-
Your Vegan The Rice Bran Ampoule 45ml
970 ден712 денThe Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
- Го подобрува и воедначува тенот
- Ги прочистува и одржува порите
- Ја спречува појавата на комедони и акни
- Ја хидрира кожата
- Ѝ дава свежина и сјај на кожата
- Ја смирува иритацијата и црвенилото
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата
- Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
- Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
- Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
-
Your Vegan The Rice Bran Cleansing Foam 100ml
850 ден599 денToa е вегански производ за чистење на лицето, со формула која е нежна кон кожата, но со максимална ефикасност ги отстранува нечистотиите, вклучително и тврдокорната шминка, без да предизвика иритација, или чувство на сувост и затегање.
Ги раствора и отстранува вишокот маснотии и ги контролира порите. Ја хидрира и смирува кожата и го подобрува тенот.
▪️ Има нежна веганска формула од природни состојки.
▪️ Со леснотија и без иритација ги отстранува шминката и тврдокорните нечистотии.
▪️ Уморната кожа ја прави свежа и транспарентна.
▪️ Хидрира и смирува.
Производите од 𝗥𝗶𝗰𝗲 𝗕𝗿𝗮𝗻 линијата на 𝗬𝗼𝘂𝗿 𝗩𝗲𝗴𝗮𝗻 имаат за цел да таргетираат повеќе проблеми на кожата и со взаемно дејство на внимателно одбрани состојки да помогнат за постигнување чиста, транспарентна, добро хидрирана кожа, со рамномерен тен и текстура. Тоа се производи создадени врз основа на долгогодишното искуство на познатата корејска skincare блогерка Мина Баек.
-
Your Vegan The Rice Bran Cream 45ml
950 ден719 денСовршен крем за чувствителна и проблематична кожа склона на акни, тоа е Your Vegan The Rice Bran Cream, крем кој ќе направи вашата кожа да заблеска во право светло.
Your Vegan The Rice Bran Cream ги отстранува акните, ја спречува појавата на нови акни, ги отстранува лузните, црвенилото и хиперпигментацијата од акни, на кожата ѝ ја дава потребната хидратација, ја зајакнува заштитната бариера на кожата, ја подобрува текстурата и го подобрува тенот.
Клучни состојки:
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Ниацинамидот ја намалува хиперпигментацијата, го подобрува тенот, ја спречува појавата на акни, ја спречува појавата на брчки и ја прави кожата поеластична.
- Скваланот е некомедогена состојка која ја навлажува кожата, ја спречува појавата на фини линии, ги намалува трагите од акни и флеки.
- Содржи 3 типа на хијалуронска киселина која природно ја привлекува и задржува водата во кожата, со што ја прави кожата свежа и ја спречува појавата на брчки.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот, азиатикозидот и азијатичната кииселина ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од чајно дерво има антибактериско дејство и ги одржува порите.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
Позитивни страни:
- Производот е вегански.
- Направен е од состојки со највисоко ниво на безбедност означени со зелено според EWG.
- Не содржи алергени.
- Не содржи вештачки сурфактанти.
- Не содржи парабени, минерални масла, феноксиетанол, испарлив алкохол, вештачка боја и мирис.
-
Your Vegan The Rice Bran Sun Cream SPF50+ / PA++++ 50ml
1.190 ден950 денУживајте во сонцето со кремот за заштита од сонце на корејскиот бренд 𝐘𝐨𝐮𝐫 𝐕𝐞𝐠𝐚𝐧. 𝐓𝐡𝐞 𝐑𝐢𝐜𝐞 𝐁𝐫𝐚𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 пружа највисок степен заштита од сонце 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ / 𝐏𝐀++++.Овој крем има хидратантна и смирувачка формула збогатена со хијалуронска киселина, церамиди и растителни екстракти. Неговата лесна текстура брзо се впива во кожата без да остави бела или леплива трага.Што означува 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ / 𝐏𝐀++++?▪️ UVB зраците предизвикуваат изгореници на кожата. Кремите со заштитен фактор SPF50+ блокираат 98% од UVB зраците.▪️ UVA зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Кремите со PA++++ пружаат екстремно висока заштита од UVA зраците. За споредба, кремите со PA+ пружаат мала заштита, PA++ средна заштита, PA+++ висока заштита, а P++++ екстремно висока заштита од UVA.𝐘𝐨𝐮𝐫 𝐕𝐞𝐠𝐚𝐧. 𝐓𝐡𝐞 𝐑𝐢𝐜𝐞 𝐁𝐫𝐚𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ / 𝐏𝐀++++ пружа највисок степен на заштита од сонце.КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Содржи неколку типа на хијалуронска киселина која ја одржува кожата добро хидрирана во сите нејзини слоеви и ѝ дава свежина и сјај во текот на денот. Исто така ја прави кожата полна и еластична и ги намалува брчките и фините линии.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
- Екстрактот од азиска центела ги смирува иритацијата и црвенилото и стимулира побрзо заздравување на кожата.
- Екстрактот од камилица има моќно антивоспалително дејство врз кожата, ја намалува иритацијата и појавата на акни.
- Екстрактот од зелен чај е моќен антиоксидант и ја штити кожата од штетното влијание од околината.
-
Your Vegan The Rice Bran Toner 120ml
935 ден779 денДали би сакале да пробате производ кој го подобрува тенот, ја враќа хидратацијата на кожата, ја смирува иритацијата, се бори против акните и ја спречува појавата на брчки?
The Rice Bran Toner на корејскиот бренд Your Vegan е мултифункционален тонер кои ги таргетира сите овие проблеми наеднаш.Вклучете го овој тонер во рутина за нега која веќе ја практикувате, како чекор веднаш по миењето на лицето или комбинирајте го со ампулата и кремот од истата The Rice Bran линија на Your Vegan. Уште по 1 недела од употребата ќе забележите посвежа, почиста и поблескава кожа.
Тоа e интензивен тонер за третман на уморна и затемнета кожа, проблематична кожа со акни, кожа со флеки, кожа на која и недостига еластичност. Благодарение на водата од оризови трици, ниацинамидот, хијалуронската киселина и CG-6 комлексот третира повеќе различни проблеми на кожата и придонесува за нејзин целокупно подобрен изглед и здравје.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- Ниацинамидот ја намалува хиперпигментацијата, го подобрува тенот, ја спречува појавата на акни, ја спречува појавата на брчки и ја прави кожата поеластична.
- Содржи 3 типа на хијалуронска киселина која природно ја привлекува и задржува водата во кожата, со што ја прави кожата свежа и ја спречува појавата на брчки.
- CG-6 комлексот е комплекс од екстракти од 6 типа на цветови, кој има функција да ја смири кожата, делува антибактериски и ја спречува појавата на акни, дава хидратација, има антиоксидантно дејство и ја зајакнува заштитната бариера на кожата.
- Водата од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Го подобрува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со старечките флеки, трагите од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата воедначена, чиста и сјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
-
Данини ладно цедено масло од авокадо
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од авокадо на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масло од коноп 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од коноп на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масло од малина 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од малина на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини Ладно цедено масло од неем 10ml
280 денЛадно цеденото масло од неем ја враќа нормалната состојба на епидеремисот кожата и ја зајакнува нејзината заштитна бариера со тоа што делува антибактериски и ја одржува влажноста на кожата. Неемот е позната индиска билка која се користи за лекување повеќе од 5000 години. Поради својата чудотворна моќ е позната секаде во светот а во Индија се смета за свето дрво.
Хемискиот состав на маслото од неем e многу сложен и вклучува triterpene, limonoide, nonterpenoide, hexanortriterpenoide, pentattriterpenoide. Најважна активна состојка на маслото од нееем е azadirachitin која има анти-паразитни, анти бактериски, анти вирусни и инсектицидни својства.
Процесот на ладно цедење за добивање на ова масло придонесува тоа да не изгуби од своите делотворни својства.
Дејство:
- спречува кожни инфекции
- го забрзува заздравувањето на раните
- помага кај акни
- ги ублажува сите видови на иритации на кожата, чешање, осип и алергиски реакции.
-
Данини ладно цедено масло од рицинус 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од рицинус на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масо од орев 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од орев на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини масло од шафран 10ml
280 денМаслото од шафран има бојни докажано погодни својства за кожата. Вметнете го во својата рутина за нега и почувствувајте го бенефитот од неговата употреба.
Маслото од шафран е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали кои ги создава штетното UV зрачење. Со тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Содржи кроцин, потентна антиоксидантна состојка, која ја штити кожата од UVA и UVB зраците кои се причинители на појава на предвремени знаци на стареење.
Ова масло ефикасно ги смирува воспаленијата. Кроцинот придонесува за неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи го спречува дејството на многу инфламаторни протеини.
Го поттикнува заздравувањето на кожата и затворањето на раните преку забрзување на процесот на создавање на нови клеки.
Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на кроцинот и другите активни состојки кои ги содржи ова масло.