-
SKIN1004 Niacinamide 10 Boosting Shot Ampoule 30ml
1.290 денSkin1004 Madagascar Centella Niacinamide 10 Boosting Shot Ampoule е моќна K-Beauty ампула која таргетирано го подобрува изгледот на порите и обезбедува блескав и изедначен тен. Формулирана со висока концентрација од 10% ниацинамид, оваа ампула ја подобрува текстурата на кожата, го изедначува тенот и ги минимизира видливите пори. Системот Boosting Shot, со микро-иглички и центела од Мадагаскар и пантенол, овозможува длабока апсорпција и максимална ефикасност.
Оваа формула е дополнета со транексамична киселина и аскорбил глукозид за дополнително осветлување на кожата и јакнење на кожната бариера. Клинички е докажано дека со само 4 недели употреба, порите се намалуваат во површина за 60.88% и во длабочина за 23.37%, а кожата станува мазна, сјајна и здрава.
Овој производ е идеален за:
-
Тие што имаат проширени и нерамни пори
-
Лица со нерамномерен и уморен тен
-
Корисници кои сакаат поефикасна апсорпција на активни состојки
-
Сите што бараат решение за мрсна кожа и вишок себум
Клучни состојки:
-
10% Ниацинамид
-
Екстракт од мадагаскарска азиска центела
-
Пантенол
-
Транексамична киселина
-
Аскорбил глукозид
-
Хидролизиран морски сунѓер (спикули т.е. микроиглички)
Начин на употреба: По чистење и тонирање, нанесете со пипета соодветна количина од ампулата на целото лице, избегнувајќи ги пределите околу очите и усните. Нежно тапкајте за подобра апсорпција, а потоа продолжете со хидратантен крем.
Skin1004 Niacinamide 10 Boosting Shot е клинички докажано безбеден за чувствителна кожа, без иритации, и нуди 132.8% поголема апсорпција на активните состојки споредено со стандардни формули без спикули.
-
-
SKIN1004 Retinol 0.2 Boosting Shot Ampoule 30ml
1.350 денSkin1004 Madagascar Centella Retinol 0.2 Boosting Shot Ampoule е интензивна K-Beauty ампула формулирана за борба против брчки, губење на еластичност и нерамна текстура на кожата. Содржи прецизно балансирана концентрација од 0.2% ретинол и ретинал кои заедно со сквалан работат на обновување на цврстината, мазноста и густината на кожата. Интегрираниот Boosting Shot систем со спикули односно микроиглички со мадагарсарска центела и пантенол овозможува длабока апсорпција и брзо дејство токму таму каде што кожата најмногу има потреба.
Ампулата содржи пантенол кој ја смирува и хидрира кожата, притоа минимизирајќи го ризикот од иритации. Клинички е докажано дека Skin1004 Retinol 0.2 Boosting Shot овозможува 132.8% подобра апсорпција на активни состојки, подобрување на еластичноста веднаш по една употреба и видливо намалување на брчките и фините линии по две недели користење.
Овој производ е идеален за:
- Лица со опуштена кожа со намалена еластичност
- Тие што сакаат да ги намалат брчките и фините линии
- Корисници со груба и нерамна текстура на кожата
- Тие што бараат ефикасна anti-aging нега со ретинол
- Лица со зрел тип на кожа или кожа која има потреба од обновување
Клучни состојки:
- 0.2% Ретинол
- Ретинал
- Сквалан
- Екстракт од мадагаскарска центела
- Пантенол
- Хидролизиран морски сунѓер (спикули те. микроиглички)
Начин на употреба: Нанесете навечер, по чистење и тонирање. Со пипета нанесете мала количина рамномерно на целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Почнете со употреба 2-3 пати неделно, а потоа постепено зголемувајте ја фреквенцијата според толеранцијата на вашата кожа. Продолжете со хидратантен крем. Во текот на денот задолжително користете SPF заштита за да ја заштитите кожата од сончевите зраци додека трае третманот со ретинол.
-
SOME BY MI AHA BHA PHA 30 Days Miracle Serum 50ml
1.265 денOriginal price was: 1.265 ден.1.012 денCurrent price is: 1.012 ден. -
SOME BY MI Retinol Intense Reactivating Serum 30 ml
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.432 денCurrent price is: 1.432 ден. -
SOMEBYMI Yuja Niacin Anti-Blemish Serum 50ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.141 денCurrent price is: 1.141 ден. -
-
Synergy Therm Azelaic Acid Serum (with 10% azelaic acid) 30ml
999 денСерумот против црвенило, Azelaic Serum, со 10% азелаична киселина, е идеално решение за намалување на хиперпигментациските дамки и осветлување на тенот. Дизајниран да ја подобри текстурата на кожата, овој серум го контролира себумот и го минимизира црвенилото, истовремено обезбедувајќи извонредни придобивки во спречувањето и намалувањето на знаците на розацеа. Неговата ефикасна формула делува директно на меланоцитите за да го изедначи и осветли тенот. Препорачан за секојдневна употреба наутро и/или навечер, овој серум лесно може да се интегрира во вашата рутина за нега на кожата, обезбедувајќи заштита и удобност. СОСТОЈКИ: Аква/Термална вода, бутилен гликол, азелаична киселина, лецитин, филтрат за ферментација од корен од ротквица, ксантанска гума, ателоколаген, натриум хондроитин сулфат, феноксиетанол, етилхексилглицерин -
Synergy Therm Bakuchiol Serum (with bakuchiol and centella asiatica) 30ml
999 денBakuchiol Serum, серумот против стареење со Bakuchiol и Centella Asiatica нуди револуционерен пристап во борбата против знаците на стареење. Создаден како природна алтернатива на ретинолот, овој серум ја комбинира моќта на Бакучиолот со репарирачките својства на Centella Asiatica за да ја стимулира регенерацијата на клетките и да ја намали видливоста на фините линии и брчките. Идеален за сите типови кожа. Не е штетен за бремени жени и доилки. Овој серум ветува помлад, посветол, порамномерен тен без ризик од иритација која често е поврзана со ретинолот. СОСТОЈКИ: Аква/Термална вода, каприлил каприлат, масло од семе од Helianthus Annuus, глицерин, амониум акрилоилдиметилтаурат/ВП кополимер, екстракт од корен од Imperata Cylindrica, феноксиетанол, бакухиол, ниацинамид, пантенол, натриум хијалуролдиметилтаурат, азиски хијалуронат, PEG-8, етилхексилглицерин, карбомер, натриум цитрат, лимонска киселина, аминопропанол, каприлил гликол, калиум сорбат, ацетил хексапептид-8 -
Synergy Therm Flawless Serum (with tranexamic acid, arbutin and niacinamide) 30ML
999 денКажете ѝ збогум на хиперпигментацијата со Flawless Serum на Synergytherm!
Ви го претставуваме Flawless Serum, специјално дизајниран да таргетира дамки од хиперпигментација, мелазма и постинфламаторни лузни. Оваа моќна формула комбинира активни состојки како транексамична киселина, ниацинамид и арбутин, кои му даваат на вашето лице посветол и изедначен тен.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
- Транексамична киселина: Ги намалува темните дамки и мелазмата.
- Ниацинамид: Го осветлува и изедначува тенот. Ги регулира порите и ја намалува појавата на акни.
- Арбутин: Го спречува настанувањето на хиперпигментација и ѝ дава блескавост на кожата.
Гликолна киселина: Прави ексфолијација, со што ја измазнува текстурата на кожата, обезбедувајќи ѝ сјај.
Со редовна употреба, 96% од корисниците забележале видливи подобрувања на тенот на кожата, а 84% пријавиле поизедначен тен.
Совршен за третирање на:
- Хиперпигментација предизвикана од UV зраци
- Мелазма
- Постинфламаторни лузни од акни
- Нерамномерен тен
Наместо со обична вода, производот е направен со термална природно богата со минерали, која доаѓа директно од термалните извори Băile Felix, познати по своите лековити и регенеративни својства. Доаѓајќи директно од длабочините на земјата, оваа термална вода ги задржува своите активни својства. Има уникатни антиинфламаторни и тонирачки својства, враќајќи ја природната рамнотежа на кожата и заштитувајќи ја од штетните надворешни фактори, вклучувајќи ги UV зраците.
Flawless Serum е дерматолошки тестиран. Без парабени, вештачки бои, минерални масла и парфеми.
-