-
AIPPO Expert Firming Eye & Neck Cream 30ml
1.740 денOriginal price was: 1.740 ден.1.305 денCurrent price is: 1.305 ден.AIPPO Expert Firming Eye & Neck Cream е нежна крема наменета за деликатната кожа околу очите и вратот. Формулата со ниацинамид, колаген, пептиди, хијалуронска киселина и хранливи масла помага кожата да изгледа поцврста, помазна и похидрирана, со посвеж и негуван изглед.
Придобивки:
- Помага во подобрување на еластичноста на кожата
- Ја хидрира и омекнува деликатната зона околу очите и вратот
- Помага кожата да изгледа поцврста и позатегната
- Го намалува изгледот на сувост и уморна кожа
- Ја поддржува кожната бариера
- Помага во измазнување на фините линии
- Остава чувство на нега, мекост и комфор
Начин на употреба:
Нанесете мала количина на чиста кожа околу очите и на пределот на вратот. Нежно тапкајте или масирајте додека кремата целосно не се впие. Користете наутро и навечер. -
Beauty of Joseon Revive Eye Serum : Ginseng + Retinal 30ml
950 денOriginal price was: 950 ден.713 денCurrent price is: 713 ден.Женшенот и ретиналот создаваат моќна комбинација за ефикасно намалување на брчките околу очите. Оваа извонредна синергија на состојки е содржана во новиот серум за очи на Beauty of Joseon, Revive Eye Serum: Ginseng + Retinal. Формулиран за подобрување на состојбата на кожата околу очите, овој серум комбинира 2% ретинал липозом и 10% екстракт од корен од женшен за подмладувачки ефект.
Ретиналот е дериват на витаминот А кој директно се претвора во ретиноична киселина, овозможувајќи побрзо и поефикасно дејство од ретинолот. Оваа активна состојка:
- стимулира создавање на колаген,
- го зајакнува кожниот заштитен слој,
- го поттикнува обновувањето на клетките,
- ја намалува видливоста на брчките.
Формулата содржи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол, што овозможува максимална ефикасност со минимална иритација.
Екстрактот од женшен е богат со сапонини кои помагаат во длабинска хидратација и ја штитат кожата од предвремено стареење. Оваа состојка традиционално се користи во корејската нега за подобрување на цврстината и регенерацијата на кожата. Благодарение на способноста за долготрајно задржување на влагата, кожата останува освежена, здрава и еластична.
Овој серум има лесна свиленкаста текстура што брзо се впива во кожата без да остава леплив слој. Наменет е за:
- намалување на фини линии,
- осветлување на темните кругови,
- смирување на подуеноста на очите.
Клиничките тестирања покажале:
- 16% подобрување на брчките околу очите,
- 11% намалување на брчките на вратот,
- 118% зголемување на влажноста на кожата.
Совршен за оние кои бараат ефективна нега против стареење, Beauty of Joseon Revive Eye Serum нуди напредна формула за посветлен, цврст и младешки изглед на кожата околу очите.
Начин на употреба: Нанесете 1-2 испумпувања од серумот со лесен притисок на апликаторот. Со врвот на прстот, нежно тапкајте го серумот околу пределот под очите и по контурата на очите, без триење. Се препорачува само за вечерна употреба
-
Benton Snail Bee Ultimate Eye Cream 30g
2.031 денOriginal price was: 2.031 ден.1.523 денCurrent price is: 1.523 ден.Benton Snail Bee Ultimate Eye Cream е мултифункционален крем за очи, збогатен со филтрат од ферментиран филтрат на квасец/слуз од полжав, пептиди и пчелин отров. Овој крем за очи овозможува одржување на мазна и витална кожа, со еластичност и радијантност во регијата околу очите. Филтратот од ферментиран филтрат од Saccharomyces/слуз од полжав, одлична состојка која придонесува за еластичност и заштита на кожата е ферментиран со квасец од грозје, со цел зголемување на густината и нежна апсорпција во негата на кожата. Овозможува мултифункционална заштита со длабока хидратација и зголемување на природната цврстина на деликатната кожа. Пептидите, 17 видови на амино-киселини и церамидите што ги содржи овој крем, формираат цврста кожна бариера и помагаат во грижата со различни проблеми со кожата. Функционалната формула во овој крем, содржи раствор за осветлување и подобрување на брчките во регијата околу очите. Ниацинамидот и аденозинот, овозможуваат нега и еластичност на уморната и опуштена кожа, помагаат во отстранувањето на темните места и флеки, со што ја прават кожата чиста и транспарентна. Овој дерматолошки тестиран производ со антиоксидирачки ефекти, не содржи вештачки бои и ароми и состојки кои би можело да ја иритираат кожата. Со ph вредност слична на нормалната кожа, придонесува за заштита за чувствителната кожа. Употреба: Нанесете соодветна количина во регијата околу очите и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. -
Celimax The Vita A Retinal Shot Tightening Booster 15ml
1.450 денOriginal price was: 1.450 ден.949 денCurrent price is: 949 ден. -
COSRX Advanced Snail Peptide Eye Cream 25ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.Кажете им збогум на уморните очи со Advanced Snail Peptide Eye Cream од најпознатиот бренд за корејска козметика, COSRX. Овој лесен, но моќен крем со двојна функција е специјално формулиран да го осветли пределот околу очите, видливо да ги избледи темните кругови и да ја намали подуеноста. Со неверојатни 72% филтрат од слуз од полжав, овој крем обезбедува длабинска регенерација и свежина која трае во текот на целиот ден.
Овој производ е идеален за сите кои сакаат да ја превенираат појавата на првите брчки во своите 20-ти, како и за оние во своите 30-ти кои веќе се фокусирани на поинтензивна анти-ејџ нега. Неговата немрсна текстура брзо се впива, што го прави совршена база за шминка. Како дополнение на култната есенција Advanced Snail 96 Mucin Power Essence, овој крем е задолжителен чекор за секој што се стреми кон совршен корејски „glass skin“ изглед.
Комплексот од 5 видови пептиди е „херој“ состојка на овој производ која работи во синергија со муцинот. Овие пептиди делуваат како градители кои го стимулираат производството на колаген и еластин, враќајќи ја еластичноста и цврстината на тенката кожа околу очите и пополнувајќи ги фините линии одвнатре.
Филтратот од слуз од полжав е уникатна природна состојка која содржи совршен баланс на хијалуронска киселина, гликопротеини и бакарни пептиди. Неговата примарна функција е интензивна регенерација, тој делува како природен лепак кој ги поправа микро-оштетувањата на кожата, го смирува црвенилото и ја забрзува обновата на клетките. Со своите силни антибактериски и хидратантни својства, муцинот ја прави кожата неверојатно мазна, го зајакнува нејзиниот заштитен слој и го враќа здравиот сјај, што го прави незаменлив за кожа на која ѝ е потребна ревитализација.
Зошто е посебен?
-
Содржи неверојатни 72% муцин од полжав, благодарение на кој ја навлажнува, штити и подмладува деликатната кожа.
-
Збогатен е со 5 видови пептиди кои го поттикнуваат производство на колаген и ја враќаат цврстината.
-
Ниацинамидот (витамин Б3) интензивно ги осветлува темните кругови и го изедначува тонот.
-
Има двојно дејство, истовремено дејствува на осветлување и на затегнување (антиејџ).
-
Има лесна текстура, не предизвикува милиа и не ѝ дава чувство на тежина на кожата.
Клучни придобивки:
-
Видливо ја намалува појавата на темни кругови и уморен изглед.
-
Ја елиминира подуеноста под очите.
-
Ги „брише“ фините линии и спречува појава на нови брчки.
-
Обезбедува долготрајна хидратација на најчувствителниот дел од лицето.
-
Формула без парабени, вештачки мириси и иританти.
Процесот на собирање на муцинот во COSRX е целосно безбеден и пријатен за полжавите. Тие се поставуваат во тивка и темна просторија врз специјална мрежа, каде што се оставени слободно да се движат. Како што полжавите ползат, тие природно оставаат муцин по својата патека, без никаков надворешен притисок или принуда. Потоа, тие се враќаат во нивните природни живеалишта, а собраниот муцин се прочистува и се подготвува за козметичка употреба. Ниту еден полжав не е повреден во овој процес.
Начин на употреба: По нанесувањето на есенција или серум на лицето, земете мала количина од кремот (колку зрно грашок) на врвот на прстите. Нежно натапкјте го во пределот околу очите, избегнувајќи директен контакт со окото. Користете го наутро за енергизирање и навечер за длабинска обнова.
-
-
COSRX The Retinol 0.1 Cream 20ml
1.990 денOriginal price was: 1.990 ден.1.493 денCurrent price is: 1.493 ден.Справете се со знаците на стареење со овој моќен крем збогатен со 0,1% чист ретинол за зголемување на еластичноста на кожата, намалување на брчките и враќање на сјајот на кожата.
Дополнителните состојки кои ја негуваат кожата се: пантенол за ублажување на иритацијата, аденозин за отстранување на опуштеноста и токотриенол (форма на витамин Е) за одбрана од слободните радикали.
Предности:
Кремот за лице збогатен со 0,1% ретинол за враќање на еластичноста на кожата ги таргетира знаците на стареење на кожата, вклучувајќи појава на брчки, губење на цврстина на кожата и грубост. Содржи активни состојки како што се чист ретинол, пантенол, аденозин и токотриенол. Помага во измазнување на брчките и фините линии.
Како да се користи:
Избегнувајте употреба преку ден. Доколку се користи преку ден, потоа обавезно да се нанесе крем со заштитен фактор.
Нанесете умерена количина на проблематичните области и нежно масирајте за да помогнете во апсорпцијата.
-
DEAR, KLEARS Fundamental Nourishing Eye Butter 20g
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Фундаменталниот хранлив путер за очи на корејскиот бренд Dear, Klairs е дизајниран да ја обнови еластичноста и радијантноста на кожата околу очите, благодарение на мешавината на четири пептиди и богатиот антиоксидантен ориентален чаен комплекс. Од нежната, налик на путер формула, произлегува здрав изглед. Овој хидратантен путер за очи, содржи масло од сончогледово семе кое е богато со витамин А и витамин Е за заштита на тенката кожа околу вашите очи, а исто така, пептидите кои ги содржи (ацетил хексапептид-8, бакар трипептид-1, олигопептид-29, олигопептид-32), ги подобруваат фините линии. Овој вегански производ е наменет за сите видови на кожа, а меката текстура налик на путер, помага за производот брзо да се апсорбира. Доволно е богат, без да остави мрсна трага, па исто така се препорачува и за мрсна кожа. Не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: Нанесете соодветна количина од путерот и нежно тапкајте околу горната и долната очна област со прстите наутро и навечер, по нанесувањето на тонер. Може да се нанесе и по нанесувањето на фундаменталниот гел за очи. Совет: Путерот за очи, може да се нанесе и на други делови како вратот, назолабијалните набори итн. со цел подобрување на еластичноста на кожата и фините линии. -
DESEMBRE Derma Science True Fill-Up Eye Cream 30g
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.193 денCurrent price is: 1.193 ден.Овој луксузен и интензивен крем е специјално креиран за ревитализација, зацврстување и длабинска нега на деликатната кожа околу очите и на вратот. Збогатен со екстракти од матични клетки од растенија и моќна комбинација на активни состојки, тој директно таргетира сува, опуштена и оштетена кожа. Неговата примарна улога е да ја подобри еластичноста, да ги редуцира брчките и да му даде нов сјај и младешка енергија на погледот.
Формулата е збогатена и со иновативниот „ботокс пептид“ (Acetyl Hexapeptide-8), кој таргетирано делува на мускулните микро-контракции за да ја намали длабочината на мимичките брчки околу очите, челото и устата. Овој моќен пептид го имитира релаксирачкиот ефект на третманите со ботокс, спречувајќи формирање на нови линии и намалување на постоечките, овозможувајќи видливо затегнат, мазен и подмладен изглед на лицето.
Со редовно користење, производот значително ќе ја подобри состојбата на вашата кожа, така што успешно ќе ги измазне фините линии и брчките околу очите и на вратот. Наместо сува и опуштена текстура, овој крем обезбедува длабока хидратација, кадифена мекост и видливо затегнување. Тој активно делува на изедначување на пигментацијата и спречување на понатамошното оштетување предизвикано од оксидативниот стрес.
Дополнително, производот значително ќе ја зајакне природната кожна бариера на овие чувствителни зони, правејќи ја кожата поотпорна, мазна и заштитена од надворешни влијанија. Неговите хранливи природни масла и антиоксиданси нудат вистинско олакшување и обнова. Крајниот резултат е видливо зацврстен, измазнет, нахранет и сјаен тен кој изгледа подмладено.
Клучни состојки:
- Екстрактите од растителни матични клетки ја хранат сувата и опуштена кожа, враќајќи и ја цврстината и еластичноста.
- Ацетил хексапептид-8 (Acetyl Hexapeptide-8) таргетирано делува на мускулните микро-контракции за да ја намали длабочината на мимичките брчки околу очите, челото и устата.
- Aденозинот делува моќно против брчките, ги измазнува фините линии.
- Арбутинот овозможува заштита од оксидативен стрес, го изедначува тонот и ги осветлува темните кругови под очите.
- Маслото од кајсија (Prunus Armeniaca Kernel Oil) и токоферил ацетатот (Tocopheryl Acetate / Vitamin E) нудат моќна антиоксидативна заштита, ја ревитализираат и ја штитат кожата.
- Маслото од макадамија (Macadamia Ternifolia Seed Oil) и маслото од јојоба (Simmondsia Chinensis Seed Oil) длабински ја навлажнуваат кожата, ја подобруваат сувоста и ја омекнуваат текстурата без чувство на маснотија.
Овој крем е соодветен за сите типови кожа, а посебно за сува, зрела и опуштена кожа во пределот околу очите и вратот.
Начин на употреба: Наутро и навечер, нанесете соодветна количина од кремот на исчистената кожа околу очите и на вратот. Нежно тапкајте и масирајте со движења одвнатре кон надвор додека производот целосно не се впие во кожата.
-
Dr.Reju-All Advanced PDRN Rejuvenating Cream 20g
2.999 денOriginal price was: 2.999 ден.1.649 денCurrent price is: 1.649 ден.Моќен крем за подмладување со висока концентрација на PDRN.
-
Facetheory Peptide Firming Eye Cream 15ml
2.890 денOriginal price was: 2.890 ден.2.168 денCurrent price is: 2.168 ден.Сега можете да им кажете збогум на темните кругови околу очите. Резултатите зборуваат сами за себе.
Формулата која ефикасно ги намалува темните кругови околу очите, е надополнета со најмоќните пептиди, SYN®-COLL или Palmitoyl Tripeptide-5 и Acetyl Hexapeptide-8 за ефикасно антиејџ дејство и видливо целокупно подобрување на кожата околу очите.
Содржи уникатна мешавина на активни состојки (витамин Ц, ферулинска киселина, сладок корен и камилица) и ја вклучува најнова технологија за разубавување на очите за намалување на темните кругови и вреќичките околу очите.
Meiview™ е активна состојка добиена од микроорганизам кој живее во халофитни растенија. Со подобрување на меѓуклеточните споеви, преку плакоглобинот (PKG), Meiview™ го зголемува и поттикнува производството на колаген I, насочено кон спречување на губење на еластичноста и ја прави кожата помазна и поцврста. Исто така, ја подобрува микроциркулацијата со намалување на васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF), што го прави совршен за брчки и вреќички во пределот околу очите.
Клинички е докажано дека хексилрезорцинолот e четири пати поефикасен од хидрохинонот во осветлувањето на кожата. Помага да се минимизира појавата на темни кругови под очите.
Стабилизираниот витамин Ц ги осветлува темните кругови, а екстрактот од сладок корен е насочен кон хиперпигментацијата. Камилицата екстрахирана со CO2 ја смирува деликатната кожа.
Не содржи парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Производот е вегански и cruelty fre
-
FAEBEY Concentrate EYE SOUFFLÉ with Caffeine and Orchistem 30ml
790 денOriginal price was: 790 ден.593 денCurrent price is: 593 ден.Нека EYE SOUFFLÉ Concentrate на Шпанскиот бренд FAEBEY биде вашиот нов антиејџ сојузник за нега на кожата околу очите e .
Овој серум содржи кофеин и стем клетки од орхидеа и помага да се намали подуеноста, да се хидрира и зацврсти кожата и да се дренира вишокот течности.
Ја штити кожата на деликатна област околу очите од надворешни штетни влијанија (загадување, стрес итн.), благодарение на неговите обновувачки, антиоксидантни и смирувачки својства.
Со редовна употреба, ден по ден, контурата на очите ќе станува помазна, брчките и линиите на експресија ќе бидат омекнати, а кожата ќе стане посветла.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Клучни придобивки:
-
Намалува оток и го осветлува пределот околу очите
-
Ги намалува знаците на замор, стрес и стареење
-
Делува против темни подочници и подочни кеси
-
Ги измазнува брчките и фините линии
Начин на употреба: Нанесете на совршено чиста кожа со нежни тапкања на пределот околу очите. Користете секојдневно, наутро и/или навечер за оптимални резултати.
-
-
FAU Active Eye Lash Serum 10ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.251 денCurrent price is: 1.251 ден.FAU Active Eye Lash Serum е концентриран серум со напредна формула, создаден за интензивно зајакнување, раст и згуснување на трепките и веѓите. За разлика од обичните серуми, овој производ користи моќен комплекс од 4 видови пептиди (вклучувајќи го и познатиот Copper Tripeptide-1), кои делуваат директно на фоликулот на влакното, стимулирајќи го неговиот природен раст и спречувајќи го опаѓањето. Со својата лесна водена база, серумот се впива моментално, не предизвикува иритација и е идеален за постигнување на долги, темни и здрави трепки.
Овој професионален серум е совршено решение за сите кои имаат тенки, ретки или оштетени трепки од надворешни влијанија и козметички третмани. Комбинацијата на пантенол и хијалуронска киселина обезбедува длабинска хидратација, додека богатиот коктел од растителни екстракти (зелен чај, кафе, грозје и костен) нуди антиоксидантна заштита и ја подобрува микроциркулацијата околу коренот на влакното. Резултатот е видливо погусти и поцврсти трепки кои го враќаат сјајот на вашиот поглед.
Зошто FAU Active Eye Lash Serum е различен?
- Прави стимулација на фоликулите на влакната благодарение на коктелот од пептиди. Содржи Myristoyl Pentapeptide-17 и Copper Tripeptide-1 кои се научно докажани за поттикнување на растот.
- Стимулира интензивна регенерација. Екстрактот од соја и портулака ги зајакнуваат трепките од самиот корен.
- Составот со хијалурон и пантенол го спречува кршењето на влакното и пружа безбедна хидратација без да направи иритација на окото.
- Има прецизен апликатор. Четката овозможува лесно и точно нанесување без непотребно разлевање.
- Чистиот и нежен состав, без масла и без состојки кои предизвикуваат иритација е безбеден за нежната кожа околу очите.
Клучни состојки за супериорни резултати:
- Пептидниот комплекс (Copper Tripeptide-1, Acetyl Hexapeptide-8, Palmitoyl Pentapeptide-4) направен од состојки кои се стимулатори на растот и градители на влакното кои ја зголемуваат густината на трепките.
- Натриум хијалуронатот и пантенолот, хидрираат и ја задржуваат влажноста со што ја зголемуваат еластичноста.
- Екстрактот од семе од кафе и зелен чај ја стимулираат циркулацијата и го будат фоликулот.
- Екстрактот од лист од јапонско јаболко е природен извор на витамини за здрави трепки.
Начин на употреба: Користете го на чиста и сува кожа околу очите, по можност пред спиење. Извадете ги контактните леќи пред нанесување. Повлечете една тенка линија по должината на горниот корен на трепките (како ајлајнер) и доколку е потребно, нанесете врз веѓите. Почекајте 1 до 2 минути да се исуши целосно пред да нанесете друг производ.
Професионален совет: За најдобри резултати, користете го серумот континуирано секоја вечер. Првите видливи промени во цврстината и сјајот на трепките ќе ги забележите веќе по неколку недели редовна употреба.
-
FAU Core Intensive Eye Cream 30ml
1.450 денOriginal price was: 1.450 ден.1.305 денCurrent price is: 1.305 ден.За ботокс ефект без боцкање пробајте го неверојатниот FAU Core Intensive Eye Cream.
Дизајниран за професионална употреба во естетски центри и клиники, овој крем отсега е достапен и за домашна уотреба за да ви го донесе луксузот на професионалниот K-Beauty третман дома. Формулата има повисока концентрација на активни состојки од стандардните креми, па резултатите се видливи уште од почтокот на употребата. Ќе забележите помеки фини линии, посветол изглед и свежа, смирена зона околу очите.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
Argireline (Acetyl Hexapeptide-8) е пептид кој ги релаксира микродвижењата на изразните мускули и помага да се намалат мимичните брчки околу очите со што дава ефект сличен на ботокс, но без боцкање.
Факторите на раст и комплексот од 7 пептиди ја поддржуваат регенерацијата и синтезата на колаген и еластин за поцврста и поеластична кожа.
Ниацинамидот и арбутинот придонесуваат за побистар, поодморен изглед на очите и намалена појава на темни кругови.
Комплексот од 17 аминокиселини ја поттикнуваат кожата сама да произведува колаген, со што се подобрува нејзината цврстина и еластичност, длабински хидрираат и ја зајакнуваат заштитната бариера.
Наместо дестилирана вода содржи нероли водена основа која дава поголема свежина и сјај.
Формулата брзо се впива, не остава лепливост и е соодветна и за чувствителна кожа.
-
Heimish Marine Care Eye Cream 30ml
1.996 денOriginal price was: 1.996 ден.1.497 денCurrent price is: 1.497 ден. -
MATRIGEN Lipoexosome Aboslute Power Routine
7.060 денOriginal price was: 7.060 ден.5.295 денCurrent price is: 5.295 ден. -
MATRIGEN LipoExosome Gratify Furrow Complex 10ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.118 денCurrent price is: 1.118 ден.Matrigen Lipo Exosome Gratify Furrow Complex е иновативен крем-филер специјално дизајниран за интензивна нега, исхрана и подмладување на најчувствителната кожа околу очите. Овој третман користи напредна формула со липо-егзосоми која продира длабоко за да ја врати еластичноста и да ги измазни изразените брчки. Она што го прави уникатен е металниот ролер-апликатор кој овозможува лесно нанесување со ефект на ладење и масажа, помагајќи во намалување на отоците и подобрување на микроциркулацијата за свеж изглед. Текстурата е исклучително мека, хидратантна и нелеплива, што овозможува брза апсорпција на активните состојки без масен финиш.
Тој нуди решение за оние кои се загрижени за длабоките брчки и фините линии околу очите, за оние кои имаат потреба од специјална нега за груба и опуштена кожа, како и за оние кои имаат потреба од осветлување на темните кругови околу очите. Овој производ е идеално решение за сите кои се соочуваат со видливи знаци на стареење околу очите и бараат професионален третман кој може да се користи во секојдневната рутина. Благодарение на неговата способност да го врати волуменот и цврстината, тој е совршен за секојдневна или професионална нега. Не предизвикува иритации и е прилагоден за најчувствителната кожа околу очите.
Acetyl Hexapeptide-8 познат како аргирелин е клучниот пептид во оваа формула кој делува на опуштање на мускулните контракции. Познат е како „ботокс во шишенце“ бидејќи помага во видливо измазнување на мимичките брчки без потреба од инвазивни процедури.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува интензивно подмладување и враќање на еластичноста на кожата околу очите.
- Ефикасно ги измазнува фините линии и длабоките мимички брчки.
- Видливо ги осветлува темните кругови и го изедначува тенот на деликатната зона.
- Пружа длабинска хидратација и интензивна исхрана на сувата и груба кожа.
- Металниот ролер нуди моментален ефект на ладење и ја смирува иритираната кожа.
- Делува како филер кој го враќа волуменот и ја зацврстува опуштената кожа.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Шиа путерот (100,000 ppm) интензивно ја храни кожата и ја задржува влагата со помош на природните витамини А и Е.
- Липоегзосомите (20,400 ppm) претставуваат специјален екстракт кој го стимулира подмладувањето на клеточно ниво.
- Бакучиолот е растителна алтернатива на ретинолот која го поттикнува производството на колаген и еластин без иритација.
- Хидролизираниот колаген (1,000 ppm) ја зголемува густината на ткивото и ја зајакнува структурата на кожата.
- 7-те видови пептиди работат на зајакнување на кожната бариера и спречуваат оксидативен стрес.
- Хидролизираниот протеин од грашок содржи пептид (Eternal P) помага во синтезата на колаген и ја подобрува апсорпцијата на другите состојки.
- Ниацинамидот и аденозинот обезбедуваат двојна функционалност за осветлување на тенот и пополнување на брчките.
Начин на употреба: По миење на лицето, користете го металниот ролер за да го нанесете кремот со нежни кружни движења околу очите. Потоа, со врвовите на прстите нежно тапкајте додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува редовна употреба наутро и навечер за постигнување на најдобри резултати во зацврстувањето на кожата.