-
Facetheory Porebright Niacinamide 10% Refining Serum 30ml
2.100 денOriginal price was: 2.100 ден.1.750 денCurrent price is: 1.750 ден.За за чиста кожа без видливи пори и акни, Facetheory Porebright Serum N10!
Facetheory Porebright Serum N10 e лесен серум формулиран со 10% ниацинамид и 0.1% азелаична киселина за да ги намали порите, пигментацијата и црвенилото, за да го изедначи тонот на кожата. Исто така го превенира фотостареењето на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Ниацинамидот, или витаминот B3 е активна состојка која ги намалува проширените пори и го балансира создавањето на маснотии во кожата. Исто така ја зајакнува природната бариера на кожата.
- Азелаичната киселина е природна состојка добиена од житарки која ги сузбива бактериите кои предизвикуваат акни и ја намалува хиперпигментацијата.
- Салицилната киселина прави нежна ексфолијација и ги одржува чисти порите со што ја прави текстурата на кожата помазна.
- Хијалуронската киселина ја подрбрува хидратацијата на кожата, ја одржува влажната бариера и ја подобрува апсорпцијата на активните состојки. Исто така го помага создавањето на колаген.
ДЕЈСТВО:
- Ги намалува проширените пори.
- Ги чисти и одржува затнатите пори и ја спречува појавата на акни.
- Го изедначува тенот, ја намалува хиперпигментацијата, го намалува црвенилото.
- Го намалува фотостареењето, ја намалува појавата на фини линии и пигментирани дамки.
- Прави блага ексфилијација со што ја подобрува текстурата на кожата.
Производот е сертифицирано cruelty-free. Не содржи парабени, PEG, SLS, SLES и минерални масла.
И на крај, но не помалку важно, амбалажата на производот е рециклирачка, направена од стакло и алуминиум како и биоразградив материјал.
-
Facetheory Porebright Niacinamide Refining Toner 200ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.390 денCurrent price is: 1.390 ден.Тоа е тонер за намалување на порите, со ниацинамид, церамиди и витамин Ц. Тоа е лесен тонер формулиран со церамиди и 5% ниацинамид (витамин Б3) за балансирање на маснотиите, подобрување на еластичноста и минимизирање на големината на порите. Церамидот е компонента на заштитниот слој кој ѝ помага на кожата да ја задржи влагата. Овој слој може да се намали со возраста и изложеноста на фактори на стрес од животната средина. Тонерот за намалување на порите Cera-C помага да се надополни и да се врати природната рамнотежа на кожата. Пантенолот (витамин Б5) ѝ помага на кожата да ја апсорбира влагата. Стабилизираниот витамин Ц се бори против бактериите кои предизвикуваат акни и ја осветлува кожата. Натриум лактатот ја хидрира кожата. Алое вера и витамин Е смируваат. Млечната киселина е алфа хидроксилна киселина, помага да се изедначи тонот на кожата. Тонерите на Facetheory не содржат алкохол. Затоа даваат малку поинакво чувство од алкохолните тонери и ги прави помалку иритирачки за чувствителната кожа.
-
-
-
Facetheory Resveratrol Antioxidant Serum 30ml
2.350 денOriginal price was: 2.350 ден.1.999 денCurrent price is: 1.999 ден. -
Facetheory Retinol Firming Moisturiser 0.3% 50ml
2.650 денOriginal price was: 2.650 ден.2.120 денCurrent price is: 2.120 ден.Retinol Firming Moisturiser 0.3% – хидратантен крем со ретинол кој обезбедува подмладена, хидрирана и осветлена кожа! Овој крем содржи 0.3% ретинол за намалување на фините линии и неправилности, а истовремено со хијалуронска киселина и витамини C и E ја храни и освежува кожата.
Главни придобивки:
- Затегнува и ја подобрува текстурата на кожата
- Осветлува и го изедначува тенот
- Хидрира длабински и ја враќа свежината
Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа. Идеален за сите кои сакаат да ги намалат знаците на стареење, дехидрација, пигментација и нерамномерен тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го после серумите, но пред маслата, како дел од вашата вечерна рутина.
Клучни состојки:
- 0.3% Ретинол – ги намалува фините линии и брчки, го поттикнува производството на колаген и го забрзува обновувањето на кожните клетки, помагајќи да се намалат видливите знаци на фото-стареење.
- Хијалуронска киселина и витамини C и E – за интензивна хидратација и осветлување, кои ја прават кожата свежа и полна со живот.
Со Retinol Firming Moisturiser 0.3%, уживајте во подмладен и изедначен тен секоја вечер!
-
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser 50ml
1.580 денOriginal price was: 1.580 ден.1.490 денCurrent price is: 1.490 ден.Тоа е гел бомба исполнета со хидратација без масло, која осветлува и ги намалува порите. Мрсната Т-зона го најде својот противник.
Доколку имате мрсна или проблематична кожа, сигурно знаете дека не е лесно да се најде соодветен крем кој нема дополнително да ја влошува состојбата на кожата, туку напротив ќе делува на нејзино подобрување. Имаме добра вест, тука е навлажнувачки гел-крем без масла на 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 наменет за мрсна кожа и кожа склона кон акни.
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser
– е некомедоген
– безбеден е за фунгални акни
– не содржи масла
– не содржи силикони
– ги одржува чисти порите
– прави благ пилинг и ја подобрува текстуратаОвој гел-крем без масло ја хидрира кожата, а е доволно лесен за употреба на кожа со затнати пори и склона кон акни. Специјално е формулиран за мрсна кожа.
Ниацинамидот ја намалува големината на порите. Салицилна киселина го одзатнува порите без да предизвика иритација. Екстрактите од камилица, алое вера и зелен чај ја смируваат проблематичната кожа. Стабилизираниот витамин Ц ја осветлува кожата додека се бори против акните, напаѓајќи ги бактериите кои ги предизвикуваат.
▪️ Алое вера го прочистува вишокот на себум и ја смирува и хидрира кожата.
▪️ Екстрактот од камилица е моќен антиоксидант кој ја смирува уморната кожа. Содржи флавоноиди, вклучувајќи го кверцетинот и апегенинот.
▪️ Екстрактот од зелен чај содржи низа полифеноли, кои имаат докажано антиоксидантно дејство во заштита на кожата.
▪️ Хијалуронската киселина го заштитува водениот баланс на кожата со што ја помага апсорпцијата на активните состојки и ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана.
▪️ Млечната чиселина е алфа хидроксилна киселина (AHA) која помага во ексфолијација на кожата.
▪️ Салицилната киселина е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките и ја обновува површината на кожата.
▪️ Витаминот Ц е ефикасен антиоксидант кој помага во одбрана на кожата од слободните радикали и го намалува оштетувањето предизвикано од штетните влијанија од околината.
-
Facetheory Supergel+ Oil-Free Moisturiser 50ml
2.280 денOriginal price was: 2.280 ден.1.890 денCurrent price is: 1.890 ден.Supergel+ Oil-Free Moisturiser е лесен хидратантен гел-крем без масла, формулиран со салицилна киселина, ниацинамид и пребиотици за да ја балансира комбинираната и кожа склона кон акни. Овој гел-крем помага во регулирањето на себумот и хидратацијата, обезбедувајќи свежина и рамнотежа на кожата.
Главни придобивки:
- Хидрира и го обновува нивото на влажност.
- Балансира и ги смирува неправилностите.
- Ги чисти порите и го изедначува тенот.
Погоден за:
- Мрсна кожа
- Комбинирана кожа
Таргетира:
- Дехидрација
- Комедони
- Нееднаква текстура
- Неправилности
Како да го користите: Нанесете го после серумите, но пред масла, како дел од вашата рутина.
Клучни состојки:
- Ниацинамид – помага за изедначување на тенот и минимизирање на проширените пори
- Пребиотици – го поддржуваат балансот на кожата за здрава и чиста текстура
-
Facetheory Vitamin C Cream Cleanser C1 MINI 30ml
650 денOriginal price was: 650 ден.450 денCurrent price is: 450 ден. -
FAEBEY BRIGHT BOOST Facial Ampoules / Vitamin C 7x2ml
1.150 денBright Boost се ампули за локална примена со висока концентрација на витамин C, формулирани за осветлување на кожата, поддршка на природната синтеза на колаген и подобрување на еластичноста. Овој производ помага да се намалат видливите знаци на стареење, како што се фините линии и брчки, и истовремено делува на хиперпигментација и дамки од акни, оставајќи ја кожата свежа, сјајна и изедначена.
Витаминот C е еден од најмоќните антиоксиданти, познат по својата способност да го заштити кожното ткиво од оксидативен стрес и слободни радикали. Со редовна употреба, ја поттикнува продукцијата на колаген и еластин, што ја подобрува структурата и цврстината на кожата. Дополнително, овозможува и длабинска хидратација, оставајќи ја кожата со полн и хидриран изглед.
Формулата е лесна и брзо се апсорбира, без да остава мрсни остатоци, што ја прави погодна за утринска или вечерна рутина. Ампулите се индивидуално пакувани за да се зачува ефективноста на витаминот C и да се спречи оксидација и контаминација, што овозможува хигиенска и практична употреба, дури и при патување.
Производот е формулиран така што е погоден за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна.
Начин на употреба:
-
Протресете ја ампулата пред употреба.
-
Поставете го апликаторот и внимателно скршете го врвот на ампулата.
-
Вметнете го апликаторот и истиснете ја содржината во дланката.
-
Нанесете на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето со нежни движења додека целосно не се апсорбира.
-
Продолжете со вашата вообичаена крема.
Bright Boost ампулите се идеално решение за секојдневна нега на кожа што бара дополнителен сјај, уедначен тен и заштита од предвремено стареење.
Мерки на претпазливост:
-
За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.
-
Никогаш не отворајте со непокриени раце.
-
Производот не е за инјектирање.
-
Избегнувајте контакт со очи и слузници.
-
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAEBEY Concentrate EYE SOUFFLÉ with Caffeine and Orchistem 30ml
790 денНека EYE SOUFFLÉ Concentrate на Шпанскиот бренд FAEBEY биде вашиот нов антиејџ сојузник за нега на кожата околу очите e .
Овој серум содржи кофеин и стем клетки од орхидеа и помага да се намали подуеноста, да се хидрира и зацврсти кожата и да се дренира вишокот течности.
Ја штити кожата на деликатна област околу очите од надворешни штетни влијанија (загадување, стрес итн.), благодарение на неговите обновувачки, антиоксидантни и смирувачки својства.
Со редовна употреба, ден по ден, контурата на очите ќе станува помазна, брчките и линиите на експресија ќе бидат омекнати, а кожата ќе стане посветла.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Клучни придобивки:
-
Намалува оток и го осветлува пределот околу очите
-
Ги намалува знаците на замор, стрес и стареење
-
Делува против темни подочници и подочни кеси
-
Ги измазнува брчките и фините линии
Начин на употреба: Нанесете на совршено чиста кожа со нежни тапкања на пределот околу очите. Користете секојдневно, наутро и/или навечер за оптимални резултати.
-
-
FAEBEY Concentrate FLASH FIX with Vitamin C and Kojic Acid 30ml
1.350 денДоколку ви е потребна инстант ревитализација на вашата уморна кожа тука е 𝗙𝗟𝗔𝗦𝗛 𝗙𝗜𝗫 серумот за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬. Овој серум со витамин Ц и коична киселина веднаш ги враќа сјајот и свежината на кожата, а со континуирана употреба го подобрува тенот.𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗙𝗟𝗔𝗦𝗛 𝗙𝗜𝗫 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 𝗖𝗼𝗻𝗰𝗲𝗻𝘁𝗿𝗮𝘁𝗲 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗮𝗻𝗱 𝗞𝗼𝗷𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 има депигментирачко, зацврстувачко, антиоксидантно и подмладувачко дејство. Неговата формула која брзо се апсорбира помага во ревитализација на уморната кожа со подобрување на тенот и зголемување на свежината и сјајот благодарение на комбинацијата на неговите активни состојки.Помага за подобрување и одржување на долгорочен ефект на третманите како што се ласер, импулсна светлина или пилинг.Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.Коичната киселина има способност да навлезе во подлабоките слоеви на кожата и да го запре производството на меланин, што ја прави ефикасна во избледување на пигментираните дамки. Дава одлични резултати кога се користи во комбинација со витамин Ц.FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.Користи го за:
-
Намалување на видливите знаци на стареење
-
Изедначување на тенот и подобрување на текстурата
-
Намалување на пигментации и флеки
-
Поголема еластичност, сјај и цврстина
-
Хидратација и стегнување на кожата
-
Намалување на појава на митесери
Начин на употреба: По темелно чистење на лицето, нанесете секојдневно мали количини од серумот. Нежно втријте со кружни движења сè додека не се впие целосно.
Задолжително користете SPF заштита во текот на денот за да ја кожата од фотосензитивност предизвикана од активните состојки. -