1.350 ден 1.080 ден
Нема на залиха
COSRX Pure Fit Cica Тонер е производ за интензивна нега на кожата и е напредно решение за деликатна и нежна кожа. Овој производ го стимулира заздравувањето на кожата и ѝ пружа интензивен смирувачки ефект.
Тоа е висококонцентриран тонер со растителна основа, кој соджи 81% CICA-7 комплекс. Тоа е природен комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.
CICA-7 комплексот содржи:
– азиатикозид,
– азиатична киселина,
– мадекасинска киселина,
– мадекасозид,
– екстракт од азиска центела,
– екстракт од лист од азиска центела,
– екстракт од корен од азиска центела.
Во својата формула покрај CICA-7 комплексот содржи и екстракт од Pinus pinaster (приморски бор). Неговата висококонцентрирана формула помага во заздравување и зајакнување на ослабнатата кожа.
Дејство на CICA-7 комплексот:
– Ја смирува иритираната кожа.
– Ја штити чувствителната кожа.
– За зајакнува бариерата на кожата.
Дејство на екстракт од Pinus pinaster (приморски бор):
– Ја освежува кожата.
– Ја ревитализира кожата.
Со 81,9% Pure Fit CICA-7 Complex кој комбинира смирувачки, навлажнувачки и зајакнувачки состојки, овој тонер ја смирува иритираната кожа.
Pure Fit CICA-7 Complex 81.9%: азијатикозид, азијатна киселина, мадекасинска киселина, мадекасозид, екстракт од Centella asiatica, екстракт од лист од Centella asiatica, екстракт од корен од Centella asiatica.
1.350 ден 1.080 ден
Нема на залиха
Falling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Тоа е нежен тонер за пилинг кој може да се користи секојдневно за да помогне во ексфолијација на мртвите клетки на кожата и е погоден за чувствителна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
PHA (Глуконолактон) ексфолира и ги отстранува мртвите клетки на кожата без да ја иритира кожата.
Екстрактот од Centella asiatica ja смирува кожата и го надополнува нивото на хидратација.
Богат со висококвалитетна Centella asiatica растена во чиста средина, обезбедува вистинска смирувачка нега. Прави благ пилинг со PHA без да предизвика иритација кај чувствителната кожа. Погоден е за чувствителна кожа, па дури и кожа склона кон акни. Има благо киселкасата pH вредност за да одговара на pH балансот на кожата.
Начин на употреба:
По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.