-
BEARDBURYS Essentials All in One Shampoo (moisturizing shampoo and body gel) 250ml
729 денAll In One – Шампон, регенератор и гел за туширање
All In One е мултифункционален производ кој комбинира шампон, регенератор и гел за туширање. Совршен за мажи со динамичен животен стил, овој производ овозможува брза и ефикасна нега на косата и кожата.
Клучни предности:
- Чисти, хидрира и обновува косата и кожата во еден чекор.
- Формулата со алое вера и мајчина душица обезбедува нежна, но ефективна нега.
- Идеален за теретана, патувања или секојдневна употреба.
Идеален за:
Мажи кои бараат практично решение за својата рутина за нега.Како да се користи:
Нанесете на косата и кожата, масирајте и исплакнете со вода.Заштедете време и постигнете совршена нега со All In One!
-
Benton Hanji Body Wash Towel
570 денУживајте во вашата мека и чиста кожа по освежувачкиот туш со пешкирот Hanji Body Wash. Природните влакна имаат одлична воздушна пропустливост, антибактериски и издржливи својства. Направено од 40% од врвен хартиен материјал „Hanji“ кој е антибактериски, пријатен за кожата, пропустлив во воздухот, дезодорирачки и издржлив. (Ханџи е традиционално корејско хартиено влакно кое е направено од кората на хартиена црница) Го чисти телото додека темелно го ексфолира.
-
Facetheory Double Glow Exfoliating Face & Body Scrub 150ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.390 денCurrent price is: 1.390 ден.Постигнете помека и помазна кожа и спречете ја појавата на акни на лицето или телото со пилингот со гликолна и салицилна киселина на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗲 𝗔𝗻𝗱 𝗕𝗼𝗱𝘆 𝗦𝗰𝗿𝘂𝗯 𝗘𝟭 е производ за хемиски и механички пилинг кој е е интензивен кон нечистотијата, но доволно нежен за секојдневна употреба.
Гликолната и салицилната киселини помагаат да се исчистат затнувањата на порите и да се намалат проширени пори без да предизвикаат црвенило или иритација. Заедно со ситните зрца од јојоба ги отстрануваат вишокот маснотии од површината на кожата и мртвите клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гликолната киселина (2%) е алфа хидроксилна киселина (АHA) која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата која ги врзува.
Зрнцата од јојоба се ситни зрнца од природен восок и се користат за физички пилинг. Поблаги се со кожата од лушпите од орев или пемзата (вулкански туф), и попријателски кон околината од пластичните микрогранули. Тие се мазни и не предизвикуваат иритација. Исто така се разградливи и мазни и не предизвикуваат микропукнатини на кожата.
Салицилната киселина (1%) е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките на кожата и нејзино обновување со што ја прави мека и сјајна. Го раствора себумот што ги затнува порите и ги чисти порите.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.
-
FAEBEY Hand Cream CARE & GO with Hyaluronic Acid and Aloe Vera / 50ml
490 денFaebey Care & Go Hand Cream 50ml е хидратантна крема за раце формулирана со хијалуронска киселина и алое вера, дизајнирана за интензивна нега и обновување на сувата и оштетена кожа. Благодарение на своите хранливи состојки како соја масло и уреа, оваа крема овозможува длабинска хидратација, ја подобрува еластичноста и ја враќа мекоста на рацете. Наменета е за сите типови кожа и има лесна, немасна текстура со мат финиш.
Оваа крема е идеална за секојдневна нега, заштита од стареење, слободни радикали и надворешни влијанија. Погодна е и за нега на нокти и кожички.
Клучни придобивки:
-
Обновува и омекнува груба и сува кожа
-
Обезбедува долготрајна хидратација
-
Ја подобрува еластичноста и текстурата на кожата
-
Го забавува стареењето на кожата
-
Ги штити рацете од слободни радикали
Начин на употреба:
Нанесете мала количина на чисти раце и втријте додека целосно не се апсорбира. Користете по потреба, особено по миење раце или изложеност на надворешни влијанија. -
-
FAU S-Line Reshape Aroma Oil 1000ml
3.220 денS-Line Reshape Aroma Oil е премиум масло за тело дизајнирано за професионална нега, кое помага во детоксикација на кожата и оформување на телото. Формулирано со екстракт од семе од гуарана, позната како женшенот од Амазон, содржи природен кофеин и карнитин кои го стимулираат разградбувањето на масните наслаги и го намалуваат нивниот волумен. Благодарение на внимателно одбрани растителни масла како маслиново масло, масло од сончоглед, јојоба, арган и камелија, ова масло ја храни и хидрира кожата, оставајќи ја свиленкаста и мазна.
Овој производ е наменет за намалување на целулитот, елиминирање на нерамномерната структура на кожата и дефинирање на тенка и мазна линија на телото. Маслото ја обновува еластичноста на кожата и го подобрува нејзиниот изглед со секоја употреба.
Начинот на употреба е едноставен: нанесете соодветна количина на посакуваните делови од телото и оставете да се апсорбира или масирајте со кружни движења за подобар ефект.
Клучни состојки се: екстракт од семе од гуарана, кофеин, маслиново масло, масло од сончоглед, јојоба, арганово масло и масло од семе на камелија.
Guarana е растение од амазонската џунгла кое е познато по својата способност за намалување на целулитот и согорување на масните наслаги. Овој овошен екстракт е богат со кофеин и уште од дамнешни времиња се користи за зголемување на физичката сила, подобрување на концентрацијата и забрзување на метаболизмот. Традиционално, домородните племиња од Амазон подготвувале пијалак од сушено и мелено гуарана овошје кој содржи три пати повеќе кофеин од обичното кафе, што го прави особено ефикасен во борбата против телесните масти и целулитот.
S-Line Reshape Aroma Oil е идеално решение за сите кои сакаат природна и ефективна нега против целулит и вишок маснотии, при тоа обезбедувајќи интензивна хидратација и подобрување на текстурата на кожата.
Начин на употреба:
Нанесете соодветна количина од маслото на чиста кожа на посакуваната област од телото. Масирајте со кружни движења додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати користете го редовно во комбинација со масажна техника или апарат за оформување на телото. Може да се користи на стомак, бутови, колкови и раце или на било која област каде што има потреба од намалување на целулитот и обликување на телото.
-
Holika Holika Aloe 92% Shower Gel 250ml
690 денСодржи 92% ферментиран сок од лист од алое вера. Ферментираната содржина го зголемува ефектот на активните компоненти како алоето. На тој начин, помага вашата кожа да биде чиста и здрава, навлажнета, без чувство на лепливост.
Употреба: Нанесете соодветна количина на пешкир или сунѓер за туширање и направете меурчиња. Тријте го по целото тело како да правите масажа, а потоа исплакнете го телото.
-
-
-
Yeouth Neck Firming Cream 60ml
2.450 денOriginal price was: 2.450 ден.1.990 денCurrent price is: 1.990 ден.Пружете ѝ љубов на кожата на вратот и деколтето!
За совршена нега за зацврстување на вратот и деколтето ви го препорачуваме 𝗡𝗲𝗰𝗸 𝗙𝗶𝗿𝗺𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
Бенефит:
▪️ Ја намалува збчканоста на кожата
▪️ Ја зголемуа еластичноста
▪️ Видливо ги намалува вертикалните линии
▪️ Ги намалува брчките
▪️ Ги намалува старечките дамки
▪️ Ја прави кожата пополна и помазна
▪️ Ја зацврстува кожата
▪️ Ја подобрува линијата на вилицатаСовет: За повпечатливи резултати практикувајте и вежби за зацврстување на вратот.
Клучни состојки:
▪️ Опелин
▪️ Витамин Ц
▪️ Зелен чај -
Данини природен сапун со зелена глина и активен јаглен 140g
300 денПриродниот рачно изработен сапун со зелена глина и активен јаглен прави детокс на кожата и длабински ја чисти. Одговара за комбинирана и мрсна кожа. Зелената глина содржи многу минерални соли и олигоелементи кои поволно делуваат на проблематичната кожа. Активниот јаглен има исклучително адсорбциско својство ги привлекува и врзува отровите, нечистотија и бактериите по што лесно може да се отстранат со миење. Ја чисти и регенерира кожата на лицето и телото без да ја наруши природната влажност. -
Данини природен сапун со кафе 140g
300 денПриродниот рачно изработен сапун со кафе одговара на сите типови кожа. Тој има неверојатна формула за длабинско чистење на кожата. Кафето како додаток, има пилинг ефект, ја поттикнува циркулацијата и делува против целулит. Може да се користи за ексфолијација на кожата на лицето и телото. Есенцијалното масло од рузмарин ја релаксира и регенерира кожата, додека маслото од еукалиптус делува антисептично. -
Данини природен сапун со коприва 140g
300 денПриродниот рачно изработен сапун со коприва ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Погоден е за сите типови на кожа како и за миење на кратка коса. Благодарение на драгоцените состојки кои ги содржи копривата како што се флавоноидите, стеролите, хлорофилот, минералните соли, витаминот Ц, провитаминот А и други делотворни состојки, овој сапун ја зајакнува заштитата на кожата, ги намалува воспаленијата и црвенилото, делува антибактериски, го регулира создавањето на себумот, го стимулира растот на косата и го елиминира првутот. -
Данини природен сапун со невен и мед 140g
300 денПриродниот рачно изработен сапун со невен и мед, одговара на сите типови кожа. Тој е ефикасен против различни воспалителни процеси и габични инфекции, ја тонира и чисти кожата. Медот длабински ги чисти порите ѝ дава виталност и ја хидрира кожата, додека невенот делува антисептично. Есенцијалното масло од лимонова трева содржано во овој сапун има антиинфламаторно дејство, додека маслото од лаванда делува антибактериски и антифунгално.