Земја на производство: Велика Британија
Состав: Aqua, Propanediol, Niacinamide, Sodium Lactate, Salicylic Acid, Glycerin, Sodium Anisate, Sodium Levulinate, Sodium Hyaluronate, Azelaic Acid, Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Juice.
2.100 ден Original price was: 2.100 ден.1.575 денCurrent price is: 1.575 ден.
За за чиста кожа без видливи пори и акни, Facetheory Porebright Serum N10!
Facetheory Porebright Serum N10 e лесен серум формулиран со 10% ниацинамид и 0.1% азелаична киселина за да ги намали порите, пигментацијата и црвенилото, за да го изедначи тонот на кожата. Исто така го превенира фотостареењето на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
ДЕЈСТВО:
Производот е сертифицирано cruelty-free. Не содржи парабени, PEG, SLS, SLES и минерални масла.
И на крај, но не помалку важно, амбалажата на производот е рециклирачка, направена од стакло и алуминиум како и биоразградив материјал.
Земја на производство: Велика Британија
Состав: Aqua, Propanediol, Niacinamide, Sodium Lactate, Salicylic Acid, Glycerin, Sodium Anisate, Sodium Levulinate, Sodium Hyaluronate, Azelaic Acid, Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Juice.
2.100 ден Original price was: 2.100 ден.1.575 денCurrent price is: 1.575 ден.
Збогатен со бакучиол, уште наречен растителен ретинол, Benton Bakuchiol Serum дава видливи резултати во борбата против брчките.
Серумот со бакучиол на Benton е анти-ејџ серум кој ги репарира оштетувањата на кожата и стимлулира создавање на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Исто така нуди антиоксидантни ефекти за борба против слободните радикали и надворешните штетни влијанија кои предизвикуваат оштетувања и предвремено стареење на кожата. Ја зајакнува заштитаната бариера и ја одржува кожата во здрава рамнотежа. Помага да се намали фотостареењето додека ја негува кожата.
Бакучиолот е состојка од растително потекло, алтернатива на ретинолот и ги нуди истите придобивки како ретинолот, додека не предизвикува иритација и сензитивност и смее да се користи за време на бременоста за разлика од ретинолот.
За зголемено дејство на производот, бакучиолот е надополнет со ниацинамид и аденозин, функционални состојки кои ја спречуваат појавата на брчки и ги намалуваат пигментираните дамки.
Серумот помага во измазнување на текстурата на кожата
Дополнително, ги отстранува акните и ја спречува појавата на нови.
Ја храни и навлажнува кожата, ја зајакнува нејзината заштитна бариера и го спрешува губењето на влажноста, ја одржува кожата навлажнета и хидрирана во текот на денот.
Дејство:
Употреба: Многу мала количина се нанесува рамномерно на лицето, или капка серум се меша со крем
Нека EYE SOUFFLÉ Concentrate на Шпанскиот бренд FAEBEY биде вашиот нов антиејџ сојузник за нега на кожата околу очите e .
Овој серум содржи кофеин и стем клетки од орхидеа и помага да се намали подуеноста, да се хидрира и зацврсти кожата и да се дренира вишокот течности.
Ја штити кожата на деликатна област околу очите од надворешни штетни влијанија (загадување, стрес итн.), благодарение на неговите обновувачки, антиоксидантни и смирувачки својства.
Со редовна употреба, ден по ден, контурата на очите ќе станува помазна, брчките и линиите на експресија ќе бидат омекнати, а кожата ќе стане посветла.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Клучни придобивки:
Намалува оток и го осветлува пределот околу очите
Ги намалува знаците на замор, стрес и стареење
Делува против темни подочници и подочни кеси
Ги измазнува брчките и фините линии
Начин на употреба: Нанесете на совршено чиста кожа со нежни тапкања на пределот околу очите. Користете секојдневно, наутро и/или навечер за оптимални резултати.