Употреба: Нанесете од пената на дланките со вода. Масирајте го нежно влажното лице. Исплакнете темелно со млака вода.
1.180 ден
Нема на залиха
Нежен, збогатен кремаст пенлив чистач, измешан со екстракт од кактус кој помага во отстранување на нечистотиите во порите, доставувајќи нежно, но и длабинско чистење без сушење на кожата.
Состав: екстракт од стебло од Opuntia ficus-indica, вода, PEG-8, миристична киселина, стеаринска киселина, калум хидроксид, глицерин, лауринска киселина, дипропилен гликол, палмитинска киселина, алкохол, екстракт од кора од Quillaja saponaria, екстракт од цвет од Nymphaea caerulea, екстракт од кора од Citrus reticulata (мандарина), масло од семе од Opuntia ficus-indica, масло од семе од Moringa oleifera, екстракт од лист од Agave tequilana, глицерил стеарат, PEG-100стеарат, бентонит, коко-глукозид, 1,2-хександиол, PEG-15 дистеарат, поликватерниум-7, акрилни/C-10-30 алкил акрилат кросполимер, натрум кокоил изотионат, PEG-14M, каприлил гликол, силика, лимонска киселина, бутилен гликол, етилхексилглицерин, токоферол, динатриум EDTA, натриум бензоат, феноксиетанол, парфем, бензил силицилат, бутилфенил метилпропионал, цитронелол, еугенол, хексил цинaмал, ултрамарини (CI77007).
Употреба: Нанесете од пената на дланките со вода. Масирајте го нежно влажното лице. Исплакнете темелно со млака вода.
1.180 ден
Нема на залиха
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil – Совршено масло за двојно чистење и заштита на кожната бариера
Најважниот чекор во негата на кожата е темелното чистење. Ако нечистотиите, себумот и остатоците од шминка не се отстранат целосно, тие можат да предизвикаат затнување на порите, акни и воспаленија.
Зошто да користите масло за чистење на лицето?
Маслото за чистење е клучен чекор во двостепеното чистење (double cleansing) – метод што е основа на K-beauty рутините. Со неговата способност да раствора водоотпорна шминка, креми со SPF и насобран себум, тоа овозможува длабинско чистење без да ја исуши кожата.
Тимот на Beauty of Joseon тестираше бројни масла за да ја пронајде најдобрата основа за ова нежно, но моќно масло за чистење. Тие го избраа маслото од Glycine soja (соја) поради неговата лесна текстура и ефикасност во растворање на нечистотиите. Дополнително, формулата содржи масло од семе од женшен, кое му дава на производот природен, освежителен тревен мирис што овозможува пријатно и релаксирачко искуство за време на чистењето.
Мицеларна технологија за совршено чистење без нарушување на бариерата
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil ја користи најновата мицеларна технологија, која станува must-have тренд во 2024 за ефикасно и неженo чистење. Наместо да ја оштети кожната бариера, ова масло како магнет ги привлекува и отстранува нечистотиите и себумот, притоа ја хидрира и негува кожата.
За разлика од традиционалните сапуни, кои често предизвикуваат затегнатост и сувост, мицеларните масла работат на раздвојување на нечистотиите од кожата без агресивно отстранување на нејзината природна липидна матрица. Ова помага во одржување на здрава и балансирана кожа, без чувство на тежина или мрснотија.
Клучни состојки и нивните придобивки
✔ Масло од соја (50%) – Добиено од Glycine soja, ова масло содржи олеинска, линолна и линоленска киселина, кои делуваат како природен навлажнувач, ја измазнуваат кожата и спречуваат затнување на порите.
✔ Масло од семе од женшен (0,1%) – Моќен антиоксиданс кој ја зајакнува кожната бариера, ја штити кожата од штетните надворешни влијанија и ја смирува.
За кого е наменето?
Со Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil, вашата кожа останува длабински чиста, хидрирана и заштитена, додека нежните растителни масла се грижат за одржување на природниот баланс на кожата.
Сет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.
Oдржувајте ја кожата беспрекорно чиста и навлажнета со 𝗖𝗢𝗦𝗥𝗫 𝗣𝘂𝗿𝗲 𝗙𝗶𝘁 𝗖𝗶𝗰𝗮 𝗦𝗺𝗼𝗼𝘁𝗵𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗕𝗮𝗹𝗺, мек балзам за миење на лицето кој при употреба се топи во свиленкасто масло.
Со леснотија ќе ја растопи и комплетно ќе ја отсрани и најтврдокорната шминка. Совршен производ за оние со чувствителна кожа кои бараат неиритирачко и смирувачко средств за отстранување на шминката и чистење на кожата. Темелно ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и ги отстранува загадувачите од околината.
Овој балзам за миење го комбинира смирувачкиот комплекс Pure Fit Cica-7 со шиа путер не само за да ја смири чувствителната кожа, туку и да ја одржува свежа и добро навлажнета. Исто така содржи екстракт од кокос, природна состојка која нежно ги отстранува сите траги од шминка во еден лесен чекор.
Комплексот Pure Fit CICA-7 еприроден комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.
CICA-7 комплексот содржи:
Дејство на CICA-7 комплексот:
Направен е со безбедни состојки со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Докажано е неиритирачко со спроведување на дерматолошки тест за чувствителност на кожата.
Употреба: Нанесе од балзамот на суво лице и масирајте нежно за да се растопи. Потоа додадете малку вода и масирајте уште 30 секунди за да емулгира, на крај исплакнете темелно со млака вода.