-
Arencia Blue Hyssop Cleanser 120g
981 денОвој мултифункционален чистач за лице е формулиран со повеќе од 20 растителни состојки кои длабински ја прочистуваат кожата, отстрануваат остатоци од шминка и фини честички прашина – сето тоа без да ја нарушат природната влажност на кожата.
Може да се користи и како глинена маска и како чистач, што го прави совршен избор за сите кои сакаат длабинска нега со еден производ.
Идеален за нормална до мрсна кожа, особено за оние што бараат производ што ќе ја освежи, хидрира и прочисти кожата без агресивни состојки.
Како се користи:
1. Навлажни ги рацете и лицето со вода.
2. Нанеси мала количина од производот на влажна кожа и масирај додека не се создаде кремаста пена.
3. Исплакни темелно со топла вода и избриши го лицето со мека крпа.Совет: Користи го наутро или навечер како дел од твојата рутина за максимален ефект.
За кого е наменет:
– За оние што сакаат нежно, но длабинско чистење
– За оние што сакаат нега и прочистување во секое миење
– За оние што сакаат разиграна, свежа кожа со природен сјај
– За оние што сакаат мини производ со максимална ефикасност -
Arencia Fresh Green Rice Mochi Cleanser 120g
981 денArencia Fresh Green Cleanser е хидратантен чистач за лице со исклучително нежна, „мoчи“ текстура која темелно ја чисти кожата без да ја исуши. Формулиран со вода од ориз за длабинска нега и екстракт од хисоп за смирување на иритациите, овој чистач комбинира природна ефикасност со пријатно сензорно искуство. Хамамелисот (Witch Hazel), богат со витамини A и C, придонесува за посветлен и изедначен тен. Благодарение на специјалниот процес на месење и обработка, природните витамини и минерали остануваат сочувани за максимален ефект. Идеален е за секојдневна употреба и за сите типови кожа што бараат нега, свежина и балансирано чистење.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Ориз и зелен чај: Нежно ги отстрануваат мртвите клетки, остатоците од шминка и нечистотиите, додека ја смируваат кожата.
- Witch Hazel (хамамелис): Помага при мали воспаленија и акни, со минимално иритирање на кожата.
- Екстракт од шипка: Богат со антиоксиданси и витамин Ц (60 пати повеќе од лимон), како и витамини А, B1, B2 и B6 – за сјајна и ревитализирана кожа.
- Оризова пудра: Поттикнува природна ексфолијација и отстранување на наталожени нечистотии.
КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ:
– Подобрување на 7 фактори на кожата
– Намалување на црнки и себум
– Подобрување на апсорпција на skincare
– Изедначување на текстурата и тонот на кожата
– Клинички препорачан од дерматолози во КорејаКако се користи:
- Нанеси на влажна кожа и масирај со врвовите на прстите.
- Остави 1 минута ако се користи како маска.
- Исплакни со млака вода и уживај во свежа, мазна и балансирана кожа.
Погоден за секојдневна употреба и идеален за кожа склона кон акни, мрсна Т-зона и црнки.
-
-
Beauty of Joseon Red Bean Refreshing Pore Mask 140ml
1.590 ден1.404 денНашите пори се природни канали преку кои себумот излегува на површината на кожата. Кога мртвите клетки и вишокот себум ги затнуваат овие канали, порите се шират и кожата изгледа нерамномерно. Соодветната нега на порите вклучува темелно чистење на наталожените нечистотии, а потоа и разладување на кожата за балансиран и освежен изглед.
Beauty of Joseon Red Bean Mask е дизајнирана да го поддржи овој процес преку моќна комбинација на природни состојки од земјата – местото од кое потекнуваме. Овој прочистувачки третман содржи историски ценети состојки како што се црвен грав и каолин, кои заедно работат на длабинско чистење и ексфолијација.
Клучни состојки и нивните придобивки:
- Екстракт од црвен грав (30%) – Омилен во традиционалната корејска медицина и нега на кожата, овој екстракт е богат со сапонин, кој помага да се апсорбира себумот и делува како природен ексфолијант.
- Каолин – Природна глина која длабински впива маснотии, ги чисти порите и ја подобрува текстурата на кожата.
- Освежувачка калеста текстура – Благодарение на нејзината навлажнувачка формула, оваа маска нежно ја чисти кожата без да предизвика чувство на сувост или затегнатост.
Како да ја користите:
- По чистење на лицето, нанесете рамномерно на сува кожа.
- Оставете да делува 5-10 минути.
- Нежно масирајте со млака вода, а потоа целосно исплакнете.
Со својата длабинска прочистувачка формула, Beauty of Joseon Red Bean Mask е совршен сојузник за масна и комбинирана кожа, оставајќи ја кожата мека, мазна и освежена по секоја употреба.
-
BIODANCE Bio-Collagen Real Deep Mask (set 34g x 4)
1.490 ден1.350 денДЛАБОКА ХИДРАЦИЈА Олиго-хијалуронската киселина која се содржи во Biodance Bio-Collagen Real Deep Mask има навлажнувачки ефект кој е супериорен во однос на обичната хијалуронска киселина. Брзо ја хидрира површината на кожата и продира во подлабоките слоеви на кожата што резултира со здрав и навлажнет тен. ЗАСТЕГНУВАЊЕ И ЗАЦЦВРСТУВАЊЕ НА ПОРИТЕ Ултра нискиот молекуларен колаген ја максимизира пенетрацијата и апсорпцијата на кожата. Ги намалува зголемените пори, ја подобрува еластичноста на кожата веднаш по нанесувањето и видливо ги измазнува фините линии и се бори против брчките. ЗАЈАКНУВАЈТЕ ЈА БАРИЕРАТА НА КОЖАТА Оваа хидрогелна маска содржи 3 различни видови на пробиотици кои ја зајакнуваат бариерата на кожата и го спречуваат стареењето на кожата. ХИПОАЛЕРГЕН Оваа длабока хидратантна маска за лице е формулирана со нетоксични и ненадразнувачки состојки. Не содржи состојки кои предизвикуваат алергиски реакции и други штетни, контроверзни состојки. Сосема е безбедна за чувствителна кожа. Производите за нега на кожа Biodance се фокусираат на балансот на ефективни состојки и долготрајни резултати, а не на моменталнитеефекти. СОСТАВ: Water, Collagen Extract, Galactomyces Ferment Filtrate, Glycerin, Acrylates Copolymer, Niacinamide, Ceratonia Siliqua (Carob) Gum, Chondrus Crispus Extract, Betaine, Algin, Dipropylene Glycol, Agar, Hydroxyacetophenone, 1,2-Hexanediol, Potassium Chloride, Polyglyceryl-10 Laurate, Caprylyl Glycol, Sucrose, Butylene Glycol, Allantoin, Ethylhexylglycerin, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Adenosine, Disodium EDTA, Pyrus Communis (Pear) Fruit Extract, Rosa Damascena Flower Water, Iris Florentina Root Extract, Cucumis Melo (Melon) Fruit Extract, Hedera Helix (Ivy) Leaf/Stem Extract, Dipotassium, Glycyrrhizate, Bifida Ferment Filtrate, Tocopherol, Lactobacillus Ferment, Lactobacillus Ferment Lysate. КАКО СЕ КОРИСТИ: НАВЕЧЕР Нанесете ја маската на крајот од рутината за нега на кожата и оставете ја да делува преку ноќ. Отстранете ја маската следното утро по добар сон. ПРЕКУ ДЕН Откако ќе ја подготвите кожата со тонер или серум, нанесете ја маската и оставете ја да делува 3-4 часа или додека не стане проѕирна. ПОМАГА ВО: ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ПОРИТЕ, СЈАЈ, НАВЛАЖНУВАЊЕ, ЗАЦВРСТУВАЊЕ -
-
-
-
BIODANCE Hydro Cera-Nol Real Deep Mask 34g
550 ден349 денHYDRO CERA-NOL - ПАТЕНТИРАНА СОСТОЈКА НА БИОДАНС Hydro Cera-nol-от помага во смирување на кожата и зајакнување на нејзината бариера. 50.000 PPM ГЛАЦИЈАЛНА ВОДА Глечерската вода која е со висока чистота и богата со минерали, ја подобрува апсорпцијата на активните состојки и формира навлажнувачки филм на кожата. АМПУЛА ВО ФОРМА НА ХИДРОГЕЛ МАСКА Секоја маска содржи 35 ml. ампула за зацврстување. СТАНУВА ТРАНСПАРЕНТНА КАКО ТТО ГИ АПСОБОРИРА АКТИВНИТЕ СОСТОЈКИ КОГА СЕ НАНЕСУВА ПОВЕЌЕ ОД 3ч. ХИПОАЛЕРГЕН Оваа длабока хидратантна маска за лице е формулирана со нетоксични и неиритирачки состојки. Не содржи алергени и други штетни, контроверзни состојки. Безбедна за чувствителна кожа. Производите за нега на кожа Biodance се фокусираат на балансот на ефективни состојки и долготрајни резултати, а не на моментални и привремени ефекти. ПОМАГА ВО ХИДРАЦИЈА, НАВЛАЖНУВАЊЕ И СМИРУВАЊЕ СОСТАВ: Water,Dipropylene Glycol, Glycerin,Glaciar Water, Cetyl Ethylhexanoate, Niacinamide, Xanthan Gum, Ceratonia Siliqua (Carob) Gum, Chondrus Crispus, Betaine, Panthenol, Hydroxyacetophenone, Ethylhexyl Olivate, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Potassium Chloride, Caprylyl Glycol, Butylene Glycol, Cellulose Gum, 1,2-Hexanediol, Sucrose, Polyacrylate-13, Sodium Acrylates Copolymer, Algin, Glyceryl Stearate, Chondrus Crispus Extract, Glucomannan, Polyglyceryl-4 Oleate, Ethylhexylglycerin, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Hydrogenated Polyisobutene, Adenosine, Pyrus Communis (Pear) Fruit Extract, Disodium EDTA, Polyglyceryl-10 Laurate, Rosa Damascena Flower Water, Ethylhexyl Palmitate, Allantoin, Iris Florentina Root Extract, Sorbitan Isostearate, Cucumis Melo (Melon) Fruit Extract, Hydrogenated Lecithin, Hedera Helix (Ivy) Leaf/Stem Extract, Dextrin, Cetearyl Alcohol, Stearic Acid, Sodium Hyaluronate, Dipotassium Glycyrrhizate, Collagen Extract, Coriandrum Sativum (Coriander) Extract, Foeniculum Vulgare (Fennel) Seed Extract, Elettaria Cardamomum Seed Extract, Crocus Sativus Flower Extract, Hydroxypropyltrimonium Hyaluronate, Ceramide NP, Tocopherol, Ceramide NS, Cholesterol, Sodium Acetylated Hyaluronate, Phytosphingosine, Ceramide AP, Ceramide AS, Hyaluronic Acid, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Potassium Hyaluronate, Ceramide EOP -
FAEBEY Facial Mask AZURE ACTION With Turmeria Zen and Blue Algae / 50ml
1.190 ден690 денТоа е ревитализирачка гел маска за лице наменета за намалување на знаците на замор кои се појавуваат на нашата како резултат на недостаток на сон или стрес. Тие кожата ја прават поранлива, поподложна на воспаление, дехидрација, појава на брчки и губење на еластичноста. Оваа маска содржи моќни активни состојки како куркума и екстракт од сина алга. Хидрира, смирува, ребалансира и ја враќа удобноста на сите типови кожа, особено на чувствителната, погодени од надворешни штетни влијанија (сонце, загадување…) или после професионални третмани (пилинг, ласер..). Се препорачува примена во текот на денот (за заштита и хидратација на кожата) и навечер за стимулирање на процесот на репарирање на кожата.
-
FAEBEY Facial Mask GLOWING POWER with Vitamin C and Hyaluronic Acid / 50ml
1.190 ден690 денДоколку ви е потребно инстант освежување на вашата уморна кожа тука е 𝗚𝗟𝗢𝗪𝗜𝗡𝗚 𝗣𝗢𝗪𝗘𝗥 маска за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬.Тоа е навлажнувачка и осветлувачка маска со витамин Ц и хијалуронска киселина. Оваа формула помага во борбата против уморната кожа и нерамномерниот тен за да се постигне посвежа и посјајна кожа. Исто така, e збогатенa со извонредни растителни екстракти за да ја смири и заштити кожата од штетните ефекти на сината светлина, подобрувајќи ја нејзината природна боја.𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗚𝗟𝗢𝗪𝗜𝗡𝗚 𝗣𝗢𝗪𝗘𝗥 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗠𝗮𝘀𝗸 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗮𝗻𝗱 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 има антиоксидантно, антиејџ и навлажнувачко дејство.Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа. -
FAEBEY Facial Mask IDEAL REMOVER with Regenine and Nelupure / 50ml
1.190 ден690 денТоа е гел маска за чистење и прочистување на кожата инспирирана од извонредноста на светите цветови на лотос, за да се постигне порцеланска кожа, сјајна, но без мрсен сјај. Содржи коктел од избрани растителни екстракти кои помагаат за чистење и ексфолијација на кожата на ефикасен начин благодарение на неговата природна содржина на AHA. Ги храни и заштитува и подлабоките слоеви на кожата. Дава инстант чувство на удобност. Кожата дише, се релаксира и ни дава целокупно пријатно чувство.
-
FAU Premium De Signature Modeling Mask 500g
1.890 ден1.323 денFAU Premium De Signature Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употреба која помага во изедначување на тенот и зацврстување на кожата.
Оваа премиум маска содржи ниацинамид и арбутин, кои придонесуваат за осветлување на кожата и подобрување на нејзиниот тон. Благодарение на хидролизираниот колаген и пептидите, оваа маска ја зацврстува кожата, ја подобрува нејзината еластичност и помага во обновување на нејзината структура.
Со својата уникатна формула, De Signature Premium Modeling Mask обезбедува длабинска нега, ја хидрира и ревитализира кожата, оставајќи ја свежа, мазна и со здрав сјај.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Главни придобивки:
- Го изедначува тенот и го намалува изгледот на темните дамки
- Ја зацврстува кожата и ја подобрува нејзината еластичност
- Обезбедува длабинска хидратација и ревитализација
- Остава кожата мазна и освежена по само една употреба
Клучни состојки:
- Ниацинамид – помага во изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата
- Арбутин – познат осветлувач на кожата што го подобрува сјајот
- Хидролизиран колаген – ја зацврстува кожата и ја прави поеластична
- Ацетил хексапептид-8 – пептид со ефект на измазнување и зацврстување
- Алантоин – состојка што ја смирува и омекнува кожата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути, додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium De Signature Modeling Mask, вашата кожа ќе биде осветлена, зацврстена и со беспрекорен тен!
-
FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask 500g
1.890 ден1.323 денFAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употеба за длабинска нега и обновување на кожата.
Оваа премиум моделирачка маска е совршена за интензивна хидратација и длабинско потхранување на кожата. Оваа маска е с поголема концентрација и дава поголем ефект од сличните маски за домашна употреба. Содржи екстракт од тиква, богат со витамини А, Б, Ц, Е, К и минерали, кои ѝ помагаат на кожата да се обнови и да го врати здравиот, воедначен изглед. Идеална е за кожа што е дехидрирана, има нерамна текстура или ѝ е потребна дополнителна нега по пилинг или специјални третмани.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Благодарение на својот уникатен состав, оваа маска:
- Го подобрува тонот на кожата и ја прави мазна и сјајна
- Ја хидрира длабински и помага во задржување на влагата
- Го намалува заморот на кожата, ја ревитализира и помага во нејзина детоксификација
- Ја зајакнува кожната бариера и обезбедува свеж, здрав изглед
Клучни состојки:
- Прав од тиква – природен извор на витамини и антиоксиданси за подобрување на текстурата и изгледот на кожата
- Малтодекстрин – ја хидрира кожата и ја прави мека
- Дијатомејска земја – природен минерал што помага во апсорпција на себумот и нечистотиите
- Глукоза – ја задржува влагата и го подобрува сјајот
- Колаген – го подобрува тонусот и еластичноста на кожата
- Алантоин – смирувачка состојка што ја намалува иритацијата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во птрав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.Со FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask, вашата кожа ќе биде хидрирана, измазнета и видливо освежена!
-
FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask 500g
1.890 ден1.323 денFAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask e смирувачка моделирачка маска за чувствителна и проблематична кожа.
Оваа премиум моделирачка маска е специјално формулирана за смирување на проблематична и чувствителна кожа. Идеална е за кожа склона кон акни, иритации и црвенило, особено по специјални третмани како што се MTS (терапија со микроигли) или пилинг.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Маската содржи екстракт од Portulaca oleracea, моќна состојка позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, која брзо ја смирува кожата и го намалува црвенилото. Алантоинот дополнително ја негува и смирува кожата, додека колагенот обезбедува длабинска хидратација и ја подобрува нејзината еластичност.
Главни придобивки:
- Интензивно смирување на чувствителна и проблематична кожа
- Намалување на црвенилото и иритациите
- Обнова и зајакнување на кожната бариера
- Длабинска хидратација и подобрување на тонусот на кожата
Клучни состојки:
- Колаген – ја зајакнува и ревитализира кожата
- Екстракт од Portulaca oleracea – ја смирува воспалената кожа и го намалува црвенилото
- Алантоин – негува и поттикнува регенерација на кожата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете рамномерна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask, вашата кожа ќе биде смирена, хидрирана и видливо подобрена од првата употреба!