-
Beauty of Joseon Green Plum Refreshing Cleanser 100ml
531 денBeauty of Joseon Green Plum Refreshing Cleanser – длабинско чистење без оштетување на кожната бариера
Кога барате најдобар гел за чистење на лице, важно е да изберете производ кој има моќна способност за чистење, без да ја наруши природната бариера на кожата.
Green Plum Refreshing Cleanser од Beauty of Joseon е нежен пенлив чистач кој темелно ги отстранува сите нечистотии, себум и остатоци од шминка, без да предизвика иритација или сушење.
pH балансирачка формула за заштита на кожната бариера
Здравата кожа има блага киселост благодарение на природните киселински компоненти што ги лачат потните и лојните жлезди. Кога pH балансот се нарушува, кожата станува чувствителна, склона кон воспаленија и сува.
- Хипоалергенска формула со блага киселост – одржува здрав pH баланс, спречува оштетување на кожната бариера и ја задржува влажноста
- Нежно чистење без сушење – овозможува длабинско, но неагресивно отстранување на нечистотиите, без да остави чувство на затегнатост
hanbang формула – традиционални природни екстракти за длабинско чистење
- 24% екстракт од слива – богат со органски киселини и витамини, кои ги омекнуваат и отстрануваат старите мртви клетки на кожата, ја подобруваат текстурата и ја хидрираат кожата
- 3% екстракт од семе од мунго грав – природен пилинг агент, кој се користел во Hanbang (корејска традиционална медицина) за темелно чистење на лицето
- Сапонини од мунго грав – ја одржуваат кожата хидрирана подолго време, спречуваат исушување и ја зајакнуваат кожната бариера
зошто да го изберете green plum refreshing cleanser
- Ефикасно ги отстранува нечистотиите, себумот и остатоците од шминка
- Не ја суши кожата – остава чувство на хидратација и свежина
- Балансира pH вредноста, спречувајќи чувствителност и иритации
- Содржи природни состојки погодни за чувствителна, комбинирана и мрсна кожа
- Идеален за утринска и вечерна рутина, особено како дел од двостепено чистење (double cleansing)
- Гел текстура која создава нежна пена, лесно се плакне и не остава тежок остаток
Green Plum Refreshing Cleanser е идеален избор за секојдневно користење, обезбедувајќи свежа, мазна и балансирана кожа, без чувство на сувост.
-
Beauty of Joseon Green Plum Refreshing Toner : AHA + BHA 150ml
1.390 денРамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
-
Beauty of Joseon Hanbang Serum Discovery Kit
1.750 денСакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи:
- 𝐂𝐚𝐥𝐦𝐢𝐧𝐠 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐆𝐫𝐞𝐞𝐧 𝐓𝐞𝐚 + 𝐏𝐚𝐧𝐭𝐡𝐞𝐧𝐨𝐥 10ml
Овој серум кои ги смирува црвенилото и иритацијата содржи 76% вода од зелен чај и 2% пантенол, состојки познати по своето смирувачко дејство. Оваа нежна формула е надополнета си екстракт од Artemisia vulgaris, екстракт од Centella asiatica extract, натриум хијалуронат, екстракт од прополис. - 𝐆𝐥𝐨𝐰 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐏𝐫𝐨𝐩𝐨𝐥𝐢𝐬 + 𝐍𝐢𝐚𝐜𝐢𝐧𝐚𝐦𝐢𝐝𝐞 10ml
Тоа е серум за осветлување на пигментираните дамки и подобрување на тенот, кој содржи 59,94% екстракт од прополис и 2% ниацинамид. Формулата е надополнета со таману масло, бетаин салицилат (BHA), екстракт од чајно дрво, екстракт од семе од Lotus. - 𝐆𝐥𝐨𝐰 𝐃𝐞𝐞𝐩 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐑𝐢𝐜𝐞 + 𝐀𝐥𝐩𝐡𝐚-𝐀𝐫𝐛𝐮𝐭𝐢𝐧 10ml
Овој моќен серум содржи 68,6% вода од оризови трици и екстракт од ориз кои помагаат за осветлување на тенот и прочистување, како и и 2% арбутин кој ја избледува хиперпигментацијата. Неговата форула е надополнета со ниацинамид, екстракт од соино семе, екстракт од сусам и екстракт од јачмен.
- 𝐑𝐞𝐯𝐢𝐯𝐞 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐆𝐢𝐧𝐬𝐞𝐧𝐠 + 𝐒𝐧𝐚𝐢𝐥 𝐌𝐮𝐜𝐢𝐧 10ml
Овој серум кој ги намалува брчките, ги намалува пигментираните дамки и го подобрува тенот, содржи 63,36% вода од корен од женшен и 3,01% филтрат од слуз од полжав. Оваа формула за поголема ефикасност, дополнително е збогатена со аденозин, екстракт од мацутаке, екстракт од корен од женшен, ниацинамид, екстракт од плод од Cornus officinalis и хијалуронска киселина.
- 𝐂𝐚𝐥𝐦𝐢𝐧𝐠 𝐒𝐞𝐫𝐮𝐦 : 𝐆𝐫𝐞𝐞𝐧 𝐓𝐞𝐚 + 𝐏𝐚𝐧𝐭𝐡𝐞𝐧𝐨𝐥 10ml
-
Beauty of Joseon Jelloskin Massage Cream for face & body 200ml
1.341 денBeauty of Joseon JELLOSKIN Massage Cream е луксузен масажен крем, создаден во соработка со @glowwithava, кој ја комбинира Hanbang традицијата и модерната нега на кожа. Формулиран за масажа на лицето и телото, овој крем ја релаксира кожата, ја подобрува хидратацијата и ја поддржува кожната бариера.
Клучни состојки и придобивки:
- Centiger Bean екстракт – збогатен со изофлавони, сапонини и протеини, ја одржува кожата хидрирана и смирувачка, додека ферментацијата со екстракт од Centella Asiatica ја зајакнува кожната бариера.
- Масло од оризови трици – традиционално користено за масажа и нега на кожа, богато со витамини A, B1, B6, железо и минерали за длабинска нега и подобрен сјај на кожата.
Придобивки:
- Мултифункционална формула – може да се користи како масажен крем или како хидратантна крема за лице и тело.
- Кадифена текстура без лепливост – глатко се размачкува, овозможувајќи масажа без триење или иритации.
- Поддршка на кожната бариера – ја зајакнува заштитната функција на кожата, помагајќи во одржување на здрав и балансиран изглед.
- Совршен за употреба со Gua Sha или рачна масажа – за зголемување на циркулацијата и подобрување на тонусот на кожата.
Како да се користи:
Нанесете доволна количина на лицето и телото. Масирајте со раце или користете Gua Sha алатка за подобар ефект.
Овој нежен масажен крем со оризово масло и Centiger екстракт е идеален за оние што сакаат да додадат момент на релаксација во својата рутина, притоа обезбедувајќи длабинска хидратација и подобрување на тонусот на кожата.
-
Beauty of Joseon Light On Serum : Centella + Vita C 10ml
450 денBeauty of Joseon Light On Serum: Centella + Vitamin C е осветлувачки серум, формулиран со 68% екстракт од Centella Asiatica и 10% стабилизирана витамин C дериват за смирување, хидратација и подобрување на тенот. Овој серум е создаден за намалување на хиперпигментацијата и изедначување на кожата, без вообичаената лепливост или иритација што ја имаат некои производи со чист витамин C.
Клучни состојки и придобивки:
- Centella Asiatica екстракт (68%) – познат како „тигарска трева“, богат со мадеказозид и азиатична киселина, кои ја смируваат и обновуваат кожата.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid (10%) – стабилен витамин C дериват, кој се апсорбира лесно и помага во намалување на темни дамки и подобрување на сјајот.
Придобивки:
- Изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата
- Смирувачко дејство благодарение на екстрактот од Centella Asiatica
- Хидратантна формула без чувство на лепливост или тежина
- Погоден за чувствителна кожа благодарение на нежен, неиритирачки витамин C
Како да се користи:
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција. Користете го наутро и навечер, секогаш комбинирајќи со заштитен фактор во утринската рутина.
Овој серум со Centella и витамин C е идеален за оние што сакаат да постигнат здрав и осветлен тен без иритација.
-
Beauty of Joseon Light On Serum : Centella + Vita C 30ml
855 денBeauty of Joseon Light On Serum: Centella + Vitamin C е осветлувачки серум, формулиран со 68% екстракт од Centella Asiatica и 10% стабилизирана витамин C дериват за смирување, хидратација и подобрување на тенот. Овој серум е создаден за намалување на хиперпигментацијата и изедначување на кожата, без вообичаената лепливост или иритација што ја имаат некои производи со чист витамин C.
Клучни состојки и придобивки:
- Centella Asiatica екстракт (68%) – познат како „тигарска трева“, богат со мадеказозид и азиатична киселина, кои ја смируваат и обновуваат кожата.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid (10%) – стабилен витамин C дериват, кој се апсорбира лесно и помага во намалување на темни дамки и подобрување на сјајот.
Придобивки:
- Изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата
- Смирувачко дејство благодарение на екстрактот од Centella Asiatica
- Хидратантна формула без чувство на лепливост или тежина
- Погоден за чувствителна кожа благодарение на нежен, неиритирачки витамин C
Како да се користи:
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција. Користете го наутро и навечер, секогаш комбинирајќи со заштитен фактор во утринската рутина.
Овој серум со Centella и витамин C е идеален за оние што сакаат да постигнат здрав и осветлен тен без иритација.
-
Beauty of Joseon Matte Sun Stick 18g
1.161 денBeauty of Joseon Matte Sun Stick: Mugwort + Camellia SPF50+ PA++++ е практичен сончев стик кој обезбедува висока заштита од УВ зраци без лепливост или тежина на кожата. Благодарение на силика пудрата, контролира вишок себум и остава долготраен мат финиш, што го прави идеален за комбинирана и мрсна кожа.
Клучни состојки и придобивки:
- Екстракт од пелин (Mugwort) – смирувачки и антиоксидативен ефект
- Камелија масло – хидратација и зајакнување на кожната бариера
- Центела Азијатика и зелен чај – намалување на иритации и заштита од надворешни фактори
- Силика пудра – апсорбира вишок себум и спречува сјај
Придобивки:
- Мат финиш без лепливост или бела трага
- Лесен за повторна апликација преку денот
- Погоден за сите типови кожа, особено мрсна и комбинирана
- Практичен формат за патување и секојдневна употреба
Како да се користи:
Нанесете на последниот чекор од рутината за нега, лесно повлекувајќи го стикот врз областите изложени на сонце. Повторувајте апликација во текот на денот за оптимална заштита.
Овој сончев стик со мат ефект е совршен за оние што сакаат брза, лесна и ефективна заштита од сонце без тежина на кожата.
-
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm 100ml
1.071 денBeauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Карактеристики:
- Цврста балзам текстура – Нежен, мек балсам кој се топи при контакт со кожата и темелно ги раствора нечистотиите.
- Маслен отстранувач на шминка – Раствора водоотпорна шминка без потреба од дополнителен отстранувач и не предизвикува замаглување на очите.
- Одржува хидратација – Благодарение на оризовите трици и зрнести екстракти, кожата останува свежа и навлажнета по чистењето.
Клучни состојки:
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Како да се користи:
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.
-
Beauty of Joseon Red Bean Refreshing Pore Mask 140ml
1.404 денНашите пори се природни канали преку кои себумот излегува на површината на кожата. Кога мртвите клетки и вишокот себум ги затнуваат овие канали, порите се шират и кожата изгледа нерамномерно. Соодветната нега на порите вклучува темелно чистење на наталожените нечистотии, а потоа и разладување на кожата за балансиран и освежен изглед.
Beauty of Joseon Red Bean Mask е дизајнирана да го поддржи овој процес преку моќна комбинација на природни состојки од земјата – местото од кое потекнуваме. Овој прочистувачки третман содржи историски ценети состојки како што се црвен грав и каолин, кои заедно работат на длабинско чистење и ексфолијација.
Клучни состојки и нивните придобивки:
- Екстракт од црвен грав (30%) – Омилен во традиционалната корејска медицина и нега на кожата, овој екстракт е богат со сапонин, кој помага да се апсорбира себумот и делува како природен ексфолијант.
- Каолин – Природна глина која длабински впива маснотии, ги чисти порите и ја подобрува текстурата на кожата.
- Освежувачка калеста текстура – Благодарение на нејзината навлажнувачка формула, оваа маска нежно ја чисти кожата без да предизвика чувство на сувост или затегнатост.
Како да ја користите:
- По чистење на лицето, нанесете рамномерно на сува кожа.
- Оставете да делува 5-10 минути.
- Нежно масирајте со млака вода, а потоа целосно исплакнете.
Со својата длабинска прочистувачка формула, Beauty of Joseon Red Bean Mask е совршен сојузник за масна и комбинирана кожа, оставајќи ја кожата мека, мазна и освежена по секоја употреба.
-
Beauty of Joseon Red Bean Water Gel 100ml
1.251 денСо текот на времето, кожата губи влажност и масло, што доведува до појава на ситни брчки и дисбаланс во лачењето на себум. Оваа нерамнотежа може да предизвика воспаленија и проширени пори. Beauty of Joseon го претставува Red Bean Water Gel, лесен хидратантен гел дизајниран специјално за кожа со зголемено лачење на себум, овозможувајќи ѝ на кожата интензивна влажност без чувство на маснотија.
Формулата содржи 44% екстракт од црвен грав, богат со сапонини кои ја регулираат себумската секреција и помагаат во прочистување на порите. Дополнително, комбинацијата од три вида пептиди го поддржува здравјето на кожата, помагајќи во подобрување на еластичноста и намалување на фините линии.
Клучни придобивки
- Интензивна хидратација без тежина – Лесната гел формула брзо се апсорбира и длабоко ја навлажнува кожата, без да остави леплив или тежок финиш.
- Контрола на себумот и порите – Црвениот грав делува како природен апсорбент на себум, помагајќи во одржување на мат ефект и спречување на масен сјај.
- Пептиден комплекс против стареење – Вклучува SH-Oligopeptide-1, SH-Oligopeptide-2 и SH-Polypeptide-1, кои го поддржуваат природниот процес на регенерација на кожата, подобрувајќи ја нејзината структура и цврстина.
- Освежувачко чувство и лесно нанесување – Совршен за употреба во текот на денот, особено за мешана до мрсна кожа која има потреба од балансирање на влажноста.
- Заштита на кожната бариера – Витамините и антиоксидантите во составот ја зајакнуваат кожната бариера, штитејќи ја од надворешни штетни влијанија.
Клучни состојки
- 44% екстракт од црвен грав (Haenam Red Bean Extract) – Традиционална корејска состојка богата со сапонини кои помагаат во апсорпција на себум и природно пилинг дејство за измазнување на кожата.
- Пептиден комплекс – Комбинација на SH-Oligopeptide-1, SH-Oligopeptide-2 и SH-Polypeptide-1 кои го поддржуваат обновувањето на кожата и спречуваат предвремено стареење.
- Влажносни агенси – Лесни навлажнувачки состојки кои ја одржуваат кожата хидрирана без чувство на лепливост.
Како се користи
- По чистење на лицето, нанесете тонер за балансирање на pH вредноста.
- Земете количина во големина на паричка и нанесете рамномерно на лицето.
- Внимателно тапкајте со прстите за подобра апсорпција.
- За подобар ефект, користете го во комбинација со Red Bean Pore Mask, за да ја прочистите кожата пред нанесување на хидратантната нега.
Кому му е наменет
- Лица со масна или комбинирана кожа која прекумерно лачи себум.
- Тие што имаат проширени пори и сакаат подобра контрола на себумот.
- Сите кои бараат хидратација со лесна гел текстура што не ја оптоварува кожата.
Beauty of Joseon Red Bean Water Gel претставува совршена комбинација на традиционална корејска нега и модерна дерматолошка наука – лесен, но ефикасен хидратантен гел кој ја штити, балансира и храни кожата.
-
Beauty of Joseon Relief Sun Aqua-fresh : Rice + B5 50ml
1.230 денBeauty of Joseon Relief Sun: Aqua-Fresh Rice + B5 SPF50++++ е лесен, хидратантен крем за заштита од сонце, формулиран со екстракт од ориз и витамин B5 (пантенол) за широкоспектрална UV заштита без мрснотија или бела трага. Со SPF50+ и PA++++, овој корејски хибриден крем со UV филтри кои нудат напредна заштита од УВА и УВБ зраци, спречувајќи оштетување на кожата и предвремено стареење.
Клучни состојки:
- Орис сатива (ориз) вода 30% – богата со витамини, минерали и антиоксиданси, враќа природниот сјај на кожата и ја одржува хидратирана.
- Пантенол (витамин B5) – ја зајакнува кожната бариера, обезбедува долготрајна хидратација и ја смирува иритираната кожа.
- Avena Sativa (овес) – содржи бета-глукан и омега-3 и 6 масни киселини, кои ја штитат и балансираат кожата.
Придобивки:
- Напредна UV заштита без бела трага и мрснотија
- Долготрајна хидратација со природни екстракти
- Смирувачка формула што ја намалува иритацијата и температурата на кожата
- Брза апсорпција со лесна, водена текстура погодна за слоевито нанесување
Како да се користи: нанесете доволна количина на сува кожа како последен чекор во утринската рутина. Повторно нанесете во текот на денот за оптимална заштита.
Овој немрсен, брзо впивлив сончев крем е идеален за комбинирана, масна и чувствителна кожа, нудејќи свеж и лесен финиш без чувство на тежина.