1.347 ден 890 ден
Нема на залиха
Отстранете ги мртвите клетки од кожата, за совршено мазно и чисто лице сo Benton PHA Peeling Тoner.
PHA киселина се користи наместо AHA и за разлика од AHA не предизвикува фотосензитивност. Има минимални ефекти за фотосензитивност со PHA. Ги отстранува нечистотиите на кожата додека формира водена бариера, оставајќи ја кожата мазна и чиста.
AC Collection Calming Liquid Intensive на COSRX нуди тотално и интензивно решение за акните, од прочистување до заздравување.
Што е тоа?
Интензивна течност со брзо дејство која ја освежува и прочистува кожата склона на акни. Тоа е вид на тонер за борба против акни со BHA, AHA и алкохол од растително потекло кој помага да се отстрани вишокот маснотии, да се прочисти и освежи тенот. Нуди темелно чистење на проблематичната кожа.
Зошто е овој производ посебен?
Начин на употреба:
Натопете памучен тупфер и нежно поминете по лицето избегнувајќи го пределот околу очите. Нежно тапкајте и впијте го остатокот од течноста на кожата.
Дали би сакале да пробате производ кој го подобрува тенот, ја враќа хидратацијата на кожата, ја смирува иритацијата, се бори против акните и ја спречува појавата на брчки?
The Rice Bran Toner на корејскиот бренд Your Vegan е мултифункционален тонер кои ги таргетира сите овие проблеми наеднаш.
Вклучете го овој тонер во рутина за нега која веќе ја практикувате, како чекор веднаш по миењето на лицето или комбинирајте го со ампулата и кремот од истата The Rice Bran линија на Your Vegan. Уште по 1 недела од употребата ќе забележите посвежа, почиста и поблескава кожа.
Тоа e интензивен тонер за третман на уморна и затемнета кожа, проблематична кожа со акни, кожа со флеки, кожа на која и недостига еластичност. Благодарение на водата од оризови трици, ниацинамидот, хијалуронската киселина и CG-6 комлексот третира повеќе различни проблеми на кожата и придонесува за нејзин целокупно подобрен изглед и здравје.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Lapothicell A.C. Daily Calming Peeling Booster e мулти-функционален тонер со благ пилинг ефект, кој прави нежно тонирање, хидрирање и регулирање на pH балансот.
Благодарение на AHA (алфа хидроксилната киселина) и BHA (бета хидроксилната киселина) од природно потекло, овој тонер помага во решавањето на различни проблеми со кожата. Неговите AHA и растителни BHA состојки помагаат во регулирање на себумот и отстранување на мртвите клетки.Овој дневен пилинг бустер на кожата ѝ пружа свежина.
Тоа е дерматолошки тестиран производ, кој дури и по една употреба ги ексфолира и редуцира мртвите клетки на кожата. Исто така го спречува создавањето на акни, го регулира создавањето на себум, ги отстранува дамките, белките, црнките, го изедначува нерамномерниот тен и ѝ дава помека текстура на кожата.
Овој не-иритирачки тонер кој овозможува секојдневен смирувачки пилинг погоден за сите типови на кожа, дава одлични резултати кај чувствителна, како и мрсна кожа склона кон акни, црнки и нерамномерен тен, притоа обезбедувајќи ја потребната хидратација.
Употреба: По миење на лицето, секое утро и вечер, натопете памучен тупфер со бустерот и нежно пребришете го лицето и вратот. При дневна употреба на овој тонер задолжително треба да се користи крем со заштитен фактор.
Известувања