450 ден Original price was: 450 ден.249 денCurrent price is: 249 ден.
Нема на залиха
450 ден Original price was: 450 ден.249 денCurrent price is: 249 ден.
Нема на залиха
Biodance Hydro Cera-nol Real Deep Mask е хидрогел маска со висока концентрација на активни состојки која обезбедува длабинска хидратација и обновување на кожната бариера. Брзо ја смирува и разладува иритираната и вцрвенета кожа. За разлика од обичните лист маски, секоја содржи цело шише ампула, претворено во хидрогел форма, што овозможува максимално апсорбирање на формулата во кожата.
Патентираниот комплекс Hydro Cera-nol делува синергиски за смирување на иритации, намалување на црвенилото и заштита од губење на влага, додека 50.000 ppm глечерска вода богата со минерали создава чувство на свежина и ја подобрува апсорпцијата.
Придобивки:
Клучни состојки
Клинички докажано хидратацијата на кожата се зголемува за 951.31%, црвенилото се намалува за 121%, а температурата на кожата намалена за 5.1°.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лист-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакате дополнителна хидратација и зацврстување.
Medicube Collagen Night Wrapping Mask е ноќна маска со пилинг ефект, дизајнирана за интензивна нега на еластичноста и хидратацијата на кожата додека спиете. Оваа иновативна формула создава колагенска заштитна фолија, која овозможува 8-часовна нега, подобрувајќи ја цврстината, влажноста и природниот сјај на кожата.
Специјално развиената peel-off mask текстура лесно се отстранува во еден слој, без да ја иритира кожата, оставајќи чувство на свежина и обновеност. Благодарение на комбинацијата на активни состојки и напредна корејска технологија, оваа ноќна маска видливо ја затегнува и измазнува кожата по само една употреба.
Како да се користи: нанесете рамномерен слој на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина. Оставете да се исуши преку ноќ, а наутро нежно отстранете ја во еден слој.
Оваа маска е идеална за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат длабинска нега и регенерација преку ноќ.