Your Vegan е бренд основан од Мина Баек, која исто така е основач на Somebykorea YouTube каналот со 160K претплатници, посветен на корејската козметика. Бројните следбеници на нејзината Instagram страница, 67.1К се доказ дека Мина е исклучителна личност и има вредни искуства кои ги споделува со своите следбеници.
„Пред 4 години го започнав својот бизнис продавајќи козметика од Кореја на клиенти ширум светот при што морав суштински да ги разберам потребите на клиентите за нивната нега на кожата согласно типот на кожата.
Оттогаш, секој ден и ноќ ги поминував курирајќи селекција на производи и разговарајќи со илјадници клиенти – и ја ценев секоја секунда од тоа.
Тоа е главната причина што го лансирав овој нов бренд за нега на кожа. Силната мотивација со која сакам да го направам мојот клиент задоволен е она што ме доведе до ова ново поглавје.
Со Your Vegan, бев инспириранa да одам подлабоко во мојата потрага да создадам најефикасни, трансформативни производи за рутината на корисниците, со состојки базирани на сознанието стекнато низ искуството за она што е важно. Мојата надеж е дека ќе ве инспирира и ќе создаде значајни врски и процес на трансформација.“ - Мина Баек, основач на Your Vegan
-
Your Vegan The Rice Bran Ampoule 45ml
970 ден890 денThe Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
- Го подобрува и воедначува тенот
- Ги прочистува и одржува порите
- Ја спречува појавата на комедони и акни
- Ја хидрира кожата
- Ѝ дава свежина и сјај на кожата
- Ја смирува иритацијата и црвенилото
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата
- Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
- Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
- Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
-
Your Vegan The Rice Bran Cleansing Foam 100ml
850 ден599 денToa е вегански производ за чистење на лицето, со формула која е нежна кон кожата, но со максимална ефикасност ги отстранува нечистотиите, вклучително и тврдокорната шминка, без да предизвика иритација, или чувство на сувост и затегање.
Ги раствора и отстранува вишокот маснотии и ги контролира порите. Ја хидрира и смирува кожата и го подобрува тенот.
▪️ Има нежна веганска формула од природни состојки.
▪️ Со леснотија и без иритација ги отстранува шминката и тврдокорните нечистотии.
▪️ Уморната кожа ја прави свежа и транспарентна.
▪️ Хидрира и смирува.
Производите од 𝗥𝗶𝗰𝗲 𝗕𝗿𝗮𝗻 линијата на 𝗬𝗼𝘂𝗿 𝗩𝗲𝗴𝗮𝗻 имаат за цел да таргетираат повеќе проблеми на кожата и со взаемно дејство на внимателно одбрани состојки да помогнат за постигнување чиста, транспарентна, добро хидрирана кожа, со рамномерен тен и текстура. Тоа се производи создадени врз основа на долгогодишното искуство на познатата корејска skincare блогерка Мина Баек.
-
Your Vegan The Rice Bran Cream 45ml
950 ден899 денСовршен крем за чувствителна и проблематична кожа склона на акни, тоа е Your Vegan The Rice Bran Cream, крем кој ќе направи вашата кожа да заблеска во право светло.
Your Vegan The Rice Bran Cream ги отстранува акните, ја спречува појавата на нови акни, ги отстранува лузните, црвенилото и хиперпигментацијата од акни, на кожата ѝ ја дава потребната хидратација, ја зајакнува заштитната бариера на кожата, ја подобрува текстурата и го подобрува тенот.
Клучни состојки:
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Ниацинамидот ја намалува хиперпигментацијата, го подобрува тенот, ја спречува појавата на акни, ја спречува појавата на брчки и ја прави кожата поеластична.
- Скваланот е некомедогена состојка која ја навлажува кожата, ја спречува појавата на фини линии, ги намалува трагите од акни и флеки.
- Содржи 3 типа на хијалуронска киселина која природно ја привлекува и задржува водата во кожата, со што ја прави кожата свежа и ја спречува појавата на брчки.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот, азиатикозидот и азијатичната кииселина ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од чајно дерво има антибактериско дејство и ги одржува порите.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
Позитивни страни:
- Производот е вегански.
- Направен е од состојки со највисоко ниво на безбедност означени со зелено според EWG.
- Не содржи алергени.
- Не содржи вештачки сурфактанти.
- Не содржи парабени, минерални масла, феноксиетанол, испарлив алкохол, вештачка боја и мирис.
-
Your Vegan The Rice Bran Sun Cream SPF50+ / PA++++ 50ml
1.190 ден950 денУживајте во сонцето со кремот за заштита од сонце на корејскиот бренд 𝐘𝐨𝐮𝐫 𝐕𝐞𝐠𝐚𝐧. 𝐓𝐡𝐞 𝐑𝐢𝐜𝐞 𝐁𝐫𝐚𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 пружа највисок степен заштита од сонце 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ / 𝐏𝐀++++.Овој крем има хидратантна и смирувачка формула збогатена со хијалуронска киселина, церамиди и растителни екстракти. Неговата лесна текстура брзо се впива во кожата без да остави бела или леплива трага.Што означува 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ / 𝐏𝐀++++?▪️ UVB зраците предизвикуваат изгореници на кожата. Кремите со заштитен фактор SPF50+ блокираат 98% од UVB зраците.▪️ UVA зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Кремите со PA++++ пружаат екстремно висока заштита од UVA зраците. За споредба, кремите со PA+ пружаат мала заштита, PA++ средна заштита, PA+++ висока заштита, а P++++ екстремно висока заштита од UVA.𝐘𝐨𝐮𝐫 𝐕𝐞𝐠𝐚𝐧. 𝐓𝐡𝐞 𝐑𝐢𝐜𝐞 𝐁𝐫𝐚𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ / 𝐏𝐀++++ пружа највисок степен на заштита од сонце.КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Содржи неколку типа на хијалуронска киселина која ја одржува кожата добро хидрирана во сите нејзини слоеви и ѝ дава свежина и сјај во текот на денот. Исто така ја прави кожата полна и еластична и ги намалува брчките и фините линии.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
- Екстрактот од азиска центела ги смирува иритацијата и црвенилото и стимулира побрзо заздравување на кожата.
- Екстрактот од камилица има моќно антивоспалително дејство врз кожата, ја намалува иритацијата и појавата на акни.
- Екстрактот од зелен чај е моќен антиоксидант и ја штити кожата од штетното влијание од околината.
-
Your Vegan The Rice Bran Toner 120ml
935 ден779 денДали би сакале да пробате производ кој го подобрува тенот, ја враќа хидратацијата на кожата, ја смирува иритацијата, се бори против акните и ја спречува појавата на брчки?
The Rice Bran Toner на корејскиот бренд Your Vegan е мултифункционален тонер кои ги таргетира сите овие проблеми наеднаш.Вклучете го овој тонер во рутина за нега која веќе ја практикувате, како чекор веднаш по миењето на лицето или комбинирајте го со ампулата и кремот од истата The Rice Bran линија на Your Vegan. Уште по 1 недела од употребата ќе забележите посвежа, почиста и поблескава кожа.
Тоа e интензивен тонер за третман на уморна и затемнета кожа, проблематична кожа со акни, кожа со флеки, кожа на која и недостига еластичност. Благодарение на водата од оризови трици, ниацинамидот, хијалуронската киселина и CG-6 комлексот третира повеќе различни проблеми на кожата и придонесува за нејзин целокупно подобрен изглед и здравје.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Ниацинамидот ја намалува хиперпигментацијата, го подобрува тенот, ја спречува појавата на акни, ја спречува појавата на брчки и ја прави кожата поеластична.
- Содржи 3 типа на хијалуронска киселина која природно ја привлекува и задржува водата во кожата, со што ја прави кожата свежа и ја спречува појавата на брчки.
- CG-6 комлексот е комплекс од екстракти од 6 типа на цветови, кој има функција да ја смири кожата, делува антибактериски и ја спречува појавата на акни, дава хидратација, има антиоксидантно дејство и ја зајакнува заштитната бариера на кожата.
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Ampoule 45ml
1.150 ден950 денХидратација, смирување и грижа за порите во еденa моќна ампула.
Откријте го врвното решение за смирување и хидратација на кожата со оваа лесна, но моќна ампула. Формулирана со 71% вода од чајно дрво, ја чисти, освежува и смирува кожата, го намалува црвенилото и стимулира чиста и здрава текстура. Дизајнирана за балансирање на лачењето на себум, минимизирање на порите и длабинска хидратација, оваа ампула е совршена за масна, чувствителна и сите типови кожа.
Главни придобивки
- Смирување и хидратација – Ги намалува иритациите и ја задржува влагата во кожата
- Грижа за порите – Ги прочистува и минимизира порите
- Намалување на црвенилото – Ја смирува и балансира кожата
Одговара за
- Масна кожа
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Вода од чајно дрво (71%) – Ја прочистува кожата и создава чист и смирен тен
- Глицерин – Ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и помага во намалување на фините брчки и сувоста
- Мадекасозид – Го спречува задебелувањето на кожата и затнувањето на порите
- Ниацинамид – Ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува појавата на проширени пори
Дополнителни карактеристики
- Сертифицирано од Англиското веганско здружение
- Безбедносно и хипоалергиско тестирано
- Без тестирање на животни
Начин на употреба
Нанесете соодветна количина на целото лице наутро и навечер, како дел од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на хидратација, грижа за порите и смирување со оваа веганска, нежна и високо ефикасна ампула.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Cleansing Foam 100ml
1.100 ден899 денYour Vegan The Tea Tree Moisture Glow Cleansing Foam е благ, но длабински ефикасен чистач, збогатен со екстракт од чајно дрво. Нежно ги отстранува нечистотиите и шминката, а истовремено ја негува и хидрира кожата без да ја иритира.
Придобивки
- Длабински ги отстранува нечистотиите и шминката без иритација
- Содржи антибактериски и антивирусни својства за ефикасно чистење
- Екстрактот од чајно дрво ја смирува кожата и спречува сушење по миењето
- Создава заштитен слој што ја брани кожата од надворешни фактори
- Погоден за чувствителна кожа
Тип на кожа
- Чувствителна кожа
- Мрсна кожа
- Сите типови на кожа
Клучни состојки
- Екстракт од чајно дрво – Нежно ги отстранува шминката и нечистотиите додека ја смирува кожата, оставајќи ја освежена и хидрирана.
- Лауринска киселина – Обезбедува антибактериска и антивирусна заштита за темелно чистење.
- Палмитинска киселина – Создава заштитна бариера на кожата, штитејќи ја од надворешни влијанија.
Сертификати и безбедност
- Сертифициран од Vegan Society (Англија)
- Дерматолошки тестиран, хипоалерген
- Без тестирање на животни
Како да ја користите
Нанесете соодветна количина и направете пена. Масирајте ја пената на целото лице, а потоа исплакнете со млака вода.
Нежно, но темелно чистење за здрава и освежена кожа.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Cream 45ml
1.290 ден978 денКрем со чајно дрво за целодневна хидратација и обновување на кожата
Овој богат крем со 67% екстракт од лист од чајно дрво обезбедува интензивна хидратација, ја смирува иритираната кожа и помага во зајакнување и обновување на оштетената кожна бариера. Благодарение на неговата длабинска хидратантна формула, ја прави кожата мека, еластична и балансирана во текот на целиот ден.
Главни придобивки
- Долготрајна хидратација – Обезбедува интензивна влажност за мека и еластична кожа
- Смирување и обновување – Со 67% екстракт од чајно дрво ја намалува иритацијата и го поттикнува регенерирањето на кожата
- Зајакнување на кожната бариера – Благодарение на екстрактот од Centella asiatica, ја заштитува и ја прави поотпорна на надворешни фактори
- Моќна хидратација – Синергетска комбинација на пантенол, глицерин и хиалуронска киселина за длабока и долготрајна влажност
- Комфор за чувствителна кожа – Го намалува чувството на сувост, ја смирува и балансира кожата
Одговара за
- Сува кожа
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Екстракт од лист од чајно дрво (67%) – Го смирува црвенилото и иритациите, ја обновува кожата и ѝ дава чувство на свежина
- Екстракт од Centella asiatica – Го поттикнува заздравувањето, ја зајакнува кожната бариера и ја прави кожата поотпорна
- Мадекасозид – Помага во регенерација на оштетената кожа и забрзува обновување
- Пантенол, глицерин, хиалуронска киселина – Работат заедно за да обезбедат длабока и долготрајна хидратација, одржувајќи ја кожата здрава и негувана
Обезбедете ѝ на вашата кожа дневна доза на хидратација, смирување и зајакнување со овој вегански, хипоалергиски крем, совршен за секојдневна употреба.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Sun Cream SPF50+ 50ml
1.290 ден964 денЗаштитете ја вашата кожа со моќна UV заштита, додека истовремено уживате во освежувачкото дејство на природните состојки. Овој крем за сонце обезбедува широкоспектарна SPF50+ PA++++ заштита, штитејќи ја кожата од штетните UVA и UVB зраци. Благодарение на водата од лист од чајно дрво, кожата добива моментално освежување и ревитализација, додека екстрактот од Centella аsiatica ја смирува иритацијата и ја зајакнува природната заштитна бариера. Hamamelis вirginiana (Witch Hazel) водата додава разладувачки ефект, оставајќи ја кожата хидрирана, смирена и удобна во текот на целиот ден.
Главни придобивкиSPF50+ PA++++ – Висока заштита од сончевите зраци
- Вода од чајно дрво – Освежува и смирува
- Екстракт од Centella Asiatica – Ги намалува иритациите и ја зајакнува кожата
- Ниацинамид – Го изедначува тенот и го подобрува изгледот на кожата
- Комплекс хиалуронска киселина – Длабока хидратација за мазна и здрава кожа
- Лесна и немасна формула – Брзо се впива без бела трага
- Вегански и хипоалергиски производ – Сертифициран од Англиското веганско здружение
- Не е тестиран на животни – Целосно етички производ
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на заштита, хидратација и свежина со овој вегански крем за заштита од сонце. Идеален за секојдневна употреба и за сите типови кожа.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Toner 120ml
1.190 ден899 денЗапочнете го денот со чиста, освежена и хидрирана кожа. Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Toner содржи 78% екстракт од чајно дрво и природен растителен глицерин, кои овозможуваат длабинска хидратација и смирување на кожата.
Клучни придобивки
- Длабински хидрира и освежува
- Ја смирува кожата со природни состојки
- Ги намалува знаците на стареење и ја осветлува кожата
- Остава природен, здрав сјај
Клучни состојки
- 78% екстракт од чајно дрво
- Екстракт од Centella аsiatica
- Ниацинамид
- Хијалуронска киселина – комплекс
Сертификати и безбедност
- Сертифициран од Vegan Society (Англија)
- Дерматолошки тестиран, хипоалерген
- Без тестирање на животни
Како да го користите
По чистење на лицето, нанесете соодветна количина на тонер на памучен тампон и нежно избришете го лицето во насока на неговата природна форма. Обновете ја вашата кожа со веганска нега и почувствувајте ја разликата. – овој текст без наслови само обични болдирани текстови
-
Your VeganSpot Correcting Serum (Niacinamide 10%) 30ml
1.390 ден949 денСерум со 10% ниацинамид за изедначување на тенот и сјајна кожа
Your Vegan Niacinamide Glow Serum е високо концентриран серум со 10% ниацинамид кој ефикасно се грижи за лузните од акни, темните дамки и нерамномерниот тен. Формулиран со вегански состојки, овој серум ја враќа природната свежина и сјај на кожата.
Придобивки
- Ги коригира лузните од акни, темните дамки и несовршеностите
- Го изедначува тенот и ја намалува хиперпигментацијата
- Обезбедува хидратација за мека и здрава кожа
Тип на кожа
- Кожа склона кон акни
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Ниацинамид 71% – Помага во корекција на темните дамки, подобрување на пигментацијата и изедначување на тенот.
- Глицерин – Ја хидрира кожата, одржувајќи ја здрава и ја подобрува еластичноста, спречувајќи сувост и фини линии.
- Аденозин – Ја намалува појавата на брчки, ја подобрува мазноста на кожата и ја стимулира продукцијата на колаген.
Сертификати и безбедност
- Вегански производ
- Клинички тестиран
- Без тестирање на животни
Како да го користите
По чистење и тонирање на кожата, нанесете неколку капки серум и нежно тапкајте за подобро впивање. Завршете со хидратантен крем.
Изедначете го тенот и вратете ѝ ја природната свежина на вашата кожа.