Направени со многу љубов, внимание и трпение, од работилницата на Данини излегуваат природни рачно изработени сапуни со врвен квалитет. Данини природните сапуни се идеални за одржување дури и на најчувствителната кожа, бидејќи не содржат агресивни хемикалии, вештачки мириси и бои. Тие ги даваат посакуваните резултати без да го загрозат здравјето на луѓето или животната средина, користејќи ја моќта на природните состојки како глицерин, есенцијални масла (лаванда, рузмарин, лимонова трева и еукалиптус), билки (невен и коприва), зелена глина, активен јаглен и кафе. Застапени се со неколку различни формули за да ги задоволат потребите на различните типови кожа.
-
Данини ладно цедено масло од авокадо
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од авокадо на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масло од коноп 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од коноп на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масло од малина 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од малина на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини Ладно цедено масло од неем 10ml
280 денЛадно цеденото масло од неем ја враќа нормалната состојба на епидеремисот кожата и ја зајакнува нејзината заштитна бариера со тоа што делува антибактериски и ја одржува влажноста на кожата. Неемот е позната индиска билка која се користи за лекување повеќе од 5000 години. Поради својата чудотворна моќ е позната секаде во светот а во Индија се смета за свето дрво.
Хемискиот состав на маслото од неем e многу сложен и вклучува triterpene, limonoide, nonterpenoide, hexanortriterpenoide, pentattriterpenoide. Најважна активна состојка на маслото од нееем е azadirachitin која има анти-паразитни, анти бактериски, анти вирусни и инсектицидни својства.
Процесот на ладно цедење за добивање на ова масло придонесува тоа да не изгуби од своите делотворни својства.
Дејство:
- спречува кожни инфекции
- го забрзува заздравувањето на раните
- помага кај акни
- ги ублажува сите видови на иритации на кожата, чешање, осип и алергиски реакции.
-
Данини ладно цедено масло од рицинус 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од рицинус на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масо од орев 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од орев на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини масло од шафран 10ml
280 денМаслото од шафран има бојни докажано погодни својства за кожата. Вметнете го во својата рутина за нега и почувствувајте го бенефитот од неговата употреба.
Маслото од шафран е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали кои ги создава штетното UV зрачење. Со тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Содржи кроцин, потентна антиоксидантна состојка, која ја штити кожата од UVA и UVB зраците кои се причинители на појава на предвремени знаци на стареење.
Ова масло ефикасно ги смирува воспаленијата. Кроцинот придонесува за неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи го спречува дејството на многу инфламаторни протеини.
Го поттикнува заздравувањето на кожата и затворањето на раните преку забрзување на процесот на создавање на нови клеки.
Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на кроцинот и другите активни состојки кои ги содржи ова масло.
-
Данини органско етерично масло од еукалиптус 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско етерично масло од еукалиптус на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско етерично масло од лаванда 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско етерично масло од лаванда на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско етерично масло од лимонова трева 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско етерично масло од лимонова трева на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско етерично масло од рузмарин 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско етерично масло од рузмарин трева на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско масло од арган 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од арган на домашниот бренд за природна козметика Данини.
Органското масло од арган ја навлажнува и регенерира кожата на лицето, исто така делува против брчки. Помага во обновување и омекнување на испукана и груба кожа. Погодно е за употреба кај изгореници за ревитализација на кожата, или испукани врвови на коса.
-
Данини органско масло од кафе 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од кафе на домашниот бренд за природна козметика Данини.
Органското масло од кафе има регенеративно дејство на кожата, го поттикнува создавањето на колаген и ја зацврстува кожата на лицето. Има смирувачко и хидратантно дејство врз кожата.
-
Данини органско масло од лешник 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од лешник на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско масло од морков 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од морков на домашниот бренд за природна козметика Данини.
Органското масло од морков содржи хранливи материи, како што се витамини А, Е и бета-каротен. Погодно е за нега на особено сува и зрела кожа на која ѝ ја враќа влажноста и свежината.
-
Данини органско масло од шипинка 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од шипинка на домашниот бренд за природна козметика Данини.