осветлува и ги намалува порите. Мрсната Т-зона го најде својот противник.
Доколку имате мрсна или проблематична кожа, сигурно знаете дека не е лесно да се најде соодветен крем кој нема дополнително да ја влошува состојбата на кожата, туку напротив ќе делува на нејзино подобрување. Имаме добра вест, тука е навлажнувачки гел-крем без масла на 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 наменет за мрсна кожа и кожа склона кон акни.
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser
– е некомедоген
– безбеден е за фунгални акни
– не содржи масла
– не содржи силикони
– ги одржува чисти порите
– прави благ пилинг и ја подобрува текстуратаОвој гел-крем без масло ја хидрира кожата, а е доволно лесен за употреба на кожа со затнати пори и склона кон акни. Специјално е формулиран за мрсна кожа.
Ниацинамидот ја намалува големината на порите. Салицилна киселина го одзатнува порите без да предизвика иритација. Екстрактите од камилица, алое вера и зелен чај ја смируваат проблематичната кожа. Стабилизираниот витамин Ц ја осветлува кожата додека се бори против акните, напаѓајќи ги бактериите кои ги предизвикуваат.
▪️ Алое вера го прочистува вишокот на себум и ја смирува и хидрира кожата.
▪️ Екстрактот од камилица е моќен антиоксидант кој ја смирува уморната кожа. Содржи флавоноиди, вклучувајќи го кверцетинот и апегенинот.
▪️ Екстрактот од зелен чај содржи низа полифеноли, кои имаат докажано антиоксидантно дејство во заштита на кожата.
▪️ Хијалуронската киселина го заштитува водениот баланс на кожата со што ја помага апсорпцијата на активните состојки и ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана.
▪️ Млечната чиселина е алфа хидроксилна киселина (AHA) која помага во ексфолијација на кожата.
▪️ Салицилната киселина е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките и ја обновува површината на кожата.
▪️ Витаминот Ц е ефикасен антиоксидант кој помага во одбрана на кожата од слободните радикали и го намалува оштетувањето предизвикано од штетните влијанија од околината.
-
FAEBEY Facial Cream FRESHLY SMOOTH with Hyaluronic Acid and Matrixyl / 50ml
790 ден𝗙𝗥𝗘𝗦𝗛𝗟𝗬 𝗦𝗠𝗢𝗢𝗧𝗛 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој има висока хидратантна моќ благодарение на содржината на хијалуронска киселина, а матриксилот (Matrixyl) познат како „еликсир на вечната младост“ помага во зацврстување на кожата и намалување на знаците на стареење.
Го стимулира производството на колаген и еластин кои помагаат да се одржи цврстината на кожата и да се спречи нејзиното опуштање.
Има лесна текстура која остава кадифен допир и чувство на свежина на кожата.
ШТО Е MATRIXYL?
Матриксилот е комплекс од спектар на моќни биомиметички антиејџ пептиди кои го стимулираат производството на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина во кожата, кои помагаат во пополнување на фините линии и брчки природно од внатрешноста на кожата. Тестирањата на оваа состојка покажале видливи резултати само по 6 недели употреба и ја сврстуваат меѓу најефикасните состојки за борба против брчките.Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесувајте секојдневно по чистење на лицето, на лицето, вратот и деколтето. Масирајте нежно додека целосно не се апсорбира.
-
FAEBEY Facial Cream GLOW MAKER with Vitamin C and Argan Oil / 50ml
790 ден𝗚𝗟𝗢𝗪 𝗠𝗔𝗞𝗘𝗥 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој помага во подобрување на тенот и зацврстување на кожата, благодарение на формулата со витамин Ц и масло од арган.
𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗚𝗟𝗢𝗪 𝗠𝗔𝗞𝗘𝗥 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 а𝗻𝗱 𝗔𝗿𝗴𝗮𝗻 𝗢𝗶𝗹 има антиоксидантно, антиејџ и навлажнувачко дејство.
Има лесна текстура која остава кадифен допир и чувство на свежина на кожата. Има брзо впивачка формула која помага да се постигне блескав, сјаен и здрав тен. Тоа е крем за лице за секојдневна употреба наменет за сите типови на кожа.
Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
Маслото од арган е некомедогено масло богато со масни киселини. Има антиоксидантно и антивоспалително дејство. Интензивно ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесувајте секојдневно после чистење на лицето, на лицето, вратот и деколтето, нежно масирајќи додека целосно не се апсорбира.
-
FAEBEY Facial Cream PINK SHIELD with Retinol and Rose Cream / 50ml
790 ден𝗣𝗜𝗡𝗞 𝗦𝗛𝗜𝗘𝗟𝗗 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој има антиоксидантни и навлажнувачки својства и помага во регенерацијата на кожата и намалување на фините линии.
Формулата која комбинира ретинол со масло од шипка помага да се изедначи тонот на кожата, да се минимизираат порите и да се подобри тенот. Видливо ја подобрува состојбата на кожата оставајќи ја да изгледа свежа и здрава.
Има свилена и лесна текстура која е совршена за сите типови кожа.
Маслото од шипка е богато со активни состојки како витамините Ц, А, Б, Е и П, флавоноиди, амино киселини, каротеноиди и масни киселини како омега 3, 6 и 9, благодарение на кои има способност да ја навлажнува и храни кожата. Исто така ја ревитализира уморната кожа, ја зајакнува нејзината бариера, ја подмладува, ги намаува брчките и ја спречува појавата на нови.
Ретинолот е дериват на витаминот А. Toa e антиејџ состојка која го забрзува циклусот на обновување на клетките и со тоа ги намалува брчките, а кожата ја прави помазна, посјајна и со порамномерен тен.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесете секојдневно по чистење на лицето, на сува кожа на лицето, вратот и деколтето. Масирајте нежно додека целосно не се апсорбира.
-
FAEBEY Pearl White Eye Cream 30 ml
790 денFAEBEY Pearl White Eye Cream е крема за нега на пределот околу очите, наменета за хидратација, свежина и поизедначен изглед на кожата. Формулата со арбутин, транексамична киселина, пантенол и пептиди помага кожата околу очите да изгледа понегувана, помека и посвежа.
Придобивки:
- Ја хидрира и негува кожата околу очите
- Помага во поизедначен изглед на пределот околу очите
- Содржи арбутин и транексамична киселина
- Содржи пантенол и пептиди за дополнителна нега
- Помага кожата да изгледа посвежа и помека
- Погодна за секојдневна употреба
Начин на употреба: Нанесете мала количина на чиста кожа околу очите и нежно тапкајте со врвовите на прстите додека целосно не се впие. Користете наутро и навечер. Избегнувајте директен контакт со очи.
-
FAEBEY Pearl White Facial Cream SPF35 50 ml
950 денFAEBEY Pearl White Facial Cream SPF35 е крема за лице со заштитен фактор, наменета за дневна нега, хидратација и заштита на кожата. Формулата со ниацинамид, транексамична киселина, пантенол и SPF филтри помага кожата да изгледа понегувана, посвежа и поизедначена, додека ја штити од сончеви зраци.
Придобивки:
- Обезбедува SPF35 заштита од сонце
- Ја хидрира и негува кожата
- Содржи ниацинамид и транексамична киселина
- Помага во поизедначен изглед на тенот
- Ја прави кожата мека, свежа и негувана
- Погодна за дневна рутина
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина на чисто лице и врат како последен чекор од утринската рутина. Нежно распоредете додека целосно не се впие. Нанесете повторно во текот на денот доколку сте изложени на сонце.
-
FAU Centella Moisture Silky Cream 210g
2.190 денFAU Skin Solution Sun Cream е практичен сонцезаштитен крем со SPF50+ и PA+++, наменет за секојдневна заштита на кожата од штетното влијание на UVA и UVB зраците. Кремастата текстура рамномерно се нанесува и обезбедува природен ефект на изедначување и осветлување на тенот.
Формулата содржи титаниум диоксид и цинк оксид, кои помагаат во заштитата на кожата од сончевото зрачење. Ниацинамидот придонесува за порамномерен и посјаен изглед на тенот, додека аденозинот помага во подобрување на еластичноста и намалување на видливоста на фините линии. Алое верата обезбедува хидратантна и смирувачка нега.
Практичното пакување со вграден мек апликатор овозможува брзо, рамномерно и хигиенско нанесување, без директен контакт на производот со рацете. Погоден е за секојдневна употреба, патување и активности на отворено.
Придобивки:
- Обезбедува висока заштита со SPF50+ и PA+++
- Помага во заштита од UVA и UVB зраците
- Обезбедува природен ефект на изедначување на тенот
- Ја хидрира и смирува кожата
- Придонесува за посјаен и порамномерен изглед
- Помага во подобрување на еластичноста на кожата
- Има практичен вграден апликатор
- Овозможува брзо и рамномерно нанесување
- Погоден е за секојдневна употреба и активности на отворено
Начин на употреба:
По завршувањето на утринската рутина, свртете го долниот дел од пакувањето во насока на стрелката за производот да излезе на апликаторот. Нанесете рамномерно на лицето, вратот и другите делови изложени на сонце.
Нанесете го кремот 15 до 20 минути пред изложување на сонце. Повторувајте го нанесувањето на секои два часа, како и по потење, пливање или бришење со крпа.
-
FAU Core Intensive Derma Care Balm 25g
1.290 денFAU Core Intensive Derma Care Balm е интензивен третман во форма на стик, дизајниран за брза регенерација и длабинска нега на екстремно сувата и чувствителна кожа. Благодарение на неговиот практичен дизајн, овој балсам овозможува хигиенско и прецизно нанесување на сите критични зони на лицето и телото каде што кожата е груба, испукана или ја изгубила својата виталност.
Формулата се базира на комплекс од аминокиселини и хранливи масла кои создаваат свиленкаст заштитен слој на површината на кожата. Овој слој не само што ја заклучува влагата, туку и ја штити бариерата од надворешни влијанија како студ, ветер или сув воздух во затворени простории, оставајќи ја кожата еластична и обновена.
Она што го прави овој производ навистина моќен е вклучувањето на Acetyl Hexapeptide-8, познат аргирелин, уште наречен „ботокс пептид“. Оваа состојка помага во релаксација на микро-контракциите на кожата, што го прави балсамот одличен сојузник во борбата против брчките и фините линии, особено во пределот околу очите и усните.
Балсамот е збогатен и со ниацинамид, аденозин и пептиден комплекс кои заеднички делуваат на враќање на волуменот и измазнување на текстурата.
Покрај за лицето, тој е идеален како „прва помош“ за суви лакти, колена или како интензивна нега за испукани усни и кожата околу нив, каде што брзо ги смирува иритациите и поттикнува заздравување.
Кога да го користите овој мултифункционален стик?
- Идеален е за смирување и пополнување на испуканата кожа на лицето, и како итна помош при иритација.
- Помага како зимска и летна заштита за кожа изложена на сув воздух од греење или оштетувања од сонце.
- Се користи за специјална нега за зони со груба кожа како лакти и колена за интензивна регенерација и омекнување.
- Може да се користи како балсам за усни. Делува како супериорен балсам за многу испукани усни и заздравување на болните пукнатини во аглите на усните.
Клучни придобивки:
- Пружа моментално навлажнување и го елиминира чувството на затегнатост веднаш по нанесувањето.
- Длабински ја обновува кожата. Аминокиселините и пептидите ја враќаат цврстината и еластичноста.
- Ја обновува заштитната бариера и формира штит против ветер, студ и иританти.
- Има лесен механизам на извлекување (како кармин) кој спречува контаминација.
- Има пренослив дизајн кој совршено се вклопува во секоја чанта или несесер.
Начин на употреба: Свртете го долниот дел од стикот за да излезе балсамот. Нанесете го директно на сувите или иритирани делови од кожата (лице, усни, лакти, раце). Масирајте нежно доколку е потребно за подобро впивање. Може да се нанесува повеќе пати во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате потреба од инстант олеснување.
-
FAU Core Intensive Rich Cream 100g
1.999 денULTIMATE LIFT & GLOW, FAU Core Intensive Rich Cream, е супер моќен крем против брчки и за лифтинг на кожата. Тоа е богат крем со висока концентрација пептиди и фактори на раст за волумен и антиејџ дејство.
Интензивна нега за блескава и младешка кожа –
Овој високо концентриран крем има густа, еластична текстура како крем сирење, збогатена со 60% хидратантна вода од цвет од горчлив портокал и 5 вида хијалуронска киселина за интензивна хидратација.Премиум формула за регенерација и лифтинг на кожата –
Содржи 5GF (комплекс на фактори на раст) и 5 анти-ејџинг пептиди, кои ја стимулираат обновата на клетките, го подобруваат волуменот на кожата и ја враќаат нејзината еластичност.Комплетна поддршка за младешки изглед –
Со 17 есенцијални аминокиселини, овој крем длабински ја храни кожата, ја измазнува текстурата и ѝ дава свеж, младешки изглед.Моќна формула против брчки и губење на волуменот –
Благодарение на аденозинот и ниацинамидот, кремот ја зацврстува кожата, ги намалува видливите линии и брчки и ја осветлува нејзината природна боја.Резултат? Совршено нахранета, затегната и светла кожа со неодолив младешки сјај.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По нанесување на основната нега за кожа, земете соодветна количина и нежно масирајте со врвовите на прстите додека целосно не се впие.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Citrus Aurantium Amara (Bitter Orange) Flower Water
- 5GF (фактори на раст) комплекс
- 5PEP (пептиден) комплекс
- 17 есенцијални аминокиселини
- 5 вида хијалуронска киселина
- Аденозин, Ниацинамид
Дозволете си врвна луксузна нега и почувствувајте како вашата кожа станува поцврста, посветла и помлада со секојдневна употреба.
-
FAU Shiny Pumpkin Cera Repair Cream 100g
2.357 денFAU Shiny Pumpkin Cera Repair Cream за моќно обновување на кожата, нејзино зацврстување и намалување на брчките.
Овој високоефикасен крем со двојна функција ја зајакнува заштитната бариера на кожата благодарение на 5-церамидниот комплекс, додека истовремено ја подобрува густината и еластичноста на опуштената кожа. Неговата богата формула продира длабоко, обезбедувајќи интензивна хидратација и регенерација, што резултира со поцврста, поотпорна и визуелно подмладена кожа.
Најважни придобивки:
- Ја обновува и зајакнува кожната бариера
- Ја подобрува густината и еластичноста на кожата
- Го намалува видливиот замор и знаците на стареење
- Обезбедува длабинска хидратација и мазен, негуван изглед
Како се користи:
Во последниот чекор од рутината за нега на кожа, нанесете соодветна количина на лицето и нежно масирајте со врвовите на прстите за подобра апсорпција.Клучни состојки:
Ниацинамид за осветлување и изедначување на тенот, 5-церамиден комплекс (Ceramide NP, NS, AS, AP, EOP) за зајакнување на кожната бариера, екстракт од тиква (1,000ppm) богат со антиоксиданси за регенерација, екстракт од женшен за подмладување, екстракт од еукалиптусови листови за смирување, аденозин за намалување на брчките, пантенол и хијалуронска киселина за длабинска хидратација и мекост.Совршен избор за секој што сака видливо поздрава, поцврста и подмладена кожа.
-
FAU Shiny Pumpkin Cream 100ml
1.648 денFAU Shiny Pumpkin Cream е регенеративен крем со 72% екстракт од тиква, EGF и аминокиселини.
Тоа е луксузен, мултифункционален хранлив крем дизајниран за длабинска хидратација, обнова и зацврстување на кожата. Неговата богата, кремаста текстура лесно се апсорбира, создавајќи заштитна бариера која ја заклучува влагата и ги испорачува активните состојки директно во клетките.
Со неверојатна база од 72% екстракт од тиква, овој крем е вистинска „нутритивна бомба“ која ја враќа виталноста на уморната и оштетена кожа. Моќта на екстрактот од пепо тиква лежи во неговата моќна концентрација на природни ензими и витамини (А, Ц и Е), кои делуваат како био-стимулатор за кожата, нудејќи истовремено нежна ексфолијација, длабинска исхрана и забрзана регенерација. Овој екстракт е богат со цинк и есенцијални масни киселини кои го контролираат себумот, го смируваат воспалението и ја зајакнуваат заштитната бариера, правејќи го лицето видливо посветло, поцврсто и со карактеристичен „glass-skin“ сјај.
Овој крем е специјално препорачан за нега по професионални пилинзи или естетски третмани, бидејќи содржи EGF (Епидермален фактор на раст) кој ја забрзува регенерацијата на ткивото.
Формулата е збогатена со 17 есенцијални аминокиселини и ниацинамид, кои работат во синергија за подобрување на еластичноста, изедначување на тенот и враќање на природниот сјај. Благодарение на комбинацијата од церамиди, сквалан и ши путер, кожата станува исклучително мека, нахранета и заштитена од надворешни влијанија. Ова е трикратно функционален крем кој истовремено хидрира, делува на намалување на брчките и го осветлува тенот.
Клучни придобивки:
- Содржи висока концентрација на екстракт од пепо тиква (72%) кој е природен извор на витамини и минерали за интензивна исхрана.
- Благодарение на EGF (фактор на епидермален раст) ефикасни стимулира регенерација на кожата. Го стимулира растот на нови клетки и ја поправа оштетената кожа.
- Комплексот од аминокиселини ја зацврстува структурата на кожата и ја враќа еластичноста.
- Ја обновува бариерата на кожата. Церамидите и природните масла (маслиново и ши) спречуваат дехидрација.
- Има моќно антиејџ дејство. Содржи пептиди и аденозин за измазнување на брчките и ниацинамид за свеж изглед.
Моќни состојки за здрава кожа:
- Екстрактот од пепо тиква (72%) е основна состојка за ревитализација и здрав сјај.
- 17-те Аминокиселини се градежни блокови кои ја обновуваат и зајакнуваат кожата.
- sh-Oligopeptide-1 (EGF) е фактор на раст кој помага во обновување на епидермисот.
- Ceramide NP и скваланот ја обновуваат липидната бариера и даваат свиленкаста мекост.
- Хијалуронската киселина алоето обезбедуваат долготрајна хидратација и смирување.
- Аденозинот, пептидите и ниацинамидот се ефикасни состојки за борба против стареењето и пигментацијата.
Начин на употреба: Како последен чекор од вашата основна рутина за нега, нанесете соодветна количина од кремот на лицето. Нежно масирајте со врвовите на прстите додека целосно не се впие. Идеален е за утринска и вечерна употреба, особено во периоди кога на кожата и е потребна дополнителна заштита и исхрана.
- Содржи висока концентрација на екстракт од пепо тиква (72%) кој е природен извор на витамини и минерали за интензивна исхрана.