-
Diblanc Prestige Lotion 120ml
1.550 денOriginal price was: 1.550 ден.1.085 денCurrent price is: 1.085 ден. -
Dr. Althea 147 Barrier Cream 50ml
2.050 денOriginal price was: 2.050 ден.1.435 денCurrent price is: 1.435 ден.Dr. Althea 147 Barrier Cream е напреден хидратантен крем формулиран за заздравување на кожната бариера, длабинска хидратација и интензивна нега. Благодарение на патентираниот екстракт од цветот Paeonia Albiflora, овој крем ја зајакнува природната заштитна функција на кожата, додека богатите хранливи масла од авокадо, арган и зелен чај ја хидрираат и негуваат.
Седум слоеви на хијалуронска киселина овозможуваат длабинско навлажнување на повеќе нивоа, одржувајќи ја кожата еластична и свежа. Формулата содржи и екстракт од Artemisia Princeps, Persea Gratissima (авокадо) и Brassica Oleracea Acephala (кељ), кои дополнително ја смируваат и ревитализираат кожата.
- Ја зајакнува кожната бариера и спречува загуба на влага
- Длабинска хидратација со 7 вида хијалуронска киселина
- Богат состав со церамиди и антиоксиданси за подобра еластичност
- Лесна, немасна текстура, идеална за утринска и ноќна рутина
Како да се користи: Нанесете мала количина како последен или предпоследен чекор во вашата рутина, по нанесување на тонер и серум.
Оваа веганска формула е без парабени, вештачки бои и мириси, што ја прави погодна за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна и дехидрирана кожа.
-
Dr. Althea 345 Relief Cream 50 ml
2.070 денOriginal price was: 2.070 ден.1.449 денCurrent price is: 1.449 ден.Dr. Althea 345 Relief Cream е смирувачки хидратантен крем специјално формулиран за чувствителна и иритирана кожа. Богат со Centella Asiatica и Heartleaf (Houttuynia Cordata), овој крем делува против воспаленија, ја зајакнува кожната бариера и помага во намалување на црвенилото. Лесната текстура овозможува брза апсорпција без чувство на тежина или мрснотија, оставајќи ја кожата мазна, хидрирана и избалансирана.
Ниацинамидот и пантенолот овозможуваат корекција на дамките и нерамномерниот тен, додека церамидите и хијалуронската киселина го зајакнуваат хидратацискиот капацитет на кожата, обезбедувајќи долготрајна заштита и еластичност.
- Интензивна нега против иритации со растителни екстракти и бета-глукан
- Ја зајакнува кожната бариера и ја заштитува од надворешни фактори
- Осветлува и изедначува тен со комбинација на антиоксиданти и навлажнувачи
- Веганска формула без парабени, вештачки бои и мириси
Како да се користи: Нанесете мала количина на чиста кожа и нежно масирајте додека не се апсорбира. Погоден за дневна и ноќна употреба, особено како дел од пост-акне рутина.
Овој вегански хидратантен крем е идеален за сите типови кожа, особено за оние кои имаат потреба од смирување, интензивна хидратација и подобрување на кожната структура.
-
Dr. Ceuracle Vegan Kombucha Tea Gel Cream 75g
1.799 денOriginal price was: 1.799 ден.1.259 денCurrent price is: 1.259 ден. -
Facetheory Bakuchiol Firming Daily Moisturiser 50ml
1.890 денOriginal price was: 1.890 ден.1.323 денCurrent price is: 1.323 ден.Тоа е крем (навлажнувач) кој содржи уникатна мешавина од арганово масло, ферулинска киселина, витамини Ц и Е, шиа путер, хијалуронска киселина и неговата карактеристична состојка, бакучиол.
Овој лесен заштитен дневен крем ја комбинира антиоксидантната моќ на бакучиолот со хидрантна моќ на хијалуронска киселина, надополнети со моќното дејство на витаминот Ц и Е и ферулинската киселина.
Бакучиолот се добива од семето на растението Psoralea corylifolia, кое има потекло од Индија и Шри Ланка и се користи со векови во ајурведската и кинеската медицина. Бакучиолот ги стимулира рецептори на кожата кои го синтетизираат колагенот тип-1 и помага да се забрза циклусот на обновување на клетките. Иако бакучиолот има сличен ефект како ретинолот на видливите знаци стареење, тој функционира поинаку и нема да ја иритира кожата или да ја направи почувствителна на изложување на сонце.
Оризовиот скроб природно ги апсорбира маснотиите за да помогне во контролата на сјајот и минимизирање на порите.
Хијалуронската киселина е полисахарид кој ја врзува влагата во клетките за одржување на полна и хидрирана кожа. Глицеринот помага кожата да се заштити од губење на водата.
Шиа путерот смирува и омекнува. Аргановото масло содржи омега масни киселини кои помагаат да се омекнат сувите делови на кожата и да се смири проблематичната кожа.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост.
Производот содржи висока концентрација на активни состојки, па затоа е потребна само мала количина за употреба.
-
Facetheory CeraQuench Retinol Rich Cream 50ml
2.100 денOriginal price was: 2.100 ден.1.470 денCurrent price is: 1.470 ден.Овој богат навлажнувачки крем е идеален за нормална до сува кожа и е формулиран за да ја зголеми еластичноста и хидратацијата на кожата. Содржи церамиди, ретинол и витамин C кои обезбедуваат длабока нега и зацврстување на кожата.
- Главни придобивки:
- Хидрира длабински и долготрајно
- Зацврстува и ја подобрува еластичноста
- Потхранува и ја враќа свежината на кожата
- Погоден за:
- Сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа
- Таргетира:
- Брчки
- Безживотен тен
- Дехидрација
- Пигментација
- Нееднаква текстура
- Како да го користите: Нанесете го после серумите, но пред масла, како дел од вашата вечерна рутина.
- Клучни состојки:
- 2% Церамиди – природни липиди кои го обновуваат и зајакнуваат заштитниот слој на кожата, ја подобруваат хидратацијата и ја смируваат иритацијата
- Ретинол естер – за подобрување на текстурата и подмладување на кожата
- Масло од шипка – природно богат извор на витамин C, кој ја осветлува и ја изедначува кожата
- Главни придобивки:
-
Facetheory Glow-C Daily Moisturiser SPF 30 50ml
1.550 денOriginal price was: 1.550 ден.1.085 денCurrent price is: 1.085 ден.Glow-C Daily Moisturiser е пенаст навлажнувачки крем.
Овој крем ја рафинира и осветлува кожа додека ја заштитува од оштетување на UV зраците. Неговата нова, подобрена формула обезбедува поголема заштита од сонце, без да го менува луксузното чувство на шлаг.
Toa e уникатен крем со витамин C и SPF наменет за секојдневна употреба.Го прави лицето меко и хидрирано и без да остави бела трага.
Tinosorb® S, е патентирана состојка која обезбедува заштита од сонце со широк спектар (SPF 30+ и UVA). Докажано е дека има висока ефикасност и во мали концентрации. Дерматолозите препорачуваат да се користи заштитен фактор 30 секој ден.
Содржи 5% ниацинамид и витамин Ц со двојно дејство (натриум аскорбил фосфат и етил аскорбинска киселина) помагаат да се балансира тонот на кожата, да се намали црвенилото и да се минимизира големината на порите. Натриум аскорбил фосфатот се бори против бактериите кои предизвикуваат акни, помагајќи да се спречатакните и иритираната кожа.
-
Facetheory Peptide Firming Night Cream 50ml
2.280 денOriginal price was: 2.280 ден.1.596 денCurrent price is: 1.596 ден.Peptide Firming Night Cream – ноќен крем кој длабински ја храни и зацврстува кожата додека спиете. Овој уникатен крем со липо-пептиди и инкапсулиран мелатонин помага да се обнови, нахрани и зајакне кожата, значително намалувајќи ја појавата на фини линии и нееднаквост на тенот.
Главни придобивки:
- Зацврстува и ја обновува структурата на кожата
- Нахранува и хидрира длабински
- Поправа и го изедначува тенот
Погодно за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа. Идеално е за секој што сака да ја намали видливоста на знаците на стареење, дехидрација, пигментација и нерамномерен тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го после серумите, но пред маслата, како дел од вашата вечерна рутина.
Клучни состојки:
- Липо-пептиди – помагаат за зацврстување и обновување на кожата
- Мелатонин – ја поддржува природната регенерација и ги намалува знаците на умор и стареење
Подарете и’ на кожата интензивна ноќна нега со Peptide Firming Night Cream и разбудете се со свеж и затегнат тен!
-
Facetheory Regena-C Moisturiser M4 50ml
1.525 денOriginal price was: 1.525 ден.1.068 денCurrent price is: 1.068 ден. -
Facetheory Regena-C Moisturiser M4 Unscented 50ml
1.525 денOriginal price was: 1.525 ден.1.068 денCurrent price is: 1.068 ден. -
Facetheory Retinol Firming Moisturiser 0.3% 50ml
2.120 денOriginal price was: 2.120 ден.1.484 денCurrent price is: 1.484 ден.Retinol Firming Moisturiser 0.3% – хидратантен крем со ретинол кој обезбедува подмладена, хидрирана и осветлена кожа! Овој крем содржи 0.3% ретинол за намалување на фините линии и неправилности, а истовремено со хијалуронска киселина и витамини C и E ја храни и освежува кожата.
Главни придобивки:
- Затегнува и ја подобрува текстурата на кожата
- Осветлува и го изедначува тенот
- Хидрира длабински и ја враќа свежината
Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа. Идеален за сите кои сакаат да ги намалат знаците на стареење, дехидрација, пигментација и нерамномерен тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го после серумите, но пред маслата, како дел од вашата вечерна рутина.
Клучни состојки:
- 0.3% Ретинол – ги намалува фините линии и брчки, го поттикнува производството на колаген и го забрзува обновувањето на кожните клетки, помагајќи да се намалат видливите знаци на фото-стареење.
- Хијалуронска киселина и витамини C и E – за интензивна хидратација и осветлување, кои ја прават кожата свежа и полна со живот.
Со Retinol Firming Moisturiser 0.3%, уживајте во подмладен и изедначен тен секоја вечер!
-
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser 50ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.Тоа е гел бомба исполнета со хидратација без масло, која осветлува и ги намалува порите. Мрсната Т-зона го најде својот противник.
Доколку имате мрсна или проблематична кожа, сигурно знаете дека не е лесно да се најде соодветен крем кој нема дополнително да ја влошува состојбата на кожата, туку напротив ќе делува на нејзино подобрување. Имаме добра вест, тука е навлажнувачки гел-крем без масла на 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 наменет за мрсна кожа и кожа склона кон акни.
Facetheory Supergel Oil-Free Moisturiser
– е некомедоген
– безбеден е за фунгални акни
– не содржи масла
– не содржи силикони
– ги одржува чисти порите
– прави благ пилинг и ја подобрува текстуратаОвој гел-крем без масло ја хидрира кожата, а е доволно лесен за употреба на кожа со затнати пори и склона кон акни. Специјално е формулиран за мрсна кожа.
Ниацинамидот ја намалува големината на порите. Салицилна киселина го одзатнува порите без да предизвика иритација. Екстрактите од камилица, алое вера и зелен чај ја смируваат проблематичната кожа. Стабилизираниот витамин Ц ја осветлува кожата додека се бори против акните, напаѓајќи ги бактериите кои ги предизвикуваат.
▪️ Алое вера го прочистува вишокот на себум и ја смирува и хидрира кожата.
▪️ Екстрактот од камилица е моќен антиоксидант кој ја смирува уморната кожа. Содржи флавоноиди, вклучувајќи го кверцетинот и апегенинот.
▪️ Екстрактот од зелен чај содржи низа полифеноли, кои имаат докажано антиоксидантно дејство во заштита на кожата.
▪️ Хијалуронската киселина го заштитува водениот баланс на кожата со што ја помага апсорпцијата на активните состојки и ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана.
▪️ Млечната чиселина е алфа хидроксилна киселина (AHA) која помага во ексфолијација на кожата.
▪️ Салицилната киселина е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките и ја обновува површината на кожата.
▪️ Витаминот Ц е ефикасен антиоксидант кој помага во одбрана на кожата од слободните радикали и го намалува оштетувањето предизвикано од штетните влијанија од околината.
-
Facetheory Supergel+ Oil-Free Moisturiser 50ml
1.890 денOriginal price was: 1.890 ден.1.323 денCurrent price is: 1.323 ден.Supergel+ Oil-Free Moisturiser е лесен хидратантен гел-крем без масла, формулиран со салицилна киселина, ниацинамид и пребиотици за да ја балансира комбинираната и кожа склона кон акни. Овој гел-крем помага во регулирањето на себумот и хидратацијата, обезбедувајќи свежина и рамнотежа на кожата.
Главни придобивки:
- Хидрира и го обновува нивото на влажност.
- Балансира и ги смирува неправилностите.
- Ги чисти порите и го изедначува тенот.
Погоден за:
- Мрсна кожа
- Комбинирана кожа
Таргетира:
- Дехидрација
- Комедони
- Нееднаква текстура
- Неправилности
Како да го користите: Нанесете го после серумите, но пред масла, како дел од вашата рутина.
Клучни состојки:
- Ниацинамид – помага за изедначување на тенот и минимизирање на проширените пори
- Пребиотици – го поддржуваат балансот на кожата за здрава и чиста текстура
-
FAEBEY Facial Cream FRESHLY SMOOTH with Hyaluronic Acid and Matrixyl / 50ml
790 денOriginal price was: 790 ден.474 денCurrent price is: 474 ден.𝗙𝗥𝗘𝗦𝗛𝗟𝗬 𝗦𝗠𝗢𝗢𝗧𝗛 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој има висока хидратантна моќ благодарение на содржината на хијалуронска киселина, а матриксилот (Matrixyl) познат како „еликсир на вечната младост“ помага во зацврстување на кожата и намалување на знаците на стареење.
Го стимулира производството на колаген и еластин кои помагаат да се одржи цврстината на кожата и да се спречи нејзиното опуштање.
Има лесна текстура која остава кадифен допир и чувство на свежина на кожата.
ШТО Е MATRIXYL?
Матриксилот е комплекс од спектар на моќни биомиметички антиејџ пептиди кои го стимулираат производството на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина во кожата, кои помагаат во пополнување на фините линии и брчки природно од внатрешноста на кожата. Тестирањата на оваа состојка покажале видливи резултати само по 6 недели употреба и ја сврстуваат меѓу најефикасните состојки за борба против брчките.Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесувајте секојдневно по чистење на лицето, на лицето, вратот и деколтето. Масирајте нежно додека целосно не се апсорбира.
-
FAEBEY Facial Cream GLOW MAKER with Vitamin C and Argan Oil / 50ml
790 денOriginal price was: 790 ден.474 денCurrent price is: 474 ден.𝗚𝗟𝗢𝗪 𝗠𝗔𝗞𝗘𝗥 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој помага во подобрување на тенот и зацврстување на кожата, благодарение на формулата со витамин Ц и масло од арган.
𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗚𝗟𝗢𝗪 𝗠𝗔𝗞𝗘𝗥 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 а𝗻𝗱 𝗔𝗿𝗴𝗮𝗻 𝗢𝗶𝗹 има антиоксидантно, антиејџ и навлажнувачко дејство.
Има лесна текстура која остава кадифен допир и чувство на свежина на кожата. Има брзо впивачка формула која помага да се постигне блескав, сјаен и здрав тен. Тоа е крем за лице за секојдневна употреба наменет за сите типови на кожа.
Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
Маслото од арган е некомедогено масло богато со масни киселини. Има антиоксидантно и антивоспалително дејство. Интензивно ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесувајте секојдневно после чистење на лицето, на лицето, вратот и деколтето, нежно масирајќи додека целосно не се апсорбира.
-
FAEBEY Facial Cream PINK SHIELD with Retinol and Rose Cream / 50ml
790 денOriginal price was: 790 ден.474 денCurrent price is: 474 ден.𝗣𝗜𝗡𝗞 𝗦𝗛𝗜𝗘𝗟𝗗 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој има антиоксидантни и навлажнувачки својства и помага во регенерацијата на кожата и намалување на фините линии.
Формулата која комбинира ретинол со масло од шипка помага да се изедначи тонот на кожата, да се минимизираат порите и да се подобри тенот. Видливо ја подобрува состојбата на кожата оставајќи ја да изгледа свежа и здрава.
Има свилена и лесна текстура која е совршена за сите типови кожа.
Маслото од шипка е богато со активни состојки како витамините Ц, А, Б, Е и П, флавоноиди, амино киселини, каротеноиди и масни киселини како омега 3, 6 и 9, благодарение на кои има способност да ја навлажнува и храни кожата. Исто така ја ревитализира уморната кожа, ја зајакнува нејзината бариера, ја подмладува, ги намаува брчките и ја спречува појавата на нови.
Ретинолот е дериват на витаминот А. Toa e антиејџ состојка која го забрзува циклусот на обновување на клетките и со тоа ги намалува брчките, а кожата ја прави помазна, посјајна и со порамномерен тен.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесете секојдневно по чистење на лицето, на сува кожа на лицето, вратот и деколтето. Масирајте нежно додека целосно не се апсорбира.