-
Beplain Multi Hyaluronic Acid Ampoule 30ml
1.520 денOriginal price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.Како до полн и младешки изглед на кожата?
Тука е 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲, моќната серумска ампула со три вида на хијалуронска киселина, која ќе ѝ ги врати свежината и сјајот на вашата кожа.Моќната хијалуронска киселина добиена од снежна печурка (Tremella fuciformis) веднаш ја хидрира кожата и ѝ дава видливо пополн изглед, свежина и сјај. Ги намалува брчките и фините линии и ја спречува појавата на нови.
За разлика од обичната хијалуронска киселина, екстрактот од снежна печурка има дополнителен бенефит за кожата. Покрај тоа што е богат со прородна хијалуронска киселина, тој го поттикнува создавањето на колаген и еласти што придонесува за враќање на еластичноста на кожата, нејзино зацврснување и спречување на појава на брчки.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 содржи три вида на хијалуронска, благодарение на кои ја врќа хидратацијата во сите слоеви на кожата, ги пополнува брчките и спречува нивно продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Оваа ампула содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
-
Beplain Multi Vitamin Ampoule 30ml
1.568 денOriginal price was: 1.568 ден.1.254 денCurrent price is: 1.254 ден.𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 е моќен мултивитамиски серум, кој ги остранува хиперпигментацијата и диколорацијта, ја ревитализира уморната кожа, ја подобрува еластичноста и ги намалува брчките.
Наместо дестилирана вода содржи вода од волчји трн која е богата со витамини и го забрзува процесот на заздравување на кожата, ја поттикнува еластичноста и јахидрира кожата.
Има моќно дејство благодарение на шесте видови витамини кои ги содржи:
- витамин Ц
- 5% ниацинамид
- витамин Б5
- витамин Е
- деривати на витамин Ц
Содржи 5% ниацинамид, кој помага во изедначување на нерамномерниот тен, измазнување на нерамномерната текстура и намалување на брчките
Содржи и транексамична киселина и арбутин кои се состојки познати по својата ефикасност да ја намалуваат хиперпигментацијата и да го изедначуваат тенот.
Хијалуронската киселина и бета-глуканот на кожата ѝ пружаат богата и длабинска хидратација.
Дејство:
- Ја намалува хиперпигментациата
- Ја намалува дисколорацијата
- Го изедначува тенот
- Ги враќа сјајот и свежината на кожата
- Ја ревитализира уморната кожа
- Ги намалува брчките
- Ја спречува појавата на нови брчки
- Ја штити кожата од слободните радикали
- Хидрира
-
By Wishtrend Polyphenols in Propolis 15% Ampoule
1.890 денPolyphenols in Propolis 15% Ampoule ампула која благодарение на своите антиинфламаторни, хранливи, хидратантни и смирувачки свјства помага во борбата против акните, ја смирува и хидрира кожата.
Екстрактот од прополис со потекло од регионот Оверњ во Франција содржи два вида на полифеноли, катехин и кверцетин. Тие се добри антиоксданти, исто така ефективни состојки за нега на кожата. Дополнително, екстрактот од Houttuynia cordata и цинк PCA помагаат во смирување на кожата и имаат антибактериски својства. Со тоа помагаат во борбата против акните. Навлажнувачките состојки како натриум хијалуронат, пантенол и бетаин, ефикасно на кожата ѝ ја пружаат потрбната влажност.
Употреба: По чистењето подгответе ја кожата со тонер и нанесете рамномерно 3-4 капки на лицето. Рутината завршете ја со навлажнувач.
-
COSRX Advanced Snail 96 Mucin Power Essence 100ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.1.161 денCurrent price is: 1.161 ден.Земја на производство: Република Кореја Состав: Snail Secretion Filtrate, Betaine, Butylene Glycol, 1,2-Hexanediol, Sodium Polyacrylate, Phenoxyethanol, Sodium Hyaluronate, Allantoin, Ethyl Hexanediol, Carbomer, Panthenol, Arginine. -
COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule
1.620 денOriginal price was: 1.620 ден.1.458 денCurrent price is: 1.458 ден.Формулирана со 83,25% екстракт од прополис, оваа висококонцентрирана ампула го осветлува тенот и на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација и таа зрачи со младешки сјај. -
COSRX Hydrium Centella Aqua Soothing Ampoule
1.590 денТоа е ампула која ја смирува и навлажнува иритираната кожа. -
COSRX Hydrium Triple Hyaluronic Moisture Ampoule
1.590 денВискозен навлажнувачки серум што ја прави кожата еластична. Обезбедува длабинска хидратација за сува и дехидрирана кожа. -
FAEBEY BRIGHT BOOST Facial Ampoules / Vitamin C 7x2ml
1.150 денBright Boost се ампули за локална примена со висока концентрација на витамин C, формулирани за осветлување на кожата, поддршка на природната синтеза на колаген и подобрување на еластичноста. Овој производ помага да се намалат видливите знаци на стареење, како што се фините линии и брчки, и истовремено делува на хиперпигментација и дамки од акни, оставајќи ја кожата свежа, сјајна и изедначена.
Витаминот C е еден од најмоќните антиоксиданти, познат по својата способност да го заштити кожното ткиво од оксидативен стрес и слободни радикали. Со редовна употреба, ја поттикнува продукцијата на колаген и еластин, што ја подобрува структурата и цврстината на кожата. Дополнително, овозможува и длабинска хидратација, оставајќи ја кожата со полн и хидриран изглед.
Формулата е лесна и брзо се апсорбира, без да остава мрсни остатоци, што ја прави погодна за утринска или вечерна рутина. Ампулите се индивидуално пакувани за да се зачува ефективноста на витаминот C и да се спречи оксидација и контаминација, што овозможува хигиенска и практична употреба, дури и при патување.
Производот е формулиран така што е погоден за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна.
Начин на употреба:
-
Протресете ја ампулата пред употреба.
-
Поставете го апликаторот и внимателно скршете го врвот на ампулата.
-
Вметнете го апликаторот и истиснете ја содржината во дланката.
-
Нанесете на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето со нежни движења додека целосно не се апсорбира.
-
Продолжете со вашата вообичаена крема.
Bright Boost ампулите се идеално решение за секојдневна нега на кожа што бара дополнителен сјај, уедначен тен и заштита од предвремено стареење.
Мерки на претпазливост:
-
За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.
-
Никогаш не отворајте со непокриени раце.
-
Производот не е за инјектирање.
-
Избегнувајте контакт со очи и слузници.
-
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAEBEY FRESH SHOOTS Facial Ampoules / Hyaluronic Acid 7x2ml
1.150 денToa се ампули за локална примена со концентрирана формула базирана на хијалуронска киселина. Дизајнирани се да обезбедат интензивна и долготрајна хидратација, делувајќи длабоко во сите слоеви на епидермисот. Со нивна редовна употреба, кожата станува посветла, поцврста и со видливо подобрена текстура.
Хијалуронската киселина е позната по нејзината способност да задржи до 1.000 пати повеќе вода од својата тежина, што овозможува ефективно „полнење“ на кожата со влага и обновување на нејзиниот свеж изглед. Формулата ја зајакнува кожната бариера, спречува губење на влага и придонесува за здрав, балансиран тен.
Ампулите се со лесна, серумска текстура која брзо се апсорбира без мрсни траги, што ги прави погодни за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна. Смирувачкото дејство на хијалуронската киселина дополнително ја намалува иритацијата и црвенилото.
Предноста на ампулите е и во практичната амбалажа која овозможува прецизна и хигиенска употреба, идеална за секојдневна рутина или патување. Производот лесно се комбинира со други серуми и креми, за дополнителен ефект и подобрување на резултатите.
Начин на употреба:
-
Нежно протресете ја ампулата.
-
Поставете го апликаторот на врвот и скршете ја ампулата.
-
Вметнете го апликаторот и истиснете ја содржината во дланката.
-
Нанесете на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето со масажа додека целосно не се апсорбира.
-
Продолжете со нанесување на вообичаената или препорачана крема.
Fresh Shoots ампулите се идеален избор за оние што бараат брзи и видливи резултати – хидратација, подобрена цврстина и обновен сјај на кожата.
Мерки на претпазливост:
-
За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.
-
Никогаш не отворајте со непокриени раце.
-
Производот не е за инјектирање.
-
Избегнувајте контакт со очи и слузници.
-
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAEBEY INSTANT LIFT Facial Ampoules / DMAE 7x2ml
1.150 денDMAE Instant Lift Ампула – ефект на лифтинг без игли
Оваа концентрирана ампула за локална апликација обезбедува моментален лифтинг ефект, ревитализирајќи ја кожата и враќајќи ѝ ја цврстината и еластичноста. Благодарение на активната состојка DMAE (диметиламиноетанол), природна и водорастворлива супстанција од органско потекло, оваа формула делува како ефикасна неинвазивна алтернатива против стареење на кожата.
DMAE помага во намалување на фините линии и брчки, додека во исто време го унапредува тонот на кожата и нејзината текстура. Со редовна употреба, кожата станува поцврста, со подобрени контури на лицето и намалени знаци на умор. Ампулата обезбедува длабинска хидратација, унифициран тен и природен сјај.
Клучни бенефити:
-
Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата
-
Делува како природен лифтинг, без хируршка интервенција
-
Видливо ги намалува знаците на стареење
-
Ја уедначува текстурата и го подобрува тенот
-
Содржи антиоксидантни својства што ја штитат кожата од надворешни влијанија
-
Ја задржува влагата и го поддржува хидратацискиот баланс
-
Може да се комбинира со други активни состојки како пептиди и антиоксиданси
-
Погодна за повеќето типови кожа, вклучувајќи зрела, сува и комбинирана кожа, оваа ампула е совршено решение за секој што бара видлива трансформација без инвазивни третмани.
Начин на употреба:
-
Нежно протресете ја ампулата.
-
Ставете го апликаторот на врвот од ампулата за да ја скршите.
-
Вметнете го апликаторот.
-
Истурете ја содржината во дланката и нанесете ја на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.
-
Масирајте со врвовите на прстите сè додека целосно не се апсорбира, потоа нанесете ја вообичаената или препорачана крема.
Мерки на претпазливост: За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите. Никогаш не отворајте со непокриени раце. Производот не е за инјектирање. Избегнувајте контакт со очи и слузници. Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAEBEY WHITE DROPS Facial Ampoules / NIACINAMIDE 7x2ml
1.150 денToa се концентрирани ампули за топикална апликација кои содржат витамин B3 и обезбедуваат широк спектар на придобивки за кожата. Наменети се за секојдневна нега со фокус на осветлување на тенот, намалување на хиперпигментација, балансирање на себум и подобрување на текстурата на кожата.
Со редовна употреба, ниацинамидот делува на намалување на темни дамки и пеги, придонесувајќи за порамномерен и посветлен тен. Активната состојка делува и на регулирање на лачењето себум, што го прави овој производ особено погоден за кожа склона кон акни или вишок мрснотија.
Дополнително, ампулите го зајакнуваат заштитниот слој на кожата, подобрувајќи ја нејзината способност за задржување на влага и заштита од надворешни влијанија. Со своите антиинфламаторни својства, ниацинамидот помага во смирување на црвенило и иритации, што го прави погоден и за чувствителна кожа.
Формулата е лесна, немасна и брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата освежена и мека. Ампулите може да се користат самостојно или во комбинација со други серуми и третмани во вашата рутина.
Редовната употреба на ниацинамид ампули носи видливи резултати за неколку недели, со подобрен изглед на кожата, изедначен тен, намалени пори и зголемена хидратација.
Начин на употреба:
-
Нежно протресете ја ампулата.
-
Ставете го апликаторот на врвот од ампулата за да ја скршите.
-
Вметнете го апликаторот.
-
Истурете ја содржината во дланката и нанесете ја на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.
-
Масирајте со врвовите на прстите сè додека целосно не се апсорбира, потоа нанесете ја вообичаената или препорачана крема.
Мерки на претпазливост:
-
За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.
-
Никогаш не отворајте со непокриени раце.
-
Производот не е за инјектирање.
-
Избегнувајте контакт со очи и слузници.
-
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAU Core Intensive Caviar Ampoule 100ml
2.490 денCore Intensive Caviar Ampoule е високо концентрирана анти-ејџинг ампула која обезбедува интензивна нега и видливо подобрување на кожата. Богатата формула содржи екстракт од кавијар, луксузна состојка позната по својата моќна нутритивна вредност, која е слична на структурата на кожата. Благодарение на брзата апсорпција, оваа ампула длабински ја храни кожата без лепливост, овозможувајќи интензивна регенерација и подобрување на нејзината цврстина и еластичност.
Оваа ампула делува ефективно во спречување на оштетувањата на кожата и процесот на стареење. Со активирање на фибробластите, ја поттикнува природната синтеза на колаген и ја враќа виталноста.
Главни придобивки:
- Ја спречува штетата на кожата и забавува стареење
- Ги активира фибробластите и ја подобрува цврстината
- Длабински ја храни кожата и ја зајакнува бариерата
- Ја осветлува и измазнува текстурата
- Брзо се апсорбира без лепливост
Клучни состојки:
- Кавијар екстракт (1,000ppm) – богат со есенцијални хранливи материи за подмладување
- EGF и FGF – фактори на раст кои ја поттикнуваат обновата на кожата
- 7 есенцијални аминокиселини – ги зајакнуваат клетките на кожата и ја подобруваат структурата
- 7 вида пептиди – ја подобруваат еластичноста и намалуваат брчки
- Бета-глукан – помага во смирување и хидратација
- Екстракт од корен на Rehmannia Chinensis – познат по своите антиоксидантни својства
Како да се користи:
По нанесување на тоник, испумпајте соодветна количина од ампулата и рамномерно нанесете ја на лицето. Нежно размачкајте и оставете ја кожата да ја апсорбира формулата.Со редовна употреба, кожата станува поцврста, посветла и длабински хидрирана, добивајќи здрав и подмладен изглед.
-
-
Klairs Fundamental Watery Oil Drop
1.780 денDear, Klairs Fundamental Watery Oil Drop се маслени капки кои на кожата ѝ пружаат моќно атиоксидантно дејство благодарение на комплексот од ориентални чаеви, неколку филтрати на ферменти и пептидите. Оваа избалансирана формула ги комбинира енергијата на серумите и богатството на маслата со есенцијалната вода од зелен чај со поекло од остовот Џеџу. Употреба: Нанесете 2 до 3 маслени капки наутро и навечер, на лицето и вратот, пред нанесу- вањето крем. Маслените капки може да се користат пред или наместо серум. Состав: вода, глицерин, бутилен гликол, вода од лист од Camellia sinensis, екстракт од Oryza sativa (ориз), екстракт од фермент на Bifida, бетаин, дипропилен гликол, сорбитол, 1,2-хександиол, екстракт од фермент на Aspergillus/ориз, екстракт од лист од Camellia sinensis, дикалиом глициризат, сорбитан сесквиолеат, етилхексилглицерин, натриум акрилат/натриум акрилоил диметил таурат кополимер, натриум хијалуронат, хидроксиетилцелулоза, ксантан гума, аргинин, карбомер, токоферил ацетат, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, екстракт од Laminaria Japonica, церамид NP, хидрогениран лецитин, бакар трипептид-1, ацетилхексапептид-8.