-
COSRX Advanced Snail Peptide Eye Cream 25ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.Кажете им збогум на уморните очи со Advanced Snail Peptide Eye Cream од најпознатиот бренд за корејска козметика, COSRX. Овој лесен, но моќен крем со двојна функција е специјално формулиран да го осветли пределот околу очите, видливо да ги избледи темните кругови и да ја намали подуеноста. Со неверојатни 72% филтрат од слуз од полжав, овој крем обезбедува длабинска регенерација и свежина која трае во текот на целиот ден.
Овој производ е идеален за сите кои сакаат да ја превенираат појавата на првите брчки во своите 20-ти, како и за оние во своите 30-ти кои веќе се фокусирани на поинтензивна анти-ејџ нега. Неговата немрсна текстура брзо се впива, што го прави совршена база за шминка. Како дополнение на култната есенција Advanced Snail 96 Mucin Power Essence, овој крем е задолжителен чекор за секој што се стреми кон совршен корејски „glass skin“ изглед.
Комплексот од 5 видови пептиди е „херој“ состојка на овој производ која работи во синергија со муцинот. Овие пептиди делуваат како градители кои го стимулираат производството на колаген и еластин, враќајќи ја еластичноста и цврстината на тенката кожа околу очите и пополнувајќи ги фините линии одвнатре.
Филтратот од слуз од полжав е уникатна природна состојка која содржи совршен баланс на хијалуронска киселина, гликопротеини и бакарни пептиди. Неговата примарна функција е интензивна регенерација, тој делува како природен лепак кој ги поправа микро-оштетувањата на кожата, го смирува црвенилото и ја забрзува обновата на клетките. Со своите силни антибактериски и хидратантни својства, муцинот ја прави кожата неверојатно мазна, го зајакнува нејзиниот заштитен слој и го враќа здравиот сјај, што го прави незаменлив за кожа на која ѝ е потребна ревитализација.
Зошто е посебен?
-
Содржи неверојатни 72% муцин од полжав, благодарение на кој ја навлажнува, штити и подмладува деликатната кожа.
-
Збогатен е со 5 видови пептиди кои го поттикнуваат производство на колаген и ја враќаат цврстината.
-
Ниацинамидот (витамин Б3) интензивно ги осветлува темните кругови и го изедначува тонот.
-
Има двојно дејство, истовремено дејствува на осветлување и на затегнување (антиејџ).
-
Има лесна текстура, не предизвикува милиа и не ѝ дава чувство на тежина на кожата.
Клучни придобивки:
-
Видливо ја намалува појавата на темни кругови и уморен изглед.
-
Ја елиминира подуеноста под очите.
-
Ги „брише“ фините линии и спречува појава на нови брчки.
-
Обезбедува долготрајна хидратација на најчувствителниот дел од лицето.
-
Формула без парабени, вештачки мириси и иританти.
Процесот на собирање на муцинот во COSRX е целосно безбеден и пријатен за полжавите. Тие се поставуваат во тивка и темна просторија врз специјална мрежа, каде што се оставени слободно да се движат. Како што полжавите ползат, тие природно оставаат муцин по својата патека, без никаков надворешен притисок или принуда. Потоа, тие се враќаат во нивните природни живеалишта, а собраниот муцин се прочистува и се подготвува за козметичка употреба. Ниту еден полжав не е повреден во овој процес.
Начин на употреба: По нанесувањето на есенција или серум на лицето, земете мала количина од кремот (колку зрно грашок) на врвот на прстите. Нежно натапкјте го во пределот околу очите, избегнувајќи директен контакт со окото. Користете го наутро за енергизирање и навечер за длабинска обнова.
-
-
COSRX Advanced The Vitamin C 23 serum 20ml
2.090 денOriginal price was: 2.090 ден.1.568 денCurrent price is: 1.568 ден. -
COSRX AHA 7 Whitehead Power Liquid 100ml
1.190 денOriginal price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.Тоа е тонер направен со 7% гликолна киселина, оваа есенција помага да се постигне чист и сјаен тен преку нежна ексфолиација.
-
COSRX AHA/BHA Clarifying Treatment Toner 150ml
1.090 денOriginal price was: 1.090 ден.818 денCurrent price is: 818 ден.Тоа е тонер во спреј со фрмула која има ниска pH вредност и прочистувачки растителни состојки, овој тонер делува на освежување, смирување и омекнување на кожата. Содржи AHA и BHA киселини за нежна ексфолијација.
-
COSRX Aloe 54.2 Aqua Tone-up Sunscreen SPF 50+ PA++++ 50ml
990 денOriginal price was: 990 ден.743 денCurrent price is: 743 ден. -
COSRX Aloe Soothing Sun Cream 50ml
950 денOriginal price was: 950 ден.713 денCurrent price is: 713 ден.Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.
-
COSRX Balancium Comfort Ceramide Cream 80g
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.343 денCurrent price is: 1.343 ден.Поправете ја и зајакнете ја природната бариера на кожата со 𝐁𝐚𝐥𝐚𝐧𝐜𝐢𝐮𝐦 𝐂𝐨𝐦𝐟𝐨𝐫𝐭 𝐂𝐞𝐫𝐚𝐦𝐢𝐝𝐞 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 на 𝐂𝐎𝐒𝐑𝐗.
Лесен, но богат хидратантен крем за кожа која страда од сензитивност. Избалансиран крем кој помага да ја смирите и зајакнете ја вашата кожа без чувство на затнување или маснотии.
Церамидот NP ја зајакнува оштетената кожна бариера и ја регенерира сензибилизираната и оштетена кожа. Церамидите се липиди природно присутни во кожата и играат значајна улога во одржување на нивото на влажност во кожата преку одржување на нејзината заштитна бариера со спречување на губење на влажноста.
Ќе ѝ кажете и збогум на сувата и дехидрирана кожа! Високо ефективните, врвни состојки го обновуваат балансот помеѓу водата и мастите на кожата, пружаат долготрајна хидратација и ја подобруваат еластичноста на кожата. Овој крем на кожата кожата давајќи ѝ здрав, полн и свеж изглед.
Клучни состојки:
- Церамиди
Содржи Церамид NP кој ја обновува заштитната бариера на кожата за да ја задржи влагата, да ги намали видливите знаци на стареење и да го блокира оштетувањето од штетните влијанија.Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста и да се спречат штетните влијанија. - Азиска центела
Високо ефективната азиска центела, ја регенерира кожата, ја смирува иритацијата, ја штити чувствителната кожа и ја зајакнува бариерата на кожата. - Пантенол
Пантенолот го превенира губење на влажност на кожата. Ја зајакнува заштитната бариера и ја штити од штетните влијанија од околината
Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Овој крем е хипоалерген и е погоден за сите возрасти.
- Церамиди
-
COSRX BHA Blackhead Power Liquid 100ml
1.420 денOriginal price was: 1.420 ден.1.278 денCurrent price is: 1.278 ден.Кажете им збогум на црнките, задраво на чистите пори!
Тое е тонер со BHA и ниацинамид за нежна ексфолијација и контрола на маснотијата. Овој можен BHA тонер против црнки помага да се отстранат црнките и да се контролира вишокот на себум додека ѝ пружа хидратација на кожата.
ПРЕДНОСТИ• Чистење на затнатите пори
• Спречување на акни и намалување на трагите од акни и флеки
• Балансирање на продукција на маснотија
ТАРГЕТИРА
• Затнати, зголемени пори
• Црнки и комедони
• Нега на Т-зоната
• Мрсна кожа склона кон акни
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По чистењето на лицето, нанесете ја на кожата како тонер. Пред да преминете на следниот чекор, проверете дали течноста е целосно апсорбирана. Препорачуваме употреба 2-3 пати неделно, а според состојбата на кожата може постепено да се зголеми употребата. *Доколку се користи во текот на денот, задолжително нанесете крем за заштита од сонце.
-
COSRX Centella Blemish Cream
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Centella Blemish Cream e крем збогатен со азиска центела. Овој смирувачки крем помага да се смират чувствителните или иритираните делови од кожата. Употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанесете на таргетирани делови од лицето по потреба. Состав: вода од лист од Centella asiatica, бутилен гликол, глицерин, масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), цинк оксид, диметикон, бетаин, 1,2-хександиол, екстракт од Viola tricolor, масло од Elaeis guineensis (палма), екстракт од јатки од Elaeis guineensis (палма), цетеарил алкохол, цетеарил оливат, сорбитан оливат, екстракт од Centella asiatica, цинк PCA, хидроксиетил акрилат/ натриум акрилоилдиметил таурат кополимер, ксантан гума, масло од лист од Melaleuca Alternifolia (чајно дрво), екстракѕ од корен од Scutelaria baicalensis. -
COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule
1.620 денOriginal price was: 1.620 ден.1.215 денCurrent price is: 1.215 ден.Формулирана со 83,25% екстракт од прополис, оваа висококонцентрирана ампула го осветлува тенот и на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација и таа зрачи со младешки сјај. -
COSRX Full Fit Propolis Light Cream
1.960 денOriginal price was: 1.960 ден.1.470 денCurrent price is: 1.470 ден.Ви го претставуваме Full Fit Propolis Light Cream на познатиот корејски бренд COSRX. Тоа е хидратантен крем со висок процент на црн пчелин прополис и антиоксиданти.Нема да верувате дека овој лесен крем е направен од 65,69% од прополис се додека не го пробате и дополнително ќе се изненадите кога ќе ја искусите неговата хидратантната моќ.ШТО ГО ПРАВИ ОВОЈ КРЕМ ПОСЕБЕН?▪️ Содржи 65.69% Full Fit Pro Complex, кој е уникатен комплекс од прополис формулиран од COSRX Lab. Тој се состои од екстрат од црн пчелин прополис, екстракт од мед и екстракт од матичен млеч познати по своите антиинфламаторни и антибактериски својства.
▪️ Тоа е крем наменет за сите типови кожа и сите временски услови. Благодарение на својата лесна гел текстура овој крем брзо и лесно се впива во кожата што овозможува да го користите во било какви временски услови, без разлика каде сте, на топло влажно време или во ладно и суво време. Без разлика на типот на кожата, овој лесен хидратантен крем лесно се впива без чувство на маснотија.
▪️ На кожата ѝ дава полн, цврст и свеж изглед, што го прави одличен последен чекор од рутината за нега. Можете да го комбинирате со останатите производи од истата линија или да го вметнете во вашата веќе постоечка рутина. Доколку се користи заедно со Full fit Propolis тонерот и ампулата неговото дејство се зголемува и дава позабележителен полн изглед на кожата. На кожата и дава сјај во текот на целиот ден и е одлична подлога за шминка.
Препорачана рутина:1. Наполнете ја кожата со влажност со COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner.2. Дајте ѝ сјај со COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule.3. Завршете ја рутината со COSRX Full Fit Propolis Light Cream. -
COSRX Full Fit Propolis Nourishing Magnet Sheet Mask
299 денOriginal price was: 299 ден.224 денCurrent price is: 224 ден.Збогатена со прополис, матична млеч и екстракт од мед, оваа лист-маска ѝ пружа прихрана и долготрајна хидратација на кожата.