1.390 ден
Нема на залиха
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
1.390 ден
Нема на залиха
Mizon Snail Repair Intensive тонерот со концентриран филтрат од слуз од полжав, ја враќа рамнотежата на вода и масти и виталноста на кожатa, го успорува процесот на појава на брчки, овозможува еластичност и обновување на кожата.
Вметнете го овој производ во својата рутина, веднаш по миењето и почувствувајте го моменталниот ефект на зголемена хидратација. Транспарентната гел текстура на водена база овозможува флексибилност со длабока хидратација, со лесна впивливост, без сушење на кожата.
Дејство:
Не содржи парабени и вештачки парфеми кои предизвикуваат иритации, така што може да се употребува и за чувствителна кожа.
Има мултифункционална формула која покрај високата концентрација на филтрат од слуз од полжав содржи и аденозин, состојка позната по своето антиејџ дејство, во намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки, подобрување на тенот и стимулирање на производство на колаген. Содржи и екстракт од азиска центела кој ја смирува иритацијата на кожата.
Овој тонер е наменет за корисниците кои: