-
Aromatica Reviving Rosehip Cold Press Organic Face Oil 30ml
1.890 денПочувствувајте го бенефитот од маслото од шипка врз вашата кожа.
Ова масло се произведува од плодот на шипка во процес на ладно цедење за да се задржат сите хранливи материи и витамини кои ги содржи ова масло.
Маслото од шипка е богато со активни состојки како витамините Ц, А, Б, Е и П, флавоноиди, амино киселини, каротеноиди и масни киселини како омега 3, 6 и 9, благодарение на кои тоа има способност да ја навлажнува и храни кожата, а исто така ја ревитализира уморната кожам, ја зајакнува бариерата на кожата, ја подмладува кожата, ги намаува брчките и ја спречува појавата на нови.
Ова масло е сертифицирано со ECOCERT сертификат. Тоа е 100% чисто масло добиено со процес на ладно цедење со што се исклучува било каква хемиска или термичка обработка и се употребува само физички притисок, со што се зачувува чистотата на маслото, неговите хранливи материи и активни состојки. Така тоа ја задржува својата природно убава портокалово-црвенкаста боја.
Погодно е за употреба кај сува и нормална кожа. Како последен чекор од рутината за нега можете да нанесете една до две капки. Ги нанесувате на дланките ги размачкувате и потоа ги нанесувате на целото лице. Притискате нежно за да се впие целосно. Исто така може да се употребува и на телото. Кожата ја прави пмека, го спречува губењето на влажноста и помага да се обнови влажната бариера. Исто така може да доддете една до две капки во вашиот крем доколку кожата ја чувствувате сува или уморна.
Помага за подобрување на:
- Брчки
- Фини линии
- Сувост
- Уморна кожа
- Опуштена кожа
- Нерамномерна текстура
-
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil 210ml
1.071 ден857 денBeauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil – Совршено масло за двојно чистење и заштита на кожната бариера
Најважниот чекор во негата на кожата е темелното чистење. Ако нечистотиите, себумот и остатоците од шминка не се отстранат целосно, тие можат да предизвикаат затнување на порите, акни и воспаленија.
Зошто да користите масло за чистење на лицето?
Маслото за чистење е клучен чекор во двостепеното чистење (double cleansing) – метод што е основа на K-beauty рутините. Со неговата способност да раствора водоотпорна шминка, креми со SPF и насобран себум, тоа овозможува длабинско чистење без да ја исуши кожата.
Тимот на Beauty of Joseon тестираше бројни масла за да ја пронајде најдобрата основа за ова нежно, но моќно масло за чистење. Тие го избраа маслото од Glycine soja (соја) поради неговата лесна текстура и ефикасност во растворање на нечистотиите. Дополнително, формулата содржи масло од семе од женшен, кое му дава на производот природен, освежителен тревен мирис што овозможува пријатно и релаксирачко искуство за време на чистењето.
Мицеларна технологија за совршено чистење без нарушување на бариерата
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil ја користи најновата мицеларна технологија, која станува must-have тренд во 2024 за ефикасно и неженo чистење. Наместо да ја оштети кожната бариера, ова масло како магнет ги привлекува и отстранува нечистотиите и себумот, притоа ја хидрира и негува кожата.
За разлика од традиционалните сапуни, кои често предизвикуваат затегнатост и сувост, мицеларните масла работат на раздвојување на нечистотиите од кожата без агресивно отстранување на нејзината природна липидна матрица. Ова помага во одржување на здрава и балансирана кожа, без чувство на тежина или мрснотија.
Клучни состојки и нивните придобивки
✔ Масло од соја (50%) – Добиено од Glycine soja, ова масло содржи олеинска, линолна и линоленска киселина, кои делуваат како природен навлажнувач, ја измазнуваат кожата и спречуваат затнување на порите.
✔ Масло од семе од женшен (0,1%) – Моќен антиоксиданс кој ја зајакнува кожната бариера, ја штити кожата од штетните надворешни влијанија и ја смирува.
За кого е наменето?
- Сите типови кожа, вклучувајќи осетлива, комбинирана и мрсна кожа
- Тие што сакаат хидратантно чистење без сушење
- Љубители на двостепено чистење и K-beauty рутини
Со Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil, вашата кожа останува длабински чиста, хидрирана и заштитена, додека нежните растителни масла се грижат за одржување на природниот баланс на кожата.
-
Benton Let’s Carrot Multi Oil 30ml
1.239 ден984 денХранливиот екстракт од морков кој содржи каротен и растителните масла длабински ја хидрираат и ревитализираат кожата. Ова масло лесно се впива во кожата оставајќи минимален траг и прави заштитен слој на кожата. Дерматолошки тестирано Состав: каприлен/капрински триглицерид, коко- каприлат/капрат, масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), масло од плод од Olea europaea (мас- линово масло), полиглицерил-2 изостеарат/димер дилинолеат кополимер, масло од корен од Litho- spermum erythrorhizon, канола масло, масло од лушпа од Olea europaea (маслинка), масло од семе од Vitis vinifera (грозје), масло од Oenothera biennis (ноќниче), глицерил каприлат, масло од Persea gratissima (аво- кадо), токоферол, масло (1000ppm) од семе од Daucus carota sativa (морков), екстракт (600ppm) од корен од Daucus carota sativa (морков), олус (растително) масло, токоферил ацетат, бета-каротен, масло од Santalum album (сандалово дрво), масло од лист од Melaleuca alternifolia (чајно дрво), масло од Mentha piperita (пеперминт). -
COSRX Pure Fit Cica Clear Cleansing Oil 200ml
1.790 ден1.450 денТемелното чистење е клучно за здрава и негувана кожа. Според корејската рутина за нега се препорачува двојно чистење, посебно во вечерната рутина, кое вклучува маслен чистач како прв чекор и пенлив чистач како втор чекор.Чистењето со масло за миење помага темелно да се отстрани нечистотијата без да се наруши бариерата на кожата.Започнете ја рутината за нега со 𝐏𝐮𝐫𝐞 𝐅𝐢𝐭 𝐂𝐢𝐜𝐚 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐫 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐧𝐬𝐢𝐧𝐠 𝐎𝐢𝐥, масло за миење лице. Тоа е лесно освежително масло за миење кое веднаш ја топи шминката, нечистотиите во порите и прашината, пружајќи длабинско, хидратантно чистење без мрсна завршница. Идеален за сите типови кожа, вклучително и мрсна и чувствителна.Што го прави ова масло за миење лице посебно?Погодно е за употреба и кај најчувствителната кожа. Има повеќекратно поволно дејство врз кожата. Составено е од природни состојки со најголема застапеност на патентираниот CICA-7 комплекс, за ефиксано смирување, хидратација и разладување на нежната и чувствителна кожа. Не само што ја чисти кожата туку ја подобрува и нејзината заштитна бариера.Комплексот CICA-7 еприроден комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.CICA-7 комплексот содржи:- азиатикозид
- азиатична киселина
- мадекасинска киселина
- мадекасозид
- екстракт од азиска центела
- екстракт од лист од азиска центела
- екстракт од корен од азиска центела
Дејство на CICA-7 комплексот:- Ја смирува иритираната кожа
- Ја штити чувствителната кожа
- За зајакнува бариерата на кожата
Ефикасно ја отстранува и најтврдокорната шминка, ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и отстранува 99% од загадувачите од околината, како што е ситната прашина која лесно може да ја оштети кожата.
Има лесна текстура која нуди освежувачко длабинско чистење што ја хидрира кожата без да остави чувство на масна и тешка завршница.Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Докажано е неиритирачко со спроведување на дерматолошки тест за чувствителност на кожата. -
FAU S-Line Reshape Aroma Oil 1000ml
3.220 денS-Line Reshape Aroma Oil е премиум масло за тело дизајнирано за професионална нега, кое помага во детоксикација на кожата и оформување на телото. Формулирано со екстракт од семе од гуарана, позната како женшенот од Амазон, содржи природен кофеин и карнитин кои го стимулираат разградбувањето на масните наслаги и го намалуваат нивниот волумен. Благодарение на внимателно одбрани растителни масла како маслиново масло, масло од сончоглед, јојоба, арган и камелија, ова масло ја храни и хидрира кожата, оставајќи ја свиленкаста и мазна.
Овој производ е наменет за намалување на целулитот, елиминирање на нерамномерната структура на кожата и дефинирање на тенка и мазна линија на телото. Маслото ја обновува еластичноста на кожата и го подобрува нејзиниот изглед со секоја употреба.
Начинот на употреба е едноставен: нанесете соодветна количина на посакуваните делови од телото и оставете да се апсорбира или масирајте со кружни движења за подобар ефект.
Клучни состојки се: екстракт од семе од гуарана, кофеин, маслиново масло, масло од сончоглед, јојоба, арганово масло и масло од семе на камелија.
Guarana е растение од амазонската џунгла кое е познато по својата способност за намалување на целулитот и согорување на масните наслаги. Овој овошен екстракт е богат со кофеин и уште од дамнешни времиња се користи за зголемување на физичката сила, подобрување на концентрацијата и забрзување на метаболизмот. Традиционално, домородните племиња од Амазон подготвувале пијалак од сушено и мелено гуарана овошје кој содржи три пати повеќе кофеин од обичното кафе, што го прави особено ефикасен во борбата против телесните масти и целулитот.
S-Line Reshape Aroma Oil е идеално решение за сите кои сакаат природна и ефективна нега против целулит и вишок маснотии, при тоа обезбедувајќи интензивна хидратација и подобрување на текстурата на кожата.
Начин на употреба:
Нанесете соодветна количина од маслото на чиста кожа на посакуваната област од телото. Масирајте со кружни движења додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати користете го редовно во комбинација со масажна техника или апарат за оформување на телото. Може да се користи на стомак, бутови, колкови и раце или на било која област каде што има потреба од намалување на целулитот и обликување на телото.
-
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum 20ml
1.150 денFAU Shiny Pumpkin Oil Serum е интензивен серум на база на природно масло од тиква, формулиран да обезбеди длабока хидратација, сјај и подобрување на еластичноста на кожата. Овој хранлив серум е збогатен со есенцијални витамини, антиоксиданси и природни масла кои ја штитат кожата од надворешни стресови и придонесуваат кон помазен и поцврст изглед. Маслото од тиква е богато со витамин Е и цинк, кои го поттикнуваат обновувањето на кожата и помагаат во намалување на знаците на стареење.
Покрај тиквата, формулата содржи и бакучиол како природна алтернатива на ретинол за подобрување на текстурата на кожата и изедначување на тенот, како и коензим Q10 (Hydroxydecyl Ubiquinone) за дополнителна антиоксидативна заштита. Alpha-Bisabolol, екстрактите од Eclipta Prostrata и Neem Leaf дополнително ја смируваат и ревитализираат кожата.
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum создава заштитен слој што ја заклучува влагата во кожата, совршено балансирајќи ја хидратацијата и спречувајќи сушење и иритација. Благодарение на својата лесна и брзо апсорбирачка текстура, не остава масен траг и е погоден за сите типови кожа, особено за сува и дехидрирана.
Идеален е за:
-
Кожа со видлива сувост, грубост или дехидратација.
-
Лица што сакаат природен сјај и подобрена текстура.
-
Корисници што сакаат да ја зајакнат кожната бариера со природни масла и витамини.
-
Тие што бараат нежна, но ефективна алтернатива на ретинол.
Начин на употреба:
По чистење на лицето и нанесување тонер, нанесете 1-2 капки од FAU Shiny Pumpkin Oil Serum на дланките, загрејте ги со благо триење и нежно притиснете ги врз лицето за подобра апсорпција. Може да се користи самостојно или како последен чекор за заклучување на влагата во вечерната рутина. Исто така, може да се додаде неколку капки во крем или есенција за збогатување на нега. -
-
iUNIK Calendula Complete Cleansing Oil 200ml
1.210 ден1.044 денТоа е нежно масло за темелно чистење на лицето кое длабински ја чисти шминката и остатоците од нечистотии благодарение на природните растителни масла кои истовремено ја негуваат кожата. По чистењето кожата ја остава свежа и хидрирана. 94% природно масло За сите типови на кожа Испумпајте 2-3 пати од ова масло за чистење на суви дланки. Нежно масирајте на суво лице почнувајќи од челото, потоа носот и образите. По масирањето, остатокот од маслото не го бришете со марамче, туку исплакнете го лицето со млака вода 2 до 3 пати. -
-
-
-
Данини ладно цедено масло од авокадо
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од авокадо на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масло од коноп 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од коноп на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масло од малина 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од малина на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини Ладно цедено масло од неем 10ml
280 денЛадно цеденото масло од неем ја враќа нормалната состојба на епидеремисот кожата и ја зајакнува нејзината заштитна бариера со тоа што делува антибактериски и ја одржува влажноста на кожата. Неемот е позната индиска билка која се користи за лекување повеќе од 5000 години. Поради својата чудотворна моќ е позната секаде во светот а во Индија се смета за свето дрво.
Хемискиот состав на маслото од неем e многу сложен и вклучува triterpene, limonoide, nonterpenoide, hexanortriterpenoide, pentattriterpenoide. Најважна активна состојка на маслото од нееем е azadirachitin која има анти-паразитни, анти бактериски, анти вирусни и инсектицидни својства.
Процесот на ладно цедење за добивање на ова масло придонесува тоа да не изгуби од своите делотворни својства.
Дејство:
- спречува кожни инфекции
- го забрзува заздравувањето на раните
- помага кај акни
- ги ублажува сите видови на иритации на кожата, чешање, осип и алергиски реакции.
-
Данини ладно цедено масло од рицинус 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од рицинус на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масо од орев 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од орев на домашниот бренд за природна козметика Данини.