Земја на производство: Република Кореја
2.490 ден 2.390 ден
Оваа ампула е збогатена со патентираната состојка Cicahyalon™, која вклучува екстракт од Centella Asiatica, тројна хијалуронска киселина, Centella 4X комплекс и зелен прополис, нудејќи ефикасно смирување и интензивна хидратација на кожата. Благодарение на технологијата Cica Reedle™ со микро игли, активните состојки лесно продираат длабоко во кожата, овозможувајќи оптимални резултати. Во составот се вклучени ниацинамид и аденозин, кои ја подобруваат осветленоста и еластичноста на кожата, оставајќи ја мазна и полна.
Овој производ е безбеден за употреба на чувствителна кожа и е идеален за утринска рутина. CICA REEDLE технологијата помага во подобрување на апсорпцијата и ја активира кожата за одржување на здрав ритам. Ампулата е инфузирана со аквапорин, астаксантин и екстракт од алое вера, кои обезбедуваат длабока хидратација, смирување и енергија на кожата. Благодарение на смирувачките својства на CICA, производот ја поддржува апсорпцијата на активните состојки и ја разбудува кожата за свеж и здрав изглед.
Производот е огоден за употреба на чувствителна кожа и во утринската рутина.
Земја на производство: Република Кореја
2.490 ден 2.390 ден
На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки:
Збогатен со бакучиол, уште наречен растителен ретинол, Benton Bakuchiol Serum дава видливи резултати во борбата против брчките.
Серумот со бакучиол на Benton е анти-ејџ серум кој ги репарира оштетувањата на кожата и стимлулира создавање на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Исто така нуди антиоксидантни ефекти за борба против слободните радикали и надворешните штетни влијанија кои предизвикуваат оштетувања и предвремено стареење на кожата. Ја зајакнува заштитаната бариера и ја одржува кожата во здрава рамнотежа. Помага да се намали фотостареењето додека ја негува кожата.
Бакучиолот е состојка од растително потекло, алтернатива на ретинолот и ги нуди истите придобивки како ретинолот, додека не предизвикува иритација и сензитивност и смее да се користи за време на бременоста за разлика од ретинолот.
За зголемено дејство на производот, бакучиолот е надополнет со ниацинамид и аденозин, функционални состојки кои ја спречуваат појавата на брчки и ги намалуваат пигментираните дамки.
Серумот помага во измазнување на текстурата на кожата
Дополнително, ги отстранува акните и ја спречува појавата на нови.
Ја храни и навлажнува кожата, ја зајакнува нејзината заштитна бариера и го спрешува губењето на влажноста, ја одржува кожата навлажнета и хидрирана во текот на денот.
Дејство:
Употреба: Многу мала количина се нанесува рамномерно на лицето, или капка серум се меша со крем
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи: