990 ден 891 ден
990 ден 891 ден
Rice Biome Bubble Peeling e благ дневен пилинг на корејскиот бренд MAKE P:REM. Тоа е пенлив пилинг со нежни меурчиња, формулиран со биом на ориз и LHA за да помогне во отстранување на мртвите клетки на кожата. Оризовиот биом е добиен од ферментиран ориз со lactobacillus, кој врши блага екфолијација а воедно ја остава кожата нежна и хидрирана.
Содржи влакна од јаболко и ниско-иритирачки пилинг LHA кој ја подобрува текстурата на кожата и го изедначува тенот.
Овој производ е наменет за сите типови кожа, посебно за најосетливата. Овој пилинг има меуреста формула со која се намалува и избегнува иритација на кожата.
Make P:rem Rice Biome Bubble Peeling е без синтетички мириси, без вештачки бои, без штетни состојки.
За интензивна хидрантна нега на Вашата кожа, ја препорачуваме Centella Asiatica Calming Mask на познатиот корејски бренд Beauty of Joseon. Таа e смирувачка лист-маска со екстракт од Centella asiatica (15%), која е една од неверојатните состојки за смирување на кожата. Содржи 3 типа на хијалуронски киселини кои придонесуваат за навлажнување, лекување на иритираната и чувствителна кожа. Лесно се прилепува за лицето и е погодна е за сите типови на кожа.
Клучни состојки: Екстракт од Centella Asiatica (15%), натриум хијалуронат, хидролизирана хијалуронска киселина и хијалуронска киселина.
Употреба:
1. По чистењето, употребете тонер за измазнување на текстурата на кожата
2. Извадете ја маската од пакувањето и подеднакво прилепете ја на лицето
3. Отстранете ja по 10-20 минути и тапкајте нежно за да ја овозможите апсорпцијата на остатокот од есенцијата