890 ден 629 ден
Нема на залиха
890 ден 629 ден
Нема на залиха
Одржувајте ја хидратацијата на кожата со благо чистење и целосно отстранување на нечистотиите со Lapothicell Poretox Foaming Cleanser.
Тоа е нежно пенливо средство за темелно длабинско чистење на порите, со кремаста пена со меурчиња. Овој производ порите ги чисти со два пенливи системи кои ги елиминираат нечистотиите и шминката, оставајќи ја кожата хидрирана и избалансирана, без чувство на затегнатост по миењето на лицето. Со природни сурфактанти, ова средство за чистење е погодно за употреба кај сите типови на кожа и не предизвикува иритација. Содржи екстракт од лист од ним и масло од Juniperus communis кои се грижат за чистиот изглед на порите. Хијалуронската киселина со мали молекули ја трансформира грубата и дехидрирана кожа во кожа со хидриран, здрав и сјаен изглед, а пантенолот и екстрактот од Centella asiatica ја смируваат иритацијата.
Употреба: Масирајте го лицето со мала количина од пенливото средство за чистење, а потоа исплакнете со млака вода.
Aromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.
Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал).
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.