1.110 ден
Средство за миење лице со ниска pH вредност, кое нежно ја чисти чувствителната кожа со густа и нежна пена.
1.110 ден
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.
Темелно отстранете ги и најтврдокорните нечистотии и шминка од кожата на лицето со 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 без да ја нарушите заштитната бариера на кожата.
Овој пенлив гел чистач е идеален за отстранување на шминката, вклучително и маскарата.
Темелно ги чисти пoрите од вишокот маснотии и нечистотија.
Нежен е кон кожата и темелно ги отстранува и најтврдокорната шминка и нечистотии без да ја наруши заштитната бариера на кожата.
Благодарение на витаминот Ц и растителните екстракти, го изедначува нерамномерниот тен, ја намалува хиперпигментацијата, ја штити кожата од слободните радикали, ја спречува појавата на акни и ја подобрува текстурата на кожата.
Клучни состојки:
▪️ Витамин Ц
Ја намалува хиперпигментацијата и темните дамки. Го стимулира создавањето на колаген. Ја штити кожата од слободните радикали.
▪️ Алое вера
Jа омекнува и смирува кожата. Ја спречува појавата на акни.
▪️ Зелен чај
Тоа е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали. Ја одложува појавата на знаци на стареење.
▪️ Екстракт од морска алга
На кожата ѝ дава полн изглед. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во зацврстување на
кожата.
▪️ Женшен
Ја спречува појавата на фини линии и брчки.