Кошничка 0 x

Product

ANUA Azelaic Acid 10 Hyaluron Redness Soothing Serum 30ml

2.040 ден

Нема на залиха

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Серумот со азелаична киселина на Anua  ја смирува црвената и иритирана кожа. Лесниот серум содржи 10% азелаична киселина, главна состојка за ублажување на акни, розацеа и хиперпигментација, додека хијалуронската киселина обезбедува долготрајна хидратација. Неговата убава зелена боја доаѓа од нежниот смирувачки комплекс на Anua од природни состојки, вклучувајќи вода од лисја од зелен чај, алое и цика. Внимателната избалансирана рамнотежа на смирувачките состојки го прави овој нежен серум одличен почеток за воведување на азелаична киселина во вашата рутина.

Како делува?

Формулиран со 10% азелаична киселина добиена од пченица и јачмен, овој серум ги таргетира бактериите што предизвикуваат акни и и’ помага на кожата да се обнови.

Збогатен со Anua’s Gentle Calming Complex™ (Нежен смирувачки комплекс на АНУА) направен од масло од син Tanacetum cinerariifolium, убихинон, вода од лисја од зелен чај, сок од лисја од алое и седум видови цика –  комбинација што ја ублажува иритацијата и воедно и’ дава на формулата природна зелена нијанса.

Содржи хијалуронска киселина за привлекување и одржување на влагата, оставајќи ја кожата мека, полна и блескава. 

Клинички докажано го намалува црвенилото во проблематичните области по само четири недели, така што тонот на вашата кожа изгледа поизбалансиран и порамномерен.  Без груби состојки и вештачки мириси, овој серум е безбеден за сите типови кожа, вклучително и чувствителната. 

Како да го користите серумот?

Користете го серумот за смирување на црвенилото Anua Azelaic Acid 10 Hyaluron во вашата утринска или вечерна рутина. По чистењето и тонирањето, нанесете 1-2 капки рамномерно на лицето, а потоа нежно тапкајте за додека да се впие целосно. Потоа нанесете хидратантна крема.

Ако сте нови во употребата на азелаична киселина, почнете полека да го користите серумот 1-2 пати неделно за да ја прилагодите кожата. Откако кожата ќе се почувствува удобно, можете да го нанесувате двапати дневно и да ја зголемите дозата на 3-5 капки.

Главни состојки:

Вода, азелаична киселина, пропилен гликол, натриум хидроксид, дипропилен гликол, 1,2-хександиол, пантенол, хидроксиетилцелулоза, бетаин салицилат, глицерин, биосахарид гума-1, етилхексилглицерин, алантоин, дикалиум глициризат, екстракт од лист од Melia Azadirachta, вода од лист од Camellia Sinensis, натриум хијалуронат, екстракт од цвет од Melia Azadirachta, ниацинамид, сок од лист од Aloe Barbadensis, бета-глукан, екстракт од  Centella Asiatica, екстракт од лист од  Centella Asiatica, екстракт од корен од  Centella Asiatica, мадекасозид, азијатикозид, азијатична киселина, мадекасинска киселина, сквалан цинк PCA, бутилен гликол, пентилен гликол, каприлил/каприл глукозид, хидрогенизиран лецитин, церамид NP

ANUA Azelaic Acid 10 Hyaluron Redness Soothing Serum 30ml

2.040 ден

Нема на залиха