1.790 ден Original price was: 1.790 ден.1.253 денCurrent price is: 1.253 ден.
Поправете ја и зајакнете ја природната бариера на кожата со 𝐁𝐚𝐥𝐚𝐧𝐜𝐢𝐮𝐦 𝐂𝐨𝐦𝐟𝐨𝐫𝐭 𝐂𝐞𝐫𝐚𝐦𝐢𝐝𝐞 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 на 𝐂𝐎𝐒𝐑𝐗.
Лесен, но богат хидратантен крем за кожа која страда од сензитивност. Избалансиран крем кој помага да ја смирите и зајакнете ја вашата кожа без чувство на затнување или маснотии.
Церамидот NP ја зајакнува оштетената кожна бариера и ја регенерира сензибилизираната и оштетена кожа. Церамидите се липиди природно присутни во кожата и играат значајна улога во одржување на нивото на влажност во кожата преку одржување на нејзината заштитна бариера со спречување на губење на влажноста.
Ќе ѝ кажете и збогум на сувата и дехидрирана кожа! Високо ефективните, врвни состојки го обновуваат балансот помеѓу водата и мастите на кожата, пружаат долготрајна хидратација и ја подобруваат еластичноста на кожата. Овој крем на кожата кожата давајќи ѝ здрав, полн и свеж изглед.
Клучни состојки:
Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Овој крем е хипоалерген и е погоден за сите возрасти.
1.790 ден Original price was: 1.790 ден.1.253 денCurrent price is: 1.253 ден.
Дали сте во потрага по крем за 24/7 хидратација?
Ви го препорачуваме 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, лесен за употреба преку ден, но доволно хранлив за употреба во текот на ноќта. Содржи моќни состојки кои ги отстрануваат брчките и ја спречуваат појавата на нови.
Клучни состојки:
▪️ слуз од полжав
▪️ хијалуронска киселина
▪️ трипептиди
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ пантенол
▪️ екстракт од азиска центела
▪️ екстракт од женшен
Оваа извонредна листа на состојки на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 зборува многу за неговото дејство.
Формулиран со слуз од полжав која помага во репарирање на оштетувањата на кожата, хијалуронска киселина за хидратација и надополнување на нивото на влага во кожата, зелен чај за заштита од слободните радикали, пептиди кои помагаат во зајакнување, зацврстување и подобрување на еластичноста на кожата, пантенол и азиска центела кои помагаат во смирување на кожата и екстракт од женшен кој ја спречува појавата на брчки.
Овој крем обезбедува оптимална хидратација за кожата, ѝ помага природно да се обнови и ги враќа природните свежина и сјај со секое нанесување.
Следете како изгледаат фините линии, брчките, хиперпигментацијата и лузните и забележете како исчезнуваат со редовната употреба. Овој ултра-мек крем ја подмладува и обновува кожата за здрав, помладешки изглед и блескав тен.
За производот
Snail Bee High Content Steam Cream е висококонцентриран крем произведен со пареа. Технологијата на производство со помош на пареа ја зачувува ефикасноста на најмоќните состојки за нега кои ги содржи овој крем. Погоден е за сите типови на кожа, а особено за чувствителна кожа и кожа склона на акни. Ако имате многу чувствителна кожа, овој крем ќе биде Вашиот сојузник бр. 1.
Тој е богат со коктел од здрави и ефикасни состојки. Филтратот од слуз од полжав кој има регенеративни својства, пчелиниот отров кој е природен антисептик, пептидот sh-олигопептид-1, хиалуронската киселина, и различни растителни екстракти кои се дел од неговата формула прават чуда за кожа и помагаат за подобрување на тенот. Благодарение на оваа природна и здрава формула, ја навлажнува, негува и обновува оштетената кожа за само неколку дена, ја смирува надразнетата кожа и иритацијата предизвикана од акни.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Кремот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content Steam кремот е дерматолошки тестиран.
Употреба:
Нанесете соодветна количина од кремот на чисто лице и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. Се препорачува како последен чекор од рутината за нега на лице, по нанесувањето на тонер, есенција/серум и лосион.
За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.
Клучни состојки:
Против акни: Ниацинамид, лауринска киселина
Антиоксиданси: Филтрат од секрет од полжав, масло од јатка од Argania Spinosa, токоферил ацетат
Состојки за комуникација на клетките: Ниацинамид, Sh-Олигопептид-1, Аденозин
Осветлување на кожата: Ниацинамид
Состојки идентични со кожата: Глицерин, натриум хијалуронат, уреа, аргинин
Смирувачки: Екстракт од кора од Salix Alba (врба)