Кошничка 0 x

Product

Aromatica Reviving Rosehip Cold Press Organic Face Oil 30ml

1.890 ден

Нема на залиха

Почувствувајте го бенефитот од маслото од шипка врз вашата кожа. 

Ова масло се произведува од плодот на шипка во процес на ладно цедење за да се задржат сите хранливи материи и витамини кои ги содржи ова масло.

Маслото од шипка е богато со активни состојки како витамините Ц, А, Б, Е и П, флавоноиди, амино киселини, каротеноиди и масни киселини како омега 3, 6 и 9, благодарение на кои тоа има способност да ја навлажнува и храни кожата, а исто така ја ревитализира уморната кожам, ја зајакнува бариерата на кожата, ја подмладува кожата, ги намаува брчките и ја спречува појавата на нови.

Ова масло е сертифицирано со ECOCERT сертификат. Тоа е 100% чисто масло добиено со процес на ладно цедење со што се исклучува било каква хемиска или термичка обработка и се употребува само физички притисок, со што се зачувува чистотата на маслото, неговите хранливи материи и активни состојки. Така тоа ја задржува својата природно убава портокалово-црвенкаста боја.

Погодно е за употреба кај сува и нормална кожа. Како последен чекор од рутината за нега можете да нанесете една до две капки. Ги нанесувате на дланките ги размачкувате и потоа ги нанесувате на целото лице. Притискате нежно за да се впие целосно. Исто така може да се употребува и на телото. Кожата ја прави пмека, го спречува губењето на влажноста и помага да се обнови влажната бариера. Исто така може да доддете една до две капки во вашиот крем доколку кожата ја чувствувате сува или уморна.

Помага за подобрување на:

  • Брчки
  • Фини линии
  • Сувост
  • Уморна кожа
  • Опуштена кожа
  • Нерамномерна текстура
Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Aromatica Reviving Rosehip Cold Press Organic Face Oil 30ml

1.890 ден

Нема на залиха