2.120 ден
Нема на залиха
Ноќната ревитализирачка крема 𝗔𝗚𝗘 𝗖𝗢𝗗𝗘 содржи матични клетки од арган кои помагаат да го репрограмирате кодот на вашата кожа кој води кон стареење и стимулира процес на обновување на кожата преку обновување на нејзините матични клетки.
Што ги прави растителните матични клетки многу корисни за здравјето на луѓето?
Обичните клетки се „програмирани“ за една одредена функција, како на пример создавање на кожно ткиво или крвна плазма. За разлика од нив, матичните клетки се создадени „непрограмирани“ и се дизајнирани да одат секаде каде што е најпотребно. Кога се потребни за раст на ново ткиво некаде во телото, во овој случај во ткивото на кожата, тие едноставно „стануваат“ тој тип на клетка, делувајќи како замена за специфичните ткивни клетки.
И животните и растенијата создаваат матични клетки, меѓутоа, меѓу нив има една голема разлика. Животинските матични клетки природно подлежат
на процесот на стареење со текот на времето исто како секоја друга клетка.
Во човечката кожа, матичните клетки стануваат помалку ефикасни како што старееме, а со тоа и помалку способни да го поддржат производството на колаген.
Растителните матични клетки се ослободени од процесот на стареење. Науката постојано открива нови докази за нивната важност за здравјето на луѓето. Тие може да имаат и до 1000 пати поголем корисен ефект од обичните растителни екстракти. Можат да дејствуваат како млади матични клетки на човечка кожа и се способни да помогнат во зголемувањето на синтезата на колаген.
Матичните клетки од арган, во третманот против брчки се користат за да помогнат во зачувувањето на виталноста на нашите матични клетки со директно дејство на основните фактори на стареење на кожата.
2.120 ден
Нема на залиха
Aromatica Soothing Aloe Aqua Cream е крем без мирис и боја кој е погоден за нега на чувствителна и иритирана кожа. Органскиот алое вера екстракт гелкој е дел од формулата на овој лесно впивлив крем, ја навлажнува и смирува кожата. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.
Овој крем е сертифицирано вегански и е направен од 95% природни состојки. Содржи 83% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат, церамиди, вода од лаванда, хидролизирани гликозаминогликани, екстракт од рузмарин и екстракт од камилица. Производот има EWG VERIFIED™ сертификат.
⠀
Церамидите се состојка со докажано анти-ејџинг дејство, помоќно од она на ретинолот, ниацинамидот и пептидите. Помагаат во зајакнувањето на заштитниот слој на кожата, зголемување на хидратацијата и постигнување на помазна, позатегната и поцврста кожа со помалку видливи линии и брчки.
⠀
Водата од лаванда има антиинфламаторно и терапевтско дејство.
⠀
Гликозаминогликаните (GAG) познати како мукополисахариди, помагаат за поддршка и одржување на структурните протеини на кожата како што се колагенот и еластинот. Нивните молекули врзуваат големо количество вода и на кожата ѝ даваат длабинска и богата хидратација, со што ја спречува појавата на нови брчки.
⠀
Екстрактот од рузмарин е антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали. Тој ја снабдува кожата со железо, калциум и витамини.
⠀
Екстрактот од камилица има антиинфламаторно, антифугално, антибактериски и антиоксидантно дејство.
⠀
Овој производ е вегански и Cruelty Free, не содржи парабени, силикони, сулфати, фталати, PEG, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
⠀
Намалете ги брчките, фините линии и лузните од акни со All In One Snail Repair Cream на познатиот корејски бренд MIZON. Со секојдневното користење ќе ги почувствувате фантастичните придобивки од мултифункционалната формула со висококонцентриран филтрат од слуз од полжав која ви овозможува целосна грижа како дел од рутината за нега на кожата.
Ја хидрира и штити кожата, помага да се изгубат фините линии, ги намалува лузните од акни, ја подобрува текстурата на кожата и го подобрува тенот.
Toa е смирувачки крем кој содржи три вистински липидни компоненти кои ги содрж слојот на епидермисот благодарение на кои помага во обновување и зајакнување на бариерата на кожата. Има специфична златно жолта боја и гел текстура налик на мед но не осатава леплива трага. Брзо се впива во кожата, врзувајќи се со трите компоненти на липидниот слој на кожата за да стимулирајќи подобра апсорпција.
Покрај тоа што помага да се обнови и зајакне природната бариера на кожата, исто така помага за подолготрајно задржување на влагата во кожата. Богатите хидратантни состојки на овој крем ја оставаат кожата мазна и мека на допир.
Кремот има смирувачко дејство благодарение на неговите нежни состојки кои длабоко ја навлажнуваат и ја измазнуваат кожата.
Формулиран со церамиди, овој крем нуди совршена нега на кожата за оние кои сакаат да уживаат во посвежа, помазна кожа благодарение на способноста на церамидите да ги отстранат мртвите клетки и да ги заменат со нови клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Содржи 72% екстракт од Centella asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Екстрактот од Centella asiatica ja смирува кожата и го надополнува нивото на хидратација.
Церамидите, масните киселини и холестерол се 3 липидни компоненти на кожата, а овој крем прави нивно надополнување и обновување на природната бариера на кожата.