1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.131 денCurrent price is: 1.131 ден.
Користи го за:
Намалување на видливите знаци на стареење
Изедначување на тенот и подобрување на текстурата
Намалување на пигментации и флеки
Поголема еластичност, сјај и цврстина
Хидратација и стегнување на кожата
Намалување на појава на митесери
Начин на употреба: По темелно чистење на лицето, нанесете секојдневно мали количини од серумот. Нежно втријте со кружни движења сè додека не се впие целосно.
Задолжително користете SPF заштита во текот на денот за да ја кожата од фотосензитивност предизвикана од активните состојки.
Што го прави посебен ретинол серумот на 𝗬𝗘𝗢𝗨𝗧𝗛?
Тоа е моќен серум за борба против брчките, кој не само што ја спречува појавата на нови брчки, туку ДАВА ВПЕЧАТЛИВО ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ во намалување на постоечките брчки.
За разлика од најголемиот број ретинол серуми на пазарот, ретинол серумот на 𝗬𝗘𝗢𝗨𝗧𝗛 НЕ СОДРЖИ МАСЛА, што го прави погоден за сите типови кожа, вклучително и за комбинирана и мрсна кожа. Тоа е најдобар избор на серум за сите оние кои преферираат производи без масла.
Содржи 2.5% енкапсулиран ретинол, која е најпрепорачаната варијанта на ретинол денес за да се избегне иритација. Кај енкапсулираниот ретинол, активната состојка е обвиткана во заштитна материја или капсула, која е навлажнувачка материја и има способност да продре подлабоко низ слоевите на кожата пред да се ослободи активната состојка и да почне да делува. На овој начин ретинолот се ослободува подлабоко во кожата и постепено со текот на времето без да предизвика иритација, а со голема ефикасност.
Има едноставна формула од само 12 состојки, која ги исклучува сите непотребни состојки, со што се намалува ризикот од иритација и појава на алергија.
Не содржи парфем, масла и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Клучни состојки:
▪️ ретинол
▪️ хијалуронска киселина
▪️ витамин Е
▪️ алое вера
Faebey Go Away Concentrate 30ml е концентриран серум со гликолна киселина, салицилна киселина и AHA, формулиран за нежна, но ефикасна ексфолијација и подобрување на текстурата на кожата. Благодарение на неговото прочистувачко и хидрирачко дејство, помага во обновување на клетките, намалување на ситни брчки и пеги од сонце, како и прочистување на порите и мрсната кожа. Кожата станува посветла, помазна и со уедначен тон.
Овој серум е идеален за кожа склона кон акни, за сува или уморна кожа со видливи флеки и нерамна текстура. Комбинацијата на активни киселини овозможува длабинско прочистување и ја прави кожата видливо посјајна и помека.
Начин на употреба: Нанесете навечер на чисто лице. Со нежни кружни движења распоредете рамномерно на лицето, избегнувајќи ја зоната околу очите. Преку ден задолжително користете крема со висок SPF за да ја заштитите кожата. Не се препорачува употреба повеќе од еднаш дневно.
Изминатите години огромен број корисници ширум светот се уверија во квалитетот и ефикасноста на популарниот Snail Bee Ultimate Serum на Benton. Сега тука е неговата нова подобрена варијанта Benton Snail Ultimate Serum Plus.
Збогатен со 6 типа на пептиди и комплекс од ферменти на 5 билки, ви дава премиум нега за еластичност и зацврснување на кожата.
Вклучете го овој серум во дневната и ноќната нега на вашето лице доколку имате лузни од акни, зголемени пори или сакате да ги намалите и спречите брчките. За поинтензивна нега, комбинирајте го со останатите производи од линијата Snail Bee: лепенки за очи, тонер, маска, есенција, лосион или крем за лице и крем за очи.
Benton Snail Bee Ultimate Plus серумот е повеќефункционален серум збогатен со:
Помага за нега и смирување на кожата. Се препорачува за кожа која има потреба од интензивно потхранување, кожа со хиперпигментација и нерамномерен тен, кожа со слаб баланс на вода и масти, кожа на која ѝ е потребно зголемување на еластичноста, груба и опуштена кожа која има потреба од ревитализацијa.
⠀
Во согласност со филозофијата и праксата на брендот, Benton Snail Bee Ultimate серумот ви нуди здрава формула без штетни состојќи. Серумот не содржи парабени, силикони, алкохол, сулфати, вештачки ароми и бои.
Спакуван е во практично шишенце со пумпица за полесна хигиенска употреба, наместо пипета. Амбалажата не содрќи метал и е направена од материјал кој лесно се рециклира.