Тоа е корејски бренд познат по својот минимализам. Воден е од девизата: „Making a pragmatic remedy.“, создава производи со едноставни формули без непотребни состојки кои можат да ја иритираат кожата. MAKE P:REM е бренд, пријател на чувствителната кожа кој негува едноставен и прагматичен пристап кон негата на кожата. Неговите производи се направени со многу нежни состојки и се коритсат во едноставни рутини од мал број чекори.
-
Make P:rem Safe Me Relief Essence Toner
1.390 денMake P:rem Safe Me. Relief Essence Toner е интензивно хидрантен тонер кој го зголемува нивото на влжност на кожата до 466,68%. Формулата pH-5,5 ја смирува и хидрира а истовремено го враќа природниот баланс на кожата.
Збогатен со растителни екстракти и навлажнувачки агенси за да направи вашата кожа да остане еластична во текот на целиот ден.
Воедно овој тонер во својот состав има церамиди, пантенол и LMW (мала молекуларна тежина) на хијалуронска киселина кои се одговорни за задржување на влажноста во кожата.
Употреба: По миењето на лицето, во првиот чекор од рутината за нега, нанесете соодветна количина на памучен тупфер. Нежно чистете го лицето, освен областа околу очите и устата, почнувајќи од внатре кон надвор.
Производот не содржи парфеми.
-
Make P:rem Safe Me Relief Moisture Cleansing Foam
870 денMake P:rem Safe Me Relief Moisture Cleansing Foam е нежно пенливо средство за измивање со неиритирачки и благи киселини кои длабински ги чистат порите од нечистотија. Многу лесно ја отстранува и шминката на лицето како и заштитниот филм од СПФ заштитните фактори.
Овој чистач ѝ ја дава потребната влажност на кожата, па затоа после измивањето нема да имате чувство на затегање на лицето. Одличен е за сите типови кожа, посебно за осетлива и иритирана.
Формулиран со екстракт од Мarrubium vulgare за заштита на кожата од надворешни штетни фактори и екстракт од плод од дрво баобаб за да ѝ помогне на кожата да ја задржи влагата
-
-
Make P:rem Safe me. Relief moisture cream12
1.390 денSafe Me. Relief Moisture Cream 12 на корејскиот бренд Make P:rem е брзо впивачки и моќен хидратантен крем со само 12 ефективни состојки кои не предизвикуваат никаква иритација. Во својата формулација содржи екстракт од малинна, сквалан и глицерин за да ја заштити кожата од пресушување и да ја врати нејзината влажност.
Исто така овој крем е хипоалерген, дерматолошки тестиран и не предизвикува никаква иритација на кожата, па затоа е идеален за сите типови кожа посебно за оние со нај осетлива, склона кон црвенило, иритации и чешање.
Safe Relief Cream на Make P:rem може да го употребувате наутро и навечер за да ја вратите свежината и потполниот сјај на вашето лице.