-
MIZON Placenta Ampoule Cream 50ml
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.251 денCurrent price is: 1.251 ден. -
MIZON S-Venom Wrinkle Tox Cream 50ml
1.790 денMIZON S-Venom Wrinkle Tox Cream е еден од најмоќните креми против брчки на пазарот.
Овој крем е одлична алтернатива на ботоксот и е наменет за сите оние кои сакаат без боцкање да постигнат видливи резултати во намалување на брчките. За разлика од ботоксот кој ги парализира мускулите, овој крем ги опушта мускулите со што не се губи експресивноста на лицето.Содржи 4% SYN®-AKE, патентиран пептид кој има способност да ги опушта мускулите на лицето и видливо да ги измазни длабоките брчки и фините линии што е посебно видливо кај брчките помеѓу веѓите и околу очите.SYN®-AKE e синтетизиран трипептид кој има слично дејство како Waglerin 1, пептид кој го содржи отровот на змијата Tropidolaemus wagleri. Пептидот SSYN®-AKE делува така што ја намалува контракцијата на мускулните клетки, ги измазнува мимичките брчки за краток период. Се користи за измазнување на постоечките брчки, или за превенција на појава на брчки.БЕНЕФИТ:- Мускулна релаксација – SYN®-AKE делува како мускулен релаксант, спречувајќи прекумерни движења на мускулите на лицето и формирање на мимични брчки.
- Зајакнување на колагенот: SYN®-AKE исто така го стимулира создавањето на колаген, придонесувајќи за подобрување на еластичноста и цврстината на кожата.
- Брзи резултати – Корисниците често забележуваат видливи подобрувања за релативно краток период, што го прави SYN®-AKE атрактивна опција за оние кои бараат решенија против стареење со брзо дејство.
Кремот исто така е богат со навлажнувачки и хидратантни состојки како шиа путер, хијалуронска киселина, бета-глукан и др. за комплетна нега на кожата. -
MIZON Snail Miniature Set
1.879 денOriginal price was: 1.879 ден.1.431 денCurrent price is: 1.431 ден.Сет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.
-
Mizon Snail Recovery Gel Cream
890 денSnail Recovery gel cream е лесен тип на гел крем кој помага во негување на кожата. Во својот состав содржи концентриран екстракт од секрет од полжав (80%) кој помага во санирањето на проблеми со кожата, преку намалување на лузни од акни, темни дамки и фини линии.
-
Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment 50ml
2.100 денOndo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment e моќен антиејџ крем.
Надградете ја вашата рутина за нега на кожа со Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment, луксузен крем специјално формулиран за лице, врат и деколте. Овој напреден третман ефикасно се справува со хидратацијата, еластичноста, фините линии и хиперпигментацијата и обезбедува младешки и свеж изглед на кожата.
Клучни придобивки:
- Ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата. Збогатен е со 2% пептиден комплекс кој го поттикнува производството на колаген и еластина.
- Содржи 0.05% ретинол, познат по својата способност да го обновува колагенот и да ја мазни кожата.
- Пружа интензивно навлажнување благодарение на 3% шиа путери ја остава кожата мека и нахранета.
- Го изедначува тенот благодарение на комбинацијата од ниацинамид и екстракт од женшен. Ја осветлува кожата и ги намалува темните дамки.
- Пружа антиоксидантна заштита. Екстрактот од женшен ја штити кожата од слободните радикали и надворешните штетни влијанија.
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од кремот на чисто лице, врат и деколте како дел од вечерната рутина. Користете го 1-2 пати неделно и постепено зголемувајте ја фреквенцијата додека кожата не се адаптира. Потоа може да го користите секоја вечер.
- Совет за заштита од сонце: Поради содржината на ретинол, задолжително нанесете заштита од сонце во текот на денот за да ја заштитите кожата од UV зраците.
- Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment?
- Пружа сеопфатна антиејџ нега бидејќи е дизајниран да се справи со сите аспекти на стареењето, од дехидрација и недостаток на еластичност до хиперпигментација и брчки.
- Нежен е за кожата, дерматолошки тестиран и погоден за чувствителна кожа.
- Направен е од природни состојки, со минимално присуство на мириси. Формулата е базирана на есенцијални масла за пријатно искуство.
Состојки што прават разлика:
• Ретинолот (0.05%) ја стимулира регенерацијата на клетките и го подобрува изгледот на кожата.
• Пептидниот комплекс (2%) ги намалува видливите знаци на стареење и ги измазнува брчките и фините линии.
• Ниацинамидот го изедначува тенот и ја зајакнува кожната бариера.
• Екстракт од женшен е природен антиоксидант што ја заштитува кожата од оштетувања.Совет за складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Откријте ја тајната на младешката кожа со антиејџ негата со Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment.
-
Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack 80ml
1.690 денOndo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack е нежна ноќна маска за ревитализација на кожата во текот на ноќта додека спиете.
Откријте ја моќта на Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack, револуционерна ноќна маска со гел текстура, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ги намалува знаците на стареење. Ваша кожа ќе биде сочна, мазна и освежена уште од првото утро. Инспирирана од JJon-JJon, корејски термин што опишува цврста и мазна кожа, маската ја враќа природната еластичност и полност на кожата.
Клучни придобивки:
- Пружа анти-ејџ нега. Збогатена со бакучиол, природна и веганска алтернатива на ретинол, оваа ноќна маска ја намалува појавата на брчки и фини линии без иритација.
- Длабински ја хидрира кожата. Со пет пати поголема концентрација на хијалуронска киселина, маската обезбедува интензивна хидратација за здрава, сјајна кожа.
- Дава антиоксидантна заштита. Витамините Е и Ц ја штитат кожата од оксидативен стрес и ја ревитализираат кожата.
- Безбедна е за сите типови кожа бидејќи има нежна формула која е погодна за чувствителна кожа и безбедна за употреба за време на бременоста.
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чисто и суво лице како последен чекор од вашата вечерна рутина.
Оставете ја маската да делува преку ноќ – нема потреба од миење. Исплакнете го лицето наутро и уживајте во ревитализираниот изглед.Совет: Користете ја маската 2-3 пати неделно или по потреба за дополнителна хидратација и нега.
Совет за дополнителен ефект: Чувајте ја маската во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack?
- Направена е од природни состојки. Бакучиолот е нежна и ефикасна замена за ретинолот која помага во намалување на брчките и неправилностите, а скваланот ја зајакнува кожната бариера.
- Пружа искуство на луксуз. Желатинската текстура на маската лесно се нанесува, создавајќи чувство на луксузна нега.
- Има мултифункционална формула наменета за хидратација, заштита и ревитализација на кожата, сè во еден производ.
- Производот е cruelty free и веган. Тоа е производ кое е пријателски со вашата кожа и планетата.
Клучни состојки:
• Бакучиолот е природна анти-ејџ состојка која ја стимулира регенерацијата на клетките.
• Хијалуронската киселина е моќна хидратантна состојка кој ја задржува влагата и ја измазнува кожата.
• Скваланот го зајакнува заштитниот слој на кожата и ја подобрува текстурата.
• Витамините Е и Ц обезбедуваат антиоксидантна заштита и изедначен тен.Препуштете ѝ се на ревитализирачката нега со Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack.
-
Ondo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment 30ml
1.490 денOndo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment е крем кој дава решение за темни дамки и хиперпигментација.
Со него ќе постигнете изедначен и блескав тен, бидејќи е специјално формулиран за третман за темни дамки и хиперпигментација. Оваа напредна формула, збогатена со моќни состојки кои се борат со хиперпигментацијата, ефикасно таргетира старечките флеки, флеките од акни или прекумерна изложеност на сонце.
Клучни придобивки:
- Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на 2.2% трансексаминска киселина, која го регулира производството на меланин и спречува развој на нови дамки.
- Ја осветлува кожата со комбинацијата од 3.8% ниацинамид и 3.5% арбутин и помага во намалување на темните дамки.
- Ја смирува кожата со 0.5% бисаболол и екстракт од сладок корен и го намалува воспалението.
- Има мултифункционална примена. Идеален е за лице, врат, деколте и дланки, дури и г зарб и раце.
- Има лесна текстура на емулзија која лесно се апсорбира и е совршен за мрсна и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Може да сее траргетираат специфични делови на кожата. Се нанесува мала количина директно на темните дамки или хиперпигментираните зони. По потреба, може да се нанесе на целото лице или други засегнати делови од телото. За најдобри резултати, се користи два пати дневно, наутро и навечер.
Совет за заштита од сонце: Во текот на денот, задолжително користете крем со заштитен фактор (SPF) за да спречите дополнителни оштетувања на кожата.
Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment?
- Моќната формула со 10% активни состојки кои се борат со хиперпигментацијата, овој третман ги таргетира сите фази на создавање на темните дамки.
- Безбеден е за употреба. Има формула која е компатибилна со повеќето други производи за нега на кожа.
- Направен е од природни состојки. Екстрактот од сладок корен и бисабололот ја штитат и ја смируваат кожата.
- Вегански е и cruelty free, без штетни состојки за човекот и околината.
Состојки што прават разлика
• Трансексамичната киселина (2.2%) ја намалува хипер пигментацијата и спречува појава на нови темни дамки.
• Ниацинамидот (3.8%) ја осветлува кожата и го зајакнува нејзиниот бариерен слој.
• Арбутинот (3.5%) е природна состојка која делува на намалување на хиперпигментацијата и осветлување на тенот.
• Бисабололот (0.5%) го смирува воспалението и ја намалува иритацијата.
• Екстрактот од сладок корен е антиоксидант кој го изедначува тенот на кожата.Совет за складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате неговата ефикасност.
Откријте ја моќта на Tranexamic Acid & Licorice Dark Spot Treatment од Ondo Beauty 36.5 и постигнете изедначен и младешки изглед на вашата кожа.
-
Pyunkang Yul Calming Moisture Repair Balm 30ml
1.080 денOriginal price was: 1.080 ден.707 денCurrent price is: 707 ден. -
Pyunkang Yul Moisture Cream 100ml
1.774 денOriginal price was: 1.774 ден.1.508 денCurrent price is: 1.508 ден. -
Sioris Deep In a Barrier Cream 50ml
1.860 денDeep In a Barrier Cream на корејскиот бренд Sioris е крем со светло зелена кремаста текстура кој помага во обновување на бариерата на кожата. Во неговиот состав се наоѓа маслото од таману и шеа путерот, идеална формулација на состојки кои помагаат во балансирање и смирување на сувата, иритирана кожа, без чувство на маснотија.
Маслото од Таману има длабок и изразен медицински мирис кој потсетува малку на орев. Sioris е бренд кој никогаш не користи вештачки мириси во нивните производи, така што овој мирис е природен, а производот вегански.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот на лицето и нежно тапкајте со дланките за подобра апсорпција.
-
Sioris Enriched By Nature Cream 50ml
1.990 денСо ефект на измазнување и зајакнување на кожата, Enriched By Nature Cream на корејскиот бренд Sioris, крем со мека, брзо апсорбирачка налик на путер текстура, користи уникатна мешавина од хранливи состојки за да формира заштитен слој и да го зголеми задржувањето на хидратацијата. Органскиот шеа путер (8%) ја хидрира кожата со богата концентрација на антиоксиданти, меѓу кои Витамин Е и каротин, додека природно светлата комбинација од Алфа-бисаболол и екстракт од цвет од Rosa multiflora го дава ефектот на светла и сјајна кожа со изедначен тон.
Маслото од семе од златната Adansonia digitata извлечено од дрвото баобаб, додава дополнителни витамини А, Д, Е и Ф во овој комплекс за измазнување на грубата кожа. Органската вода од зелен чај (28,5%), дополнително ја хидрира и смирува секоја иритација.
Природните есенцијални масла кои се доволно нежни за чувствителна кожа, обезбедуваат лесен цветен мирис. Ова е 100% природен производ, формулиран без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии, од овластено органско производство од COSMetics Organic and Natural Standard Certification.
Овој крем е совршен за сува или зрела кожа, идеален и за оние со многу чувствителна, иритирана кожа.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот и масирајте на лицето и вратот со дланките за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Cream 30ml
668 денSkin1004 Centella Cream е лесен хидратантен крем за чувствителна кожа. Тоа е лесен, но интензивно хранлив крем дизајниран да ја смири, навлажни и зајакне кожата. Благодарение на комбинацијата на пантенол и TECA комплекс (madecassoside, asiaticoside, madecassic acid и asiatic acid), кремата делува на повеќе нивоа за да обезбеди долготрајна хидратација и заштита.
Формулирана со oil-in-water gel технологија, оваа крема создава совршен баланс помеѓу масло и вода, што овозможува длабока и долготрајна хидратација без чувство на тежина или лепливост. Природниот мирис и нежната текстура ја прават идеална за секојдневна употреба, дури и кај чувствителна кожа.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica, која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Ја смирува иритираната кожа и го намалува на црвенилото.
- Пружа длабинска и трајна хидратација благодарение на oil-in-water gel технологијата.
- Формира заштитен хидратантен слој со сквален и екстракт од центела.
- Има осветлувачко и антиејџ дејство за почиста и поеластична кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella asiatica е богат со антиоксиданти, ја смирува и ја обновува кожата.
- Panthenol ја навлажнува и смирува осетливата кожа.
- TECA комплексот е комбинација од активни состојки од центела што делуваат на обновување и зајакнување на бариерата.
- Скваленот го спречува губењето на влага и ја омекнува кожата.
За кого е наменета?
Оваа крема е особено погодна за нормална и чувствителна кожа, која бара балансирана и лесна, но ефикасна хидратација.
Начин на употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанеси умерена количина на кремата на лицето и нежно масирај додека целосно не се апсорбира. Може да се користи и наутро и навечер како последен чекор во рутината за нега.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Cream 75ml
1.494 денSkin1004 Centella Cream е лесен хидратантен крем за чувствителна кожа. Тоа е лесен, но интензивно хранлив крем дизајниран да ја смири, навлажни и зајакне кожата. Благодарение на комбинацијата на пантенол и TECA комплекс (madecassoside, asiaticoside, madecassic acid и asiatic acid), кремата делува на повеќе нивоа за да обезбеди долготрајна хидратација и заштита.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулирана со oil-in-water gel технологија, оваа крема создава совршен баланс помеѓу масло и вода, што овозможува длабока и долготрајна хидратација без чувство на тежина или лепливост. Природниот мирис и нежната текстура ја прават идеална за секојдневна употреба, дури и кај чувствителна кожа.
Придобивки:
- Ја смирува иритираната кожа и го намалува на црвенилото.
- Пружа длабинска и трајна хидратација благодарение на oil-in-water gel технологијата.
- Формира заштитен хидратантен слој со сквален и екстракт од центела.
- Има осветлувачко и антиејџ дејство за почиста и поеластична кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella asiatica е богат со антиоксиданти, ја смирува и ја обновува кожата.
- Panthenol ја навлажнува и смирува осетливата кожа.
- TECA комплексот е комбинација од активни состојки од центела што делуваат на обновување и зајакнување на бариерата.
- Скваленот го спречува губењето на влага и ја омекнува кожата.
За кого е наменета?
Оваа крема е особено погодна за нормална и чувствителна кожа, која бара балансирана и лесна, но ефикасна хидратација.
Начин на употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанеси умерена количина на кремата на лицето и нежно масирај додека целосно не се апсорбира. Може да се користи и наутро и навечер како последен чекор во рутината за нега.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Moisture Cream 75ml
1.392 денSKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Moisture Cream е лесен, но моќен хидратантен крем кој е дизајниран да обезбеди длабинска хидратација на кожата што трае до 100 часа. Овој корејски хидратантен крем ја користи синергијата на Hyalu-Cica формулата – комбинација од Centella Asiatica од Мадагаскар за смирување и моќна хијалуронска киселина за хидратација. Кремот има средно лесна текстура која лесно се апсорбира во кожата, оставајќи воздушен и хидратантен финиш без никаква лепливост или чувство на тежина.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучна посебност на оваа формула е присуството на нискомолекуларен фито колаген (Hydrolyzed Collagen), добиен од растителни извори. Овој растителен колаген лесно се апсорбира, ја одржува и ја зголемува еластичноста на кожата, надополнувајќи ги сите недостатоци на корисни елементи. Комбиниран со 5 типа на хијалуронска киселина, кремот интензивно ја хидрира кожата на сите нивоа и ја зајакнува нејзината природна бариера.
Хијалуронската киселина е застапена со 5 различни молекуларни тежини, што обезбедува повеќеслојна и подлабока хидратација на кожата. Оваа иновативна комбинација им овозможува на молекулите да делуваат на сите нивоа, од површината до длабоките слоеви на дермисот. Поголемите молекули формираат хидратантна бариера на површината, спречувајќи го губењето на влажност, додека помалите, ниско-молекуларни форми продираат во подлабоките слоеви за да ја пополнат и хидрираат кожата одвнатре. Со тоа се постигнува долготрајна хидртација на сите слоеви на кожата, кожата е визуелно пополна, поеластична и заштитена од дехидратација.
Овој крем е идеален за нормална, сува и чувствителна кожа, како и за комбинирана кожа која бара долготрајна хидратација без масен остаток. Тој е совршен за оние кои сакаат да ја намалат иритацијата, да ја зајакнат бариерата и да постигнат помека, пополна и еластична кожа.
Клучни придобивки:
- Обезбедува длабинска хидратација која трае до 100 часа.
- Ја подобрува еластичноста и ја зацврстува кожата со фито колаген.
- Има интензивно смирувачко дејство за чувствителна кожа.
- Зајакнувачки ефект врз заштитната бариера на кожата.
- Лесна, нелеплива текстура идеална за секојдневна употреба.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract (5,200 ppm) е чиста центела од Мадагаскар која интензивно ја смирува и ја балансира кожата.
- Hydrolyzed Collagen е нискомолекуларен фито колаген добиен од растителни извори кој лесно се апсорбира, ја зголемува еластичноста и ја одржува цврстината на кожата.
- 5-Layer Hyaluronic Acid е комплекс од 5 типа на хијалуронска киселина кои обезбедуваат повеќеслојна хидратација и долготрајно задржување на влагата.
- Ниацинамидот и аденозинот се функционални состојки кои делуваат на осветлување на тенот и намалување на знаците на стареење.
- Sedum Sarmentosum Extract е екстракт кој помага во задржување на влагата во кожата.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на исчистеното лице и вратот како последен чекор од рутината за нега. Нежно масирајте додека не се апсорбира целосно. Користете го наутро и навечер.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 100ml
1.228 денSKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 100ml е ноќна маска за хидратација и регенерација на кожата додека спиете.
Тоа е ноќна маска во вид на ноќен крем со лесна, ладна гел текстура која е дизајнирана да ја подмлади, хидрира и смири кожата во текот на ноќта.
Оваа корејска ноќна маска ја користи моќната Hyalu-Cica (центела и хијалуронска киселина) комбинација, вода од лист од азиска центела од Мадагаскар за смирувачка нега и три вида хијалуронска киселина за длабока, долготрајна хидратација. Наутро, кожата е мека, одморена и полна со здрав сјај. Особеноста на оваа формула лежи во додавањето на мелатонин, моќен антиоксиданс кој природно се ослободува во текот на ноќта.Мелатонинот го подобрува обновувањето на кожата, ги намалува знаците на замор и делува анти-ејџ на кожните клетки. Заедно со нано-церамидите (Ceramide NP), кои длабоко се апсорбираат, маската интензивно ја зајакнува бариерата на кожата, ја штити од дехидратација и помага во изедначување на тенот. Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ноќна маска (Sleeping Pack) е идеален за сите типови кожа, а особено за сува, дехидрирана, уморна и чувствителна кожа која има потреба од ревитализација и регенерација.
Маската може да се чува во фрижидер пред употреба за засилен ефект на ладење и смирување на кожата. Клучни придобивки:
- Ја подмладува и ревитализира кожата преку ноќ за сјаен финиш.
- Го смирува црвенилото и ја намалува чувствителноста со Centella Asiatica.
- Обезбедува длабинска, долготрајна хидратација и спречува губање на влажноста.
- Содржи мелатонин кој делува антиоксидантно, анти-ејџ и го подобрува тонот.
- Ја зајакнува кожната бариера со нано-церамиди.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Leaf Water (408,864 ppm) е хидролат од центела од Мадагаскар кој е главна база на ноќната маска наместо вода и обезбедува интензивно смирување и нега.
- Хијалуронската киселина е застапена со 3 типа, со различна молекуларна тежина, во комплекс кој обезбедува повеќеслојна хидратација и долготрајно задржување на влагата.
- Мелатонинот е моќен ноќен антиоксиданс кој го поддржува обновувањето на кожата, го намалува заморот и има анти-ејџ ефект.
- Ceramide NP е церамид со нано-големина што помага полесно да навлезе во кожата со што ја зајакнува кожната бариера, обезбедува еластичност и задржување на влагата.
- Ниацинамидот е функционална состојка која работи на осветлување на тенот и подобрување на текстурата на кожата.
- Екстракти од круша (Pyrus Communis) и диња (Cucumis Melo) ја хранат, смируваат и ја враќаат виталноста на кожата.
Начин на употреба: Навечер, како последен чекор од вашата основна рутина за нега на кожата (по чистење, тонирање и серум), нанесете обилна количина од маската рамномерно на лицето и вратот. Не е потребно плакнење. Оставете ја маската да дејствува преку ноќ и исплакнете го лицето наутро.
- Ја подмладува и ревитализира кожата преку ноќ за сјаен финиш.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 30ml
512 денSKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 100ml е ноќна маска за хидратација и регенерација на кожата додека спиете.
Тоа е ноќна маска во вид на ноќен крем со лесна, ладна гел текстура која е дизајнирана да ја подмлади, хидрира и смири кожата во текот на ноќта. Оваа корејска ноќна маска ја користи моќната Hyalu-Cica (центела и хијалуронска киселина) комбинација, вода од лист од азиска центела од Мадагаскар за смирувачка нега и три вида хијалуронска киселина за длабока, долготрајна хидратација. Наутро, кожата е мека, одморена и полна со здрав сјај.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Особеноста на оваа формула лежи во додавањето на мелатонин, моќен антиоксиданс кој природно се ослободува во текот на ноќта. Мелатонинот го подобрува обновувањето на кожата, ги намалува знаците на замор и делува анти-ејџ на кожните клетки. Заедно со нано-церамидите (Ceramide NP), кои длабоко се апсорбираат, маската интензивно ја зајакнува бариерата на кожата, ја штити од дехидратација и помага во изедначување на тенот.
Оваа ноќна маска (Sleeping Pack) е идеален за сите типови кожа, а особено за сува, дехидрирана, уморна и чувствителна кожа која има потреба од ревитализација и регенерација. Маската може да се чува во фрижидер пред употреба за засилен ефект на ладење и смирување на кожата.
Клучни придобивки:
- Ја подмладува и ревитализира кожата преку ноќ за сјаен финиш.
- Го смирува црвенилото и ја намалува чувствителноста со Centella Asiatica.
- Обезбедува длабинска, долготрајна хидратација и спречува губање на влажноста.
- Содржи мелатонин кој делува антиоксидантно, анти-ејџ и го подобрува тонот.
- Ја зајакнува кожната бариера со нано-церамиди.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Leaf Water (408,864 ppm) е хидролат од центела од Мадагаскар кој е главна база на ноќната маска наместо вода и обезбедува интензивно смирување и нега.
- Хијалуронската киселина е застапена со 3 типа, со различна молекуларна тежина, во комплекс кој обезбедува повеќеслојна хидратација и долготрајно задржување на влагата.
- Мелатонинот е моќен ноќен антиоксиданс кој го поддржува обновувањето на кожата, го намалува заморот и има анти-ејџ ефект.
- Ceramide NP е церамид со нано-големина што помага полесно да навлезе во кожата со што ја зајакнува кожната бариера, обезбедува еластичност и задржување на влагата.
- Ниацинамидот е функционална состојка која работи на осветлување на тенот и подобрување на текстурата на кожата.
- Екстракти од круша (Pyrus Communis) и диња (Cucumis Melo) ја хранат, смируваат и ја враќаат виталноста на кожата.
Начин на употреба: Навечер, како последен чекор од вашата основна рутина за нега на кожата (по чистење, тонирање и серум), нанесете обилна количина од маската рамномерно на лицето и вратот. Не е потребно плакнење. Оставете ја маската да дејствува преку ноќ и исплакнете го лицето наутро.