-
Aromatica Soothing Aloe Aqua Cream 150g
1.140 денAromatica Soothing Aloe Aqua Cream е крем без мирис и боја кој е погоден за нега на чувствителна и иритирана кожа. Органскиот алое вера екстракт гелкој е дел од формулата на овој лесно впивлив крем, ја навлажнува и смирува кожата. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.
Овој крем е сертифицирано вегански и е направен од 95% природни состојки. Содржи 83% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат, церамиди, вода од лаванда, хидролизирани гликозаминогликани, екстракт од рузмарин и екстракт од камилица. Производот има EWG VERIFIED™ сертификат.
⠀
Церамидите се состојка со докажано анти-ејџинг дејство, помоќно од она на ретинолот, ниацинамидот и пептидите. Помагаат во зајакнувањето на заштитниот слој на кожата, зголемување на хидратацијата и постигнување на помазна, позатегната и поцврста кожа со помалку видливи линии и брчки.
⠀
Водата од лаванда има антиинфламаторно и терапевтско дејство.
⠀
Гликозаминогликаните (GAG) познати како мукополисахариди, помагаат за поддршка и одржување на структурните протеини на кожата како што се колагенот и еластинот. Нивните молекули врзуваат големо количество вода и на кожата ѝ даваат длабинска и богата хидратација, со што ја спречува појавата на нови брчки.
⠀
Екстрактот од рузмарин е антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали. Тој ја снабдува кожата со железо, калциум и витамини.
⠀
Екстрактот од камилица има антиинфламаторно, антифугално, антибактериски и антиоксидантно дејство.
⠀
Овој производ е вегански и Cruelty Free, не содржи парабени, силикони, сулфати, фталати, PEG, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
⠀ -
Aromatica Soothing Aloe Vera Gel 300ml
950 денПружете ѝ интензивна хидратација на вашата жедна кожа со органскиот алое гел на познатиот корејски бренд за органска и природна козметика AROMATICA.⠀𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗢𝗿𝗴𝗮𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗹𝗼𝗲 𝗩𝗲𝗿𝗮 𝗚𝗲𝗹 е нелеплив, безбоен, лесен гел кој брзо се апсорбира. Пружа интензивно освежување и смирување на кожата од иритација, црвенило, изгореници од сонце и смирување на акни. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.Содржи и вода од рузмарин која помага во подобрување на тенот и смирување на акните и иритацијата.⠀Овој гел е сертифицирано вегански и е направенод 100% природни состојки. Содржи 96% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат.Производот е дерматолошки тестиран и е докажано хипоалергенски. Безгрижно може да го користи целото семејство, дури и најмалите.Погоден е за употреба кај сите типови кожа, масна, нормална комбинирана, сува вклучително и чувствителна. Може да се вметне во различни рутини за нега на лицето за да се постигне дополнителна хидратација и смирување на кожата.Примена:- Хидратантен гел пред нанесување крем на лицето
- После бричење
- После сoнчање
- Како гел за масажа
- После капење
- За смирување на акни, иритација и црвенило на кожата
- Со апарати за масажа на лице
-
Aromatica Tea Tree Balancing Foaming Cleanser
1.290 денПенливо средство за чистење специјално дизајнирано за масна кожа. Маслото од чајно дрво и маслото од бергамот пенетрираат длабоко во порите на кожата за да го намалат вишокот на масти, нежно ги отстрануваат нечистотиите и шминката и ја прават кожата да се чувствува чиста и освежена. Органскиот екстракт од чичак и екстрактот од гавез ја смируваат и хидратираат кожата. Состојки: Екстракт од лист од Aloe barbadensis, глицерин, палмитинска киселина, стеаринска киселина, лауринска киселина, калиум хидроксид, вода, миристинска киселина, натриум кокоамфоацетат, глицерил стеарат, сорбиан оливат, натриум хлорид, екстракт од лист од Malaleuca alternifolia, алантоин, фенетил алкохол, каприлил гликол, масло од лист/гранче oд Citrus aurantium amara, масло од семе од Helianthus annuus, токоферол, **цитронелол, масло од Citrus aurantium bergamia, масло до Pelargonium graveolens, *екстракт од корен од Arctium lappa, *екстракт од корен од Symphytum officinale, масло од лист од Malaleuca alternifolia, **гераниол, **лимонен, **линалоол *сертифицирано органски **од природно есенцијално масло. -
Aromatica Tea Tree Pore Purifying Gel Cream 5% Niacinamide + 0.1% PHA 100ml
2.221 денЗа чисти пори и сјајна кожа, тука е Tea Tree Pore Purifying Gel Cream 5% Niacinamide + 0.1% PHA на познатиот корејски бренд за природна и органска козметика AROMATICA.
Пробајте го овој лесен гел крем формулиран со природно масло од австралиско чајно дрво и ниацинамид и уживајте во совршено чиста и сјајна кожа.
Овој крем помага во контролата на прекумерното лачење на себум со што ги одржува чисти порите и помага во контролата на балансот на водата и мастите на кожата, правејќи ја кожата помазна и почиста.
PHA е состојка со повеќе придобивки за кожата. Прави нежен пилинг кој создава поздрави клетки на површината на кожата, намалувајќи ја хиперпигментацијата, а исто така ја хидрира кожата. Помагаво зпречување на појавата на фини линии и брчки.
КОРИСТЕТЕ ГО ОВОЈ ПРОИЗВОД КАКО НОЌНА МАСКА: Оние денови кога вашата кожа се чувствува чувствителна и сува, земете двојно повеќе од вообичаената количина и користете ја како маска за спиење. Вашата чувствителна кожа ќе се смири изненадувачки брзо.
Препорачана употреба: Земете соодветна количина на крем за прочистување на порите од чајно дрво на последниот чекор од вашата рутина за нега на кожата. Нанесете и тапкајте за подобра апсорпцијата. Тоа ви помага да ги задржите вашите пори затегнати и вашата кожа мазна.
-
Banila Co Clean It Zero Cleansing Balm Nourishing 100ml
1.980 ден792 денРок на траење до 30.03.2025
-
-
-
-
BEARDBURYS Esentials Afther Shave 120ml
1.119 ден1.055 денBeardburys Essentials After Shave – Освежете ја вашата кожа по бричење
Дали сте уморни од тоа вашата кожа да изгледа суво и иритирано по бричење? Beardburys Essentials After Shave е вашето решение – совршен хидратантен производ кој ќе и обезбеди на вашата кожа потребна нега и свежина.
Клучни придобивки
- Смирување: Нежно ја смирува кожата и ја намалува иритацијата предизвикана од бричење.
- Хидратација: Длабоко ја храни кожата, оставајќи ја мека и еластична.
- Дезинфекција: Напредната формула помага во заштита на кожата, спречувајќи инфекции и воспаленија.
- Лесна текстура: Немрсна формула која брзо се апсорбира, без чувство на тежина.
- Долготрајна свежина: Обезбедува чувство на свежина кое трае во текот на целиот ден.
Моќни состојки
- Хмељ: Ги смирува воспаленијата и ја зајакнува кожата.
- Алое вера: Го намалува црвенилото и обезбедува интензивна хидратација.
- Пантенол (Про-витамин Б5): Длабоко хидрира и ја обновува кожата.
- Шеа путер: Ја храни и ја омекнува кожата, обезбедувајќи долготрајна заштита.
- Алантоин: Го намалува црвенилото и ги регенерира оштетувањата.
- Витамин Е: Моќен антиоксидант кој ја заштитува кожата од надворешни влијанија.
Како да се користи
- Исчистете го лицето по бричење и нежно тапкајте го со пешкир.
- Нанесете мала количина Beardburys Essentials After Shave на лицето и вратот.
- Масирајте додека целосно не се апсорбира.
Зошто да го изберете Beardburys Essentials After Shave?
- Сеопфатна нега: Обезбедува смирување, хидратација и заштита со само еден производ.
- Погоден за сите типови кожа: Нежна формула која ефикасно делува и на чувствителна кожа.
- Професионален квалитет: Beardburys Essentials е бренд со доверба, создаден за мажи кои сакаат најдоброто за својата кожа.
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на смирување, хидратација и заштита со Beardburys Essentials After Shave.
-
BEARDBURYS Essentials All in One Shampoo (moisturizing shampoo and body gel) 250ml
729 денAll In One – Шампон, регенератор и гел за туширање
All In One е мултифункционален производ кој комбинира шампон, регенератор и гел за туширање. Совршен за мажи со динамичен животен стил, овој производ овозможува брза и ефикасна нега на косата и кожата.
Клучни предности:
- Чисти, хидрира и обновува косата и кожата во еден чекор.
- Формулата со алое вера и мајчина душица обезбедува нежна, но ефективна нега.
- Идеален за теретана, патувања или секојдневна употреба.
Идеален за:
Мажи кои бараат практично решение за својата рутина за нега.Како да се користи:
Нанесете на косата и кожата, масирајте и исплакнете со вода.Заштедете време и постигнете совршена нега со All In One!