4000 антибактериски силиконски влакненца од 0,4mm, помагаат да се отстранат мртвите клетки на кожата, себумот и да се исчистат порите. Со пумпање со воздух во четката, таа нежно ги следи контурите на лицето и го чисти целото лице. Цврстината на перничето може да се прилагодува со количеството на воздух со кое е напумпано.
Како се употребува:
1. Напумпајте го перничето на четката со околу 6 впумпувања со помош на рачката.
2. Ако саката да до испуштите впумпаниот воздух треба да го притиснете средишното копче на рачката.
Како да се чува:
1. Прицврстете го држачот на мазна површина на ѕид.
2. Вметнете ја рачката од четката во држачот.
3. Четката се користи кога е напумпана.
4. Внимавајте да не го продупчите силиконот со остар предмет.
Нежното црно масло за длабинско чистење на корејскиот бренд Dear, Klairs е совршено за Вашето длабинско чистење на кожата, со состојки екстрахирани од природни црни зрна. Направено е со богата формула од природни масла извлечени од црн грав, ефикасни во контролата на маслото на кожата и нејзиното смирување, црн сусам со антиоксидантни состојки и семе од црна рибизла богато со минерали и витамини. Овозможува нежно длабинско чистење без иритација и на најчувствителната кожа. Овој вегански производ е наменет за сите типови на кожа, не содржи вештачки бои, етанол или силиконски масла.
Употреба: Стиснете со пумпата соодветна количина од нежното црно масло за длабинско чистење во суви дланки. Нежно масирајте на суво лице, почнувајќи од челото, па продолжете и на носот и образите. По масирањето, не го отстранувајте со марамица, туку исплакнете го лицето 2-3 пати со млака вода.
COSRX Low pH Good Morning Gel Cleanser e нежен, благо киселкаст гел за миење на лице кој не ја иритира кожата, но темелно ги отстранува сите нечистотии. На кожата ѝ ја враќа оптималната pH вредност и ја штити од надворешни надразнувачи.
Темелно ја чисти кожата без да ѝ ја одземе влажноста, оставајќи ја свежа, витална и без чувство на затегнатост.
Наменет е за употреба кај сите типови кожа, а посебно е погоден за чувствителна кожа.