-
Beauty of Joseon Revive Eye Serum : Ginseng + Retinal 30ml
855 денЖеншенот и ретиналот создаваат моќна комбинација за ефикасно намалување на брчките околу очите. Оваа извонредна синергија на состојки е содржана во новиот серум за очи на Beauty of Joseon, Revive Eye Serum: Ginseng + Retinal. Формулиран за подобрување на состојбата на кожата околу очите, овој серум комбинира 2% ретинал липозом и 10% екстракт од корен од женшен за подмладувачки ефект.
Ретиналот е дериват на витаминот А кој директно се претвора во ретиноична киселина, овозможувајќи побрзо и поефикасно дејство од ретинолот. Оваа активна состојка:
- стимулира создавање на колаген,
- го зајакнува кожниот заштитен слој,
- го поттикнува обновувањето на клетките,
- ја намалува видливоста на брчките.
Формулата содржи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол, што овозможува максимална ефикасност со минимална иритација.
Екстрактот од женшен е богат со сапонини кои помагаат во длабинска хидратација и ја штитат кожата од предвремено стареење. Оваа состојка традиционално се користи во корејската нега за подобрување на цврстината и регенерацијата на кожата. Благодарение на способноста за долготрајно задржување на влагата, кожата останува освежена, здрава и еластична.
Овој серум има лесна свиленкаста текстура што брзо се впива во кожата без да остава леплив слој. Наменет е за:
- намалување на фини линии,
- осветлување на темните кругови,
- смирување на подуеноста на очите.
Клиничките тестирања покажале:
- 16% подобрување на брчките околу очите,
- 11% намалување на брчките на вратот,
- 118% зголемување на влажноста на кожата.
Совршен за оние кои бараат ефективна нега против стареење, Beauty of Joseon Revive Eye Serum нуди напредна формула за посветлен, цврст и младешки изглед на кожата околу очите.
Начин на употреба: Нанесете 1-2 испумпувања од серумот со лесен притисок на апликаторот. Со врвот на прстот, нежно тапкајте го серумот околу пределот под очите и по контурата на очите, без триење. Се препорачува само за вечерна употреба
-
Beauty of Joseon Revive Eye Serum: Ginseng + Retinal Mini 10ml
350 денЖеншенот и ретиналот создаваат моќна комбинација за ефикасно намалување на брчките околу очите. Оваа извонредна синергија на состојки е содржана во новиот серум за очи на Beauty of Joseon, Revive Eye Serum: Ginseng + Retinal. Формулиран за подобрување на состојбата на кожата околу очите, овој серум комбинира 2% ретинал липозом и 10% екстракт од корен од женшен за подмладувачки ефект.
Ретиналот е дериват на витаминот А кој директно се претвора во ретиноична киселина, овозможувајќи побрзо и поефикасно дејство од ретинолот. Оваа активна состојка:
- стимулира создавање на колаген,
- го зајакнува кожниот заштитен слој,
- го поттикнува обновувањето на клетките,
- ја намалува видливоста на брчките.
Формулата содржи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол, што овозможува максимална ефикасност со минимална иритација.
Екстрактот од женшен е богат со сапонини кои помагаат во длабинска хидратација и ја штитат кожата од предвремено стареење. Оваа состојка традиционално се користи во корејската нега за подобрување на цврстината и регенерацијата на кожата. Благодарение на способноста за долготрајно задржување на влагата, кожата останува освежена, здрава и еластична.
Овој серум има лесна свиленкаста текстура што брзо се впива во кожата без да остава леплив слој. Наменет е за:
- намалување на фини линии,
- осветлување на темните кругови,
- смирување на подуеноста на очите.
Клиничките тестирања покажале:
- 16% подобрување на брчките околу очите,
- 11% намалување на брчките на вратот,
- 118% зголемување на влажноста на кожата.
Совршен за оние кои бараат ефективна нега против стареење, Beauty of Joseon Revive Eye Serum нуди напредна формула за посветлен, цврст и младешки изглед на кожата околу очите.
Начин на употреба: Нанесете 1-2 испумпувања од серумот со лесен притисок на апликаторот. Со врвот на прстот, нежно тапкајте го серумот околу пределот под очите и по контурата на очите, без триење. Се препорачува само за вечерна употреба.
-
Benton Fermentation eye Cream Mini Deluxe 10g
690 денBenton Fermentation кремот за очи е богат со анти-ејџинг состојки и состојки за длабинска нега на кожата како што се ферментите, пептидите, церамиди и натриум хијалуронатот. Овозможува одржување на мазна и младешка кожа во регијата околу очите. Може да се користи за чувствителна и сува кожа, кожа со брчки и слаба еластичност, дехидрирана и затегната кожа, кожа на која ѝ е потребно осветлување и хидратација, кожа која е чувствителна на штетни хемикалии.
Мини делукс пакувањето е дизајнирано да ги задоволи потребите во текот на патувањата. Содржи доволна количина да ги покрие вашите потреби вo текот на две седмици, а нема да гo оптерети вашиот багаж со непотребна тежина.
-
-
Benton Snail Bee Ultimate Eye Cream 30g
2.031 денOriginal price was: 2.031 ден.1.625 денCurrent price is: 1.625 ден.Benton Snail Bee Ultimate Eye Cream е мултифункционален крем за очи, збогатен со филтрат од ферментиран филтрат на квасец/слуз од полжав, пептиди и пчелин отров. Овој крем за очи овозможува одржување на мазна и витална кожа, со еластичност и радијантност во регијата околу очите. Филтратот од ферментиран филтрат од Saccharomyces/слуз од полжав, одлична состојка која придонесува за еластичност и заштита на кожата е ферментиран со квасец од грозје, со цел зголемување на густината и нежна апсорпција во негата на кожата. Овозможува мултифункционална заштита со длабока хидратација и зголемување на природната цврстина на деликатната кожа. Пептидите, 17 видови на амино-киселини и церамидите што ги содржи овој крем, формираат цврста кожна бариера и помагаат во грижата со различни проблеми со кожата. Функционалната формула во овој крем, содржи раствор за осветлување и подобрување на брчките во регијата околу очите. Ниацинамидот и аденозинот, овозможуваат нега и еластичност на уморната и опуштена кожа, помагаат во отстранувањето на темните места и флеки, со што ја прават кожата чиста и транспарентна. Овој дерматолошки тестиран производ со антиоксидирачки ефекти, не содржи вештачки бои и ароми и состојки кои би можело да ја иритираат кожата. Со ph вредност слична на нормалната кожа, придонесува за заштита за чувствителната кожа. Употреба: Нанесете соодветна количина во регијата околу очите и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. -
Beplain Artemisia Eye Butter 25ml
1.520 денOriginal price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.Кожата околу очите е понежна и потенка од останатата кожа на лицето. Затоа ѝ е потребна посебна нега. Пружете ѝ врвна нега и спречете ја појавата на брчки со кремот за очи 𝗔𝗿𝘁𝗲𝗺𝗶𝘀𝗶𝗮 𝗘𝘆𝗲 𝗕𝘂𝘁𝘁𝗲𝗿 на еден од најнаградуваните корејски брендови 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
Овој кем е богат со моќни состојки со за интензивно навлажнувачки и смирувачки својства кои даваат сјај и еластичност на кожата околу очите.
Содржи шиа путер и има погуста текстура налик на путер за пружи интензивна нега на нената кожа околу очите, но лесно се впива без да остави леплива или мрсна трага.
Содржи 52% екстракт од Artemisia capillaris, уште попознат како екстракт од мугворт, кој има дејство на смирување, негување и заштита на кожата за да помогне во намалување на иритацијата, да се бори против причините за сувост и да се справи со чувствителноста на кожата.
Пептидите во овој крем го поттикнуваат создавањето на еластин и колаген, со што ја зголемуваат цврстината на кожата околу очитем ја подобруваат нејзината еластичност и ја спречуваат појавата на брчки. Исто така ги отстрануваат фините линии и ги намалуваат постоечките брчки.
Ниацинамидот помага да се осветли регијата околу очите, да се намалат темните кругови, а исто така има антиејџ дејство.
Хијалуронската киселина ѝ ја враќа влажноста на кожата, ја одржува свежа и ја спречува појавата на брчки и фини линии.
Содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките. Заедно со пептидите, ниацинамидот и хијалуронската киселина прави одлична комбинација за борба против брчките.
Освои 1-во место за најдобар нов производ за првата половина на 2020 на Hwahae Beauty Awards во категорија на крем за очи.
Производот е вегански и cruelty free.
-
-
COSRX Advanced Snail Peptide Eye Cream 25ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.Кажете им збогум на уморните очи со Advanced Snail Peptide Eye Cream од најпознатиот бренд за корејска козметика, COSRX. Овој лесен, но моќен крем со двојна функција е специјално формулиран да го осветли пределот околу очите, видливо да ги избледи темните кругови и да ја намали подуеноста. Со неверојатни 72% филтрат од слуз од полжав, овој крем обезбедува длабинска регенерација и свежина која трае во текот на целиот ден.
Овој производ е идеален за сите кои сакаат да ја превенираат појавата на првите брчки во своите 20-ти, како и за оние во своите 30-ти кои веќе се фокусирани на поинтензивна анти-ејџ нега. Неговата немрсна текстура брзо се впива, што го прави совршена база за шминка. Како дополнение на култната есенција Advanced Snail 96 Mucin Power Essence, овој крем е задолжителен чекор за секој што се стреми кон совршен корејски „glass skin“ изглед.
Комплексот од 5 видови пептиди е „херој“ состојка на овој производ која работи во синергија со муцинот. Овие пептиди делуваат како градители кои го стимулираат производството на колаген и еластин, враќајќи ја еластичноста и цврстината на тенката кожа околу очите и пополнувајќи ги фините линии одвнатре.
Филтратот од слуз од полжав е уникатна природна состојка која содржи совршен баланс на хијалуронска киселина, гликопротеини и бакарни пептиди. Неговата примарна функција е интензивна регенерација, тој делува како природен лепак кој ги поправа микро-оштетувањата на кожата, го смирува црвенилото и ја забрзува обновата на клетките. Со своите силни антибактериски и хидратантни својства, муцинот ја прави кожата неверојатно мазна, го зајакнува нејзиниот заштитен слој и го враќа здравиот сјај, што го прави незаменлив за кожа на која ѝ е потребна ревитализација.
Зошто е посебен?
-
Содржи неверојатни 72% муцин од полжав, благодарение на кој ја навлажнува, штити и подмладува деликатната кожа.
-
Збогатен е со 5 видови пептиди кои го поттикнуваат производство на колаген и ја враќаат цврстината.
-
Ниацинамидот (витамин Б3) интензивно ги осветлува темните кругови и го изедначува тонот.
-
Има двојно дејство, истовремено дејствува на осветлување и на затегнување (антиејџ).
-
Има лесна текстура, не предизвикува милиа и не ѝ дава чувство на тежина на кожата.
Клучни придобивки:
-
Видливо ја намалува појавата на темни кругови и уморен изглед.
-
Ја елиминира подуеноста под очите.
-
Ги „брише“ фините линии и спречува појава на нови брчки.
-
Обезбедува долготрајна хидратација на најчувствителниот дел од лицето.
-
Формула без парабени, вештачки мириси и иританти.
Процесот на собирање на муцинот во COSRX е целосно безбеден и пријатен за полжавите. Тие се поставуваат во тивка и темна просторија врз специјална мрежа, каде што се оставени слободно да се движат. Како што полжавите ползат, тие природно оставаат муцин по својата патека, без никаков надворешен притисок или принуда. Потоа, тие се враќаат во нивните природни живеалишта, а собраниот муцин се прочистува и се подготвува за козметичка употреба. Ниту еден полжав не е повреден во овој процес.
Начин на употреба: По нанесувањето на есенција или серум на лицето, земете мала количина од кремот (колку зрно грашок) на врвот на прстите. Нежно натапкјте го во пределот околу очите, избегнувајќи директен контакт со окото. Користете го наутро за енергизирање и навечер за длабинска обнова.
-
-
COSRX The Retinol 0.1 Cream 20ml
1.990 денСправете се со знаците на стареење со овој моќен крем збогатен со 0,1% чист ретинол за зголемување на еластичноста на кожата, намалување на брчките и враќање на сјајот на кожата.
Дополнителните состојки кои ја негуваат кожата се: пантенол за ублажување на иритацијата, аденозин за отстранување на опуштеноста и токотриенол (форма на витамин Е) за одбрана од слободните радикали.
Предности:
Кремот за лице збогатен со 0,1% ретинол за враќање на еластичноста на кожата ги таргетира знаците на стареење на кожата, вклучувајќи појава на брчки, губење на цврстина на кожата и грубост. Содржи активни состојки како што се чист ретинол, пантенол, аденозин и токотриенол. Помага во измазнување на брчките и фините линии.
Како да се користи:
Избегнувајте употреба преку ден. Доколку се користи преку ден, потоа обавезно да се нанесе крем со заштитен фактор.
Нанесете умерена количина на проблематичните области и нежно масирајте за да помогнете во апсорпцијата.
-
Dr.Reju-All Advanced PDRN Rejuvenating Cream 20g
2.999 денOriginal price was: 2.999 ден.1.799 денCurrent price is: 1.799 ден.Моќен крем за подмладување со висока концентрација на PDRN.
-
Facetheory Peptide Firming Eye Cream 15ml
2.890 денOriginal price was: 2.890 ден.2.350 денCurrent price is: 2.350 ден.Сега можете да им кажете збогум на темните кругови околу очите. Резултатите зборуваат сами за себе.
Формулата која ефикасно ги намалува темните кругови околу очите, е надополнета со најмоќните пептиди, SYN®-COLL или Palmitoyl Tripeptide-5 и Acetyl Hexapeptide-8 за ефикасно антиејџ дејство и видливо целокупно подобрување на кожата околу очите.
Содржи уникатна мешавина на активни состојки (витамин Ц, ферулинска киселина, сладок корен и камилица) и ја вклучува најнова технологија за разубавување на очите за намалување на темните кругови и вреќичките околу очите.
Meiview™ е активна состојка добиена од микроорганизам кој живее во халофитни растенија. Со подобрување на меѓуклеточните споеви, преку плакоглобинот (PKG), Meiview™ го зголемува и поттикнува производството на колаген I, насочено кон спречување на губење на еластичноста и ја прави кожата помазна и поцврста. Исто така, ја подобрува микроциркулацијата со намалување на васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF), што го прави совршен за брчки и вреќички во пределот околу очите.
Клинички е докажано дека хексилрезорцинолот e четири пати поефикасен од хидрохинонот во осветлувањето на кожата. Помага да се минимизира појавата на темни кругови под очите.
Стабилизираниот витамин Ц ги осветлува темните кругови, а екстрактот од сладок корен е насочен кон хиперпигментацијата. Камилицата екстрахирана со CO2 ја смирува деликатната кожа.
Не содржи парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Производот е вегански и cruelty fre
-
FAEBEY Concentrate EYE SOUFFLÉ with Caffeine and Orchistem 30ml
790 денНека EYE SOUFFLÉ Concentrate на Шпанскиот бренд FAEBEY биде вашиот нов антиејџ сојузник за нега на кожата околу очите e .
Овој серум содржи кофеин и стем клетки од орхидеа и помага да се намали подуеноста, да се хидрира и зацврсти кожата и да се дренира вишокот течности.
Ја штити кожата на деликатна област околу очите од надворешни штетни влијанија (загадување, стрес итн.), благодарение на неговите обновувачки, антиоксидантни и смирувачки својства.
Со редовна употреба, ден по ден, контурата на очите ќе станува помазна, брчките и линиите на експресија ќе бидат омекнати, а кожата ќе стане посветла.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Клучни придобивки:
-
Намалува оток и го осветлува пределот околу очите
-
Ги намалува знаците на замор, стрес и стареење
-
Делува против темни подочници и подочни кеси
-
Ги измазнува брчките и фините линии
Начин на употреба: Нанесете на совршено чиста кожа со нежни тапкања на пределот околу очите. Користете секојдневно, наутро и/или навечер за оптимални резултати.
-
-
FAU Active Eye Lash Serum 10ml
1.390 денFAU Active Eye Lash Serum е концентриран серум со напредна формула, создаден за интензивно зајакнување, раст и згуснување на трепките и веѓите. За разлика од обичните серуми, овој производ користи моќен комплекс од 4 видови пептиди (вклучувајќи го и познатиот Copper Tripeptide-1), кои делуваат директно на фоликулот на влакното, стимулирајќи го неговиот природен раст и спречувајќи го опаѓањето. Со својата лесна водена база, серумот се впива моментално, не предизвикува иритација и е идеален за постигнување на долги, темни и здрави трепки.
Овој професионален серум е совршено решение за сите кои имаат тенки, ретки или оштетени трепки од надворешни влијанија и козметички третмани. Комбинацијата на пантенол и хијалуронска киселина обезбедува длабинска хидратација, додека богатиот коктел од растителни екстракти (зелен чај, кафе, грозје и костен) нуди антиоксидантна заштита и ја подобрува микроциркулацијата околу коренот на влакното. Резултатот е видливо погусти и поцврсти трепки кои го враќаат сјајот на вашиот поглед.
Зошто FAU Active Eye Lash Serum е различен?
- Прави стимулација на фоликулите на влакната благодарение на коктелот од пептиди. Содржи Myristoyl Pentapeptide-17 и Copper Tripeptide-1 кои се научно докажани за поттикнување на растот.
- Стимулира интензивна регенерација. Екстрактот од соја и портулака ги зајакнуваат трепките од самиот корен.
- Составот со хијалурон и пантенол го спречува кршењето на влакното и пружа безбедна хидратација без да направи иритација на окото.
- Има прецизен апликатор. Четката овозможува лесно и точно нанесување без непотребно разлевање.
- Чистиот и нежен состав, без масла и без состојки кои предизвикуваат иритација е безбеден за нежната кожа околу очите.
Клучни состојки за супериорни резултати:
- Пептидниот комплекс (Copper Tripeptide-1, Acetyl Hexapeptide-8, Palmitoyl Pentapeptide-4) направен од состојки кои се стимулатори на растот и градители на влакното кои ја зголемуваат густината на трепките.
- Натриум хијалуронатот и пантенолот, хидрираат и ја задржуваат влажноста со што ја зголемуваат еластичноста.
- Екстрактот од семе од кафе и зелен чај ја стимулираат циркулацијата и го будат фоликулот.
- Екстрактот од лист од јапонско јаболко е природен извор на витамини за здрави трепки.
Начин на употреба: Користете го на чиста и сува кожа околу очите, по можност пред спиење. Извадете ги контактните леќи пред нанесување. Повлечете една тенка линија по должината на горниот корен на трепките (како ајлајнер) и доколку е потребно, нанесете врз веѓите. Почекајте 1 до 2 минути да се исуши целосно пред да нанесете друг производ.
Професионален совет: За најдобри резултати, користете го серумот континуирано секоја вечер. Првите видливи промени во цврстината и сјајот на трепките ќе ги забележите веќе по неколку недели редовна употреба.
-
FAU Core Intensive Eye Cream 30ml
1.450 денЗа ботокс ефект без боцкање пробајте го неверојатниот FAU Core Intensive Eye Cream.
Дизајниран за професионална употреба во естетски центри и клиники, овој крем отсега е достапен и за домашна уотреба за да ви го донесе луксузот на професионалниот K-Beauty третман дома. Формулата има повисока концентрација на активни состојки од стандардните креми, па резултатите се видливи уште од почтокот на употребата. Ќе забележите помеки фини линии, посветол изглед и свежа, смирена зона околу очите.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
Argireline (Acetyl Hexapeptide-8) е пептид кој ги релаксира микродвижењата на изразните мускули и помага да се намалат мимичните брчки околу очите со што дава ефект сличен на ботокс, но без боцкање.
Факторите на раст и комплексот од 7 пептиди ја поддржуваат регенерацијата и синтезата на колаген и еластин за поцврста и поеластична кожа.
Ниацинамидот и арбутинот придонесуваат за побистар, поодморен изглед на очите и намалена појава на темни кругови.
Комплексот од 17 аминокиселини ја поттикнуваат кожата сама да произведува колаген, со што се подобрува нејзината цврстина и еластичност, длабински хидрираат и ја зајакнуваат заштитната бариера.
Наместо дестилирана вода содржи нероли водена основа која дава поголема свежина и сјај.
Формулата брзо се впива, не остава лепливост и е соодветна и за чувствителна кожа.
-
Heimish Marine Care Eye Cream 30ml
1.999 денOriginal price was: 1.999 ден.1.697 денCurrent price is: 1.697 ден. -
iUNIK Propolis Vitamin Eye Cream 30ml
940 денOriginal price was: 940 ден.846 денCurrent price is: 846 ден.Овој анти-ејџинг крем за нега против брчки се нанесува на областа околу очите и лицето. Соржи екстракт од прополис и екстракт од кучешки трн кои ја подобруваат еластичноста на кожата, го подобруваат тенот и ги отстрануваат фините линии. Екстракт од прополис 40,5% Екстракт од плод од Hippophae rhamnoides 9,2% хидроксидецил убикинон 300 ppm Начин на употреба: По нанесувањето на тонер, нежно нанесете на областа околу очите и лицето и оставете да се апсорбира.