1.205 ден 855 ден
Нема на залиха
Женшен и ретинал, тоа е добитната комбинација за отстранување на брчките околу очите. Оваа извонредно ефиксна комбинација на состојки ќе ја најдете во серумот за очи 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 : 𝗚𝗶𝗻𝘀𝗲𝗻𝗴 + 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗮𝗹.
Овој производ е дизајниран за да ја подобри опуштената кожа околу очите. Нуди комбинација од 2% ретинал липозом кој има најдобро синергиско дејство со женшенот, позната традиционална анти-ејџ состојка. Оваа комбинација на состојки ефикасно ја враќа еластичноста на кожата, ги намалува брчките и ја обновува оштетената кожа.
Содржи 10% екстракт од корен од женшен богат со сапонин кој помага брзо снабдување со влажност на кожата и нејзино долготрајно задржување длабоко што помага за одржување на свежа и здрава кожа.
Ретиналот е дериват на витаминот А и се користи за подобрување на состојбата на брчките. Ретиналот кој директнно се претвора во ретиноична киселина, делува побрзо и поефикасно врз кожата од ретинолот (кој најпрво мора да помине низ процесот на претворање во ретинал, а потоа во ретиноична киселина за да може да дејствува). Во овој производ се користи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол во формула за поголема ефикасност.
Овој крем има нежна свиленкаста мека текстура која лесно се растопува во кожата без да остави чувство на лепливост.
1.205 ден 855 ден
Нема на залиха
Нека EYE SOUFFLÉ Concentrate на Шпанскиот бренд FAEBEY биде вашиот нов антиејџ сојузник за нега на кожата околу очите e .
Овој серум содржи кофеин и стем клетки од орхидеа и помага да се намали подуеноста, да се хидрира и зацврсти кожата и да се дренира вишокот течности.
Ја штити кожата на деликатна област околу очите од надворешни штетни влијанија (загадување, стрес итн.), благодарение на неговите обновувачки, антиоксидантни и смирувачки својства.
Со редовна употреба, ден по ден, контурата на очите ќе станува помазна, брчките и линиите на експресија ќе бидат омекнати, а кожата ќе стане посветла.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.