-
Klairs Fundamental Nourishing Eye Butter
1.390 денФундаменталниот хранлив путер за очи на корејскиот бренд Dear, Klairs е дизајниран да ја обнови еластичноста и радијантноста на кожата околу очите, благодарение на мешавината на четири пептиди и богатиот антиоксидантен ориентален чаен комплекс. Од нежната, налик на путер формула, произлегува здрав изглед. Овој хидратантен путер за очи, содржи масло од сончогледово семе кое е богато со витамин А и витамин Е за заштита на тенката кожа околу вашите очи, а исто така, пептидите кои ги содржи (ацетил хексапептид-8, бакар трипептид-1, олигопептид-29, олигопептид-32), ги подобруваат фините линии. Овој вегански производ е наменет за сите видови на кожа, а меката текстура налик на путер, помага за производот брзо да се апсорбира. Доволно е богат, без да остави мрсна трага, па исто така се препорачува и за мрсна кожа. Не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: Нанесете соодветна количина од путерот и нежно тапкајте околу горната и долната очна област со прстите наутро и навечер, по нанесувањето на тонер. Може да се нанесе и по нанесувањето на фундаменталниот гел за очи. Совет: Путерот за очи, може да се нанесе и на други делови како вратот, назолабијалните набори итн. со цел подобрување на еластичноста на кожата и фините линии. -
MIZON Collagen Power Firming Eye Cream 25ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.161 денCurrent price is: 1.161 ден. -
MIZON Snail Repair Eye Cream 25ml
1.190 денOriginal price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.Ако ако имате изморена кожа или сте загрижени за подрачјето околу очите, препуштете ги своите грижи на Mizon Snail Repair Eye Cream, крем за очи со високо квалитетна, мулти функционална формула, со 80% слуз од полжав кој хидрира, помага да се намалат фините линии и обезбедува осветлување на темните области околу очите. Муцинот придонесува за природно обновување на кожата, задржувајќи ја влажноста околу очите, додека аденозинот и пептидите ја затегнуваат кожата и играат улога во подобрување на брчките.
Дејство:
- Намалување на брчки
- Намалување на темни кругови
- Зголемување на елстичноста
Хидратација и враќање на свежината
Бидејќи кожата околу очите е потенка, лесно зе забележува дека е потемна. Овој крем за очи, кој брзо се апсорбира без леплива трага, содржи ниацинамид со кој го осветлува и хидрира подрачјето околу очите.
Се препорачува за оние кои имаат минимални како и длабоки брчки околу очите, за оние имаат чувствителна, уморна или дехидрирана кожа во подрачјето околу очите пoради надворешните влијанија, кои имаат темни кругови околу очите, или кај кои е намалена еластичноста на кожата.
-
Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum 15ml
1.790 денOndo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum пружа совршена нега за пределот околу очите
Откријте го тајниот сојузник за свеж и младешки изглед со Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum. Овој иновативен серум е специјално дизајниран да ги таргетира најчестите проблеми околу очите како темни кругови, брчки и сувост, истовремено обезбедувајќи долготрајна хидратација и заштита.
Клучни придобивки:
- Намалување на брчките и фините линии: Благодарение на ниацинамидот и ретинолот, серумот ја измазнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност.
- Осветлување на темните кругови: Екстрактот од зелен чај и витаминот Ц ја изедначуваат бојата на кожата и го намалуваат изгледот на темните кругови.
- Длабинска хидратација: Комбинацијата од витамини А, Е и ниацинамид го зајакнува хидратантниот слој и ја обновува бариерата на кожата.
- Заштита од оксидативен стрес: Зелениот чај, како природен антиоксидант, ја заштитува кожата од слободните радикали и предвремено стареење.
- Нежна формула: Лесната текстура брзо се апсорбира без да ја иритира кожата, погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната.
Како да го користите:
- Нанесете мала капка од серумот на пределот под очите.
- Со нежни движења, распределете тенок слој користејќи го прстот на домалото.
- Почекајте целосно да се апсорбира пред да продолжите со следните чекори од вашата рутина.
- Вечерна рутина: Поради содржината на ретинол, најдобро е да се користи навечер.
- Дневна рутина: Ако го користите преку ден, задолжително нанесете заштита од сонце (SPF).
Зошто Ondo Beauty 36.5 Niacinаmide & Green Tea Eye Serum?
- Ефикасни состојки: Комбинацијата од природни екстракти и научно докажани активни состојки нуди брзи и видливи резултати.
- Мултифункционален ефект: Таргетира темни кругови, брчки и тупост со само еден производ.
- Одговорна грижа: Производ со чиста формула, погоден за сите типови кожа.
Главни состојки:
- Ниацинамид: Ја зајакнува бариерата на кожата, ја осветлува и намалува воспаленијата.
- Зелен чај: Природен антиоксидант кој ја смирува кожата и го намалува стресот од слободните радикали.
- Витамини А, Ц и Е: Подобруваат еластичност, ја изедначуваат кожата и нудат длабинска нега.
- Ретинол: Поттикнува обновување на клетките и ја намалува видливоста на фините линии.
Складирање:
Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Вратете ја свежината и младешкиот изглед на вашата кожа со Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum.
-
-
SOME BY MI Retinol Intense Advanced Triple Action Eye Cream 30ml
1.370 денOriginal price was: 1.370 ден.1.248 денCurrent price is: 1.248 ден. -
-
Tocobo Collagen Brightening Eye Gel Cream 30ml
1.210 денOriginal price was: 1.210 ден.969 денCurrent price is: 969 ден. -
Yeouth Radiance Eye Gel 30ml
2.360 денOriginal price was: 2.360 ден.1.799 денCurrent price is: 1.799 ден.Без оглед на возраста, водете добра грижа за кожата во пределот околу очите бидејќи тоа е најделикатната кожа на телото. Таа е десет пати потенка од oстанатата кожа на лицето. Таа е воедно и едно од најекспонираните области на надворешни влијанија. Кожата околу очите е првата што покажува знаци на стареење како фини линии и брчки. Исто така е подложна на опуштање, подуеност и потемнување кога е многу изложена на сонце и не е соодветно негувана.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗥𝗮𝗱𝗶𝗮𝗻𝗰𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗚𝗲𝗹 е ултра хидратантен гел збогатен со хијалуронска киселина и трипептиди кој нуди решение за повеќе проблеми со кожата околу очите.
Таргетира:
▪️ Подуеност под очите
▪️ Темни кругови
▪️ Длабоки брчки и фини линииБенефит:
▪️ Интензивно ја хидрира нежната кожа во пределот околу очите за да ја одржува мека, мазна и полна
▪️ Го поттикнува создавањето на колаген и ја затегнува кожата околу очите
▪️ Помага во обновувањето и зајакнувањето на кожата за да се намали изгледот на брчките, линиите и подуените кесички
▪️ Ја штити кожата од оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали
▪️ Ги намалува темните кругови околу очитеКлучни состојки:
▪️ Хијалуронската киселина интензивно ја хидрира кожата, така што таа станува видливо помазна и поцврста. Фините линии и брчки се омекнуваат преку повеќестепена хидратација на кожата и така се намалуваат.
▪️ Трипептидите се амино киселини кои продираат во нежната кожа на пределот околу очите за да го поттикнат создавањето на колаген и да го намалат изгледот на темните кругови. Имаат ефект на затегнување што помага да се подобри изгледот на опуштена и подуени кожа.
▪️ Дипептид-2 е состојка која ја поттикнува циркулацијата во лимфните садови со што ја намалува подуеноста под очите. -
Yeouth Retinol Eye Cream 30ml
1.795 денOriginal price was: 1.795 ден.1.590 денCurrent price is: 1.590 ден.Кажете им збогум на брчките, подуеноста и темните кругови околу очите.
Ви го препорачуваме моќниот 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗼𝗹 𝗘𝘆𝗲 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵. Содржи 2,5% енкапсулиран ретинол, за моќно продолжено дејство без иритација.
Не содржи парфем и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Ретинолот припаѓа на семејството на витамини А. Тој е познат по својата способност да отстрани бројни недостатоци на кожата како фини линии, брчки, акни, лузни од акни, пигментирани дамки итн. Ја поттикнува синтезата на колаген и го забрзува циклусот на обновување на клетките.