150 ден 143 ден
За интензивна хидрантна нега на Вашата кожа, ја препорачуваме Centella Asiatica Calming Mask на познатиот корејски бренд Beauty of Joseon. Таа e смирувачка лист-маска со екстракт од Centella asiatica (15%), која е една од неверојатните состојки за смирување на кожата. Содржи 3 типа на хијалуронски киселини кои придонесуваат за навлажнување, лекување на иритираната и чувствителна кожа. Лесно се прилепува за лицето и е погодна е за сите типови на кожа.
Клучни состојки: Екстракт од Centella Asiatica (15%), натриум хијалуронат, хидролизирана хијалуронска киселина и хијалуронска киселина.
Употреба:
1. По чистењето, употребете тонер за измазнување на текстурата на кожата
2. Извадете ја маската од пакувањето и подеднакво прилепете ја на лицето
3. Отстранете ja по 10-20 минути и тапкајте нежно за да ја овозможите апсорпцијата на остатокот од есенцијата
150 ден 143 ден
Во потрага сте по брз и ефикасен начин за подобрување на состојбата на кожата? Ќе ви претставиме еден производ со кој ќе постигнете навлажнета и сјајна кожа само во еден чекор, со видливи резултати по само 1 употреба.
Ви ја претставуваме лист-маската COSRX Pure Fit Cica Calming True Sheet Mask потопена во делотворна есенција богата со екстракти од азиска центела, коja нуди инстант решение за смирување на иритацијата и црвенилото, пружа богата хидратација и поттикнува заздравување на кожата.
Tкаенината од лист-маската потопена во богата есенција, поставете ја на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути. Ќе забележите видливо подобрување на кожата само по 1 употреба. Кожата веднаш добива подобар тон, полн изглед и зрачи со здрав сјај.
❤️🩹 Погодна е за употреба кај сите типови кожа, а посебно се препорачува за употреба кај чувствителна кожа со ослабната заштитна бариера на која ѝ е потребна интензивна смирувачка нега. Го поттикнува заздравувањето на кожата, го смирува црвенилото и ја зајакнува кожата и нејзината заштитна бариера.
Есенцијата од оваа маска е формулирана со Pure Fit CICA-7, патентиран природен комплекс направен од 7 состојки добиени од центела кој содржи:
Дејство на CICA-7 комплексот:
Употреба: По миењето на лицето, извадете ја лист-маската од пакувањето. Покријте го лицето со маската започнувајќи со делот околу очите. По 15 до 20 минути отстранете ја маската и нежно тапкајте го лицето за да се впие преостанатата есенција. Содржината од маската не се измива туку се остава да делува на лицето, се тапка за да се впие целосно.
Маска за лице наполнета со 100% екстракт од зелен чај, пантенол и 30 видови состојки проверени со EWG. Оваа маска е изработена од целулоза од растително потекло за да се обезбеди ефикасна абсорбција на хранливи материи во кожата. Неговата богата, но блага формула доаѓа со водена конзистентност, овозможувајќи брзо да се апсорбира во кожата и оставајќи ја веднаш смирена, хидрирана и сјајна. Погодена за чувствителна кожа.