-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner 30ml
625 ден469 денSKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner е освежувачки хидратантен тонер со AHA и LHA, наменет за нежна ексфолијација и подобрување на сјајот на кожата. Формулиран е за чувствителна, нормална и сува кожа, обезбедувајќи балансирана нега која ги комбинира хидратацијата, смирувањето и регенерацијата на кожата.
Тонерот содржи 70.000 ppm вода од лист од азиска центела, богат извор на активни состојки кои го поттикнуваат создавањето колаген, го смируваат воспалението и го унапредуваат заздравувањето на кожата. Хијалуронската киселина со пет големини на молекули овозможува длабинска и долготрајна хидратација, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и ја прават кожата поеластична и мазна.
Благодарение на содржината на AHA (лимонска киселина) и LHA (каприлоил салицилна киселина), овој тонер овозможува нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите без иритации. Течната формула лесно се впива, оставајќи свеж и природно сјаен финиш. Природната сина нијанса потекнува од екстракт од гарденија, а пријатниот мирис од екстракти од диња и круша.
Клучни придобивки:
- Прави нежна ексфолијација со AHA + LHA за подобрување на текстурата и прочистување на порите.
- Длабински хидрира со 5 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, за хидратација во подлабоките слоеви на кожата.
- Пружа смирување и регенерација со Centella asiatica.
- Го осветлува и воедначува на тонот на кожата.
- Ја подобрува еластичноста и ја зајакнува кожната бариера.
Погоден за секојдневна употреба, овој тонер е одличен избор за сите кои бараат производ што истовремено хидрира, смирува и нежно ексфолира, при тоа подобрувајќи го сјајот и тонусот на кожата.
Начин на употреба: нанесете со памучен туфер или директно со дланки и тапкајте додека не се апсорбира целосно.
-
-
-
-
SKIN1004 Madagascar Centella Quick Calming Pad (70 pads) 130g
1.290 ден968 денОткријте го брзиот и ефикасен начин за смирување на иритирана кожа со SKIN1004 Centella Quick Calming Pad, интензивно навлажнувачки и смирувачки тонер тупфери натопени со богата есенција од мадагаскарска азиска центела, пантенол и хијалурон. Дизајнирани за чувствителна, нормална и комбинирана кожа, овие практични подлоги обезбедуваат моментален ефект за само неколку минути.
Клучни придобивки:
- Ја смируваат и навлажнуваат кожата за само 3–5 минути.
- Тупферите со три слоја подобро ја задржуваат и рамномерно ја распоредуваат есенцијата.
- Имаат погодна форма на полумесечина за лесно нанесување околу очите и носот.
- Нудат алтернатива на лист-маските, но со многу поедноставна и побрза примена.
- Формулата содржи само 10 безбедни состојки (EWG зелена оценка) што ја прави идеална за чувствителна кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella asiatica extract 15,000 ppm) го поттикнува создавањето на колаген, ја обновува и смирува кожата, а воедно делува и антиоксидативно.
- Пантенолот (5,000 ppm) длабински ја навлажнува кожата и ја зајакнува нејзината бариера.
- Натриум хијалуронатот (1,000 ppm) е нискомолекуларна хијалуронска киселина која овозможува долготрајна хидратација и подобрување на еластичноста на кожата.
Погодни за типови на кожа, чувствителна, нормална и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Ставете тупфери на образите, челото или на посебни проблематични зони и оставете ги да делуваат 3 до 5 минути. Потоа отстранете ги и тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. По отворање, чувајте ги внатрешното капаче и пинцетата во пакувањето за лесна и хигиенска употреба. Исто така со овие тупфери може да го пребришувате лицето.
Совршено решение за секојдневна нега, SKIN1004 Centella Quick Calming Pad е идеален избор за оние кои сакаат брзо освежување на кожата без комплицирани чекори, совршен додаток во секоја рутина за нега.
-
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Boosting Toner 210ml
1.424 ден1.068 денSKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Boosting Toner е лесен, но моќен тонер на водена база кој интензивно го хидрира, обновува и ја изедначува бојата на кожата. Формулиран со прочистен екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар, овој тонер обезбедува длабинско смирување и поддршка на кожната бариера, правејќи го идеален за чувствителна и комбинирана кожа.
Тонерот го содржи патентираниот MADEWHITE™, природна состојка која докажано го изедначува тенот и ја осветлува кожата со природен сјај. Комбинацијата од ниацинамид и 3-O-Ethyl Ascorbic Acid (стабилна форма на витамин Ц) помага во намалување на темните дамки и подобрување на тонусот на кожата, додека Tranexamic Acid спречува нова хиперпигментација.
SINGREEN комплексот, со екстракти од 4 овошја како Prunus mume (јапонска слива) и Pyrus malus (јаболко), нежно ги ексфолира мртвите клетки и ја подобрува апсорпцијата на активните состојки. Текстурата е водена и лесна, оставајќи чувство на свежина без лепливост.
Погоден за нормална, чувствителна и комбинирана кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела ја смирува и регенерира кожата.
- MADEWHITE™ патентираниот комплекс помага во изедначување на тенот.
- Екстрактот од плод од јапонска слива и екстрактот од јаболко пружаат природна ексфолијација.
- Ниацинамидот помага за осветлување и корекција на пигментацијата.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid е стабилен дериват на витамин Ц. Го подобрува тенот и пружа антиоксидантна нега без иритации.
Начин на употреба: Нанеси со памучен тупфер или директно на дланките и нежно тапкај по кожата за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner 210ml
1.207 ден905 денSKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner e нежен пилинг тонер со екстракт од азиска центела и PHA за чувствителна кожа.
Тоа е секојдневен тонер за лице со нежен ексфолирачки ефект, формулиран со екстракт од Centella asiatica и PHA (глуконолактон). Со својата лесна текстура, тој брзо се апсорбира без лепливост, притоа смирувајќи ја кожата и подобрувајќи ја нејзината текстура.
Овој нежен тонер со пилинг ефект е наменет за нормална и чувствителна кожа, а е докажано безбеден и за кожа склона кон акни (не-комедоген). Благодарение на внимателно избраните состојки, тонерот го намалува вишокот себум, ги отстранува мртвите клетки, го подобрува сјајот и ја зголемува еластичноста на кожата.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella аsiatica 22.143 ppm) содржи активни состојки како мадекасинска киселина и азиатикозид кои стимулираат синтеза на колаген, ја забрзуваат регенерацијата на кожата и делуваат смирувачки.
- Глуконолактонот или PHA (1.000 ppm) е нежен ексфолијант кој постепено се активира на кожата, ја изедначува текстурата и задржува влага.
- Бетаинот (100 ppm) го регулира балансот на влага и ја штити кожата од дехидрирање.
Предности:
- Не ја иритира кожата и идеален за секојдневна употреба.
- Поддржува природна регенерација и хидратација.
- Помага во изедначување на тенот и подобрување на текстурата.
- Сертифицирани својства за осветлување и антиејџ ефект.
Начин на употреба: По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner 30ml
596 ден447 денSKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner e нежен пилинг тонер со екстракт од азиска центела и PHA за чувствителна кожа.
Тоа е секојдневен тонер за лице со нежен ексфолирачки ефект, формулиран со екстракт од Centella asiatica и PHA (глуконолактон). Со својата лесна текстура, тој брзо се апсорбира без лепливост, притоа смирувајќи ја кожата и подобрувајќи ја нејзината текстура.
Овој нежен тонер со пилинг ефект е наменет за нормална и чувствителна кожа, а е докажано безбеден и за кожа склона кон акни (не-комедоген). Благодарение на внимателно избраните состојки, тонерот го намалува вишокот себум, ги отстранува мртвите клетки, го подобрува сјајот и ја зголемува еластичноста на кожата.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella аsiatica 22.143 ppm) содржи активни состојки како мадекасинска киселина и азиатикозид кои стимулираат синтеза на колаген, ја забрзуваат регенерацијата на кожата и делуваат смирувачки.
- Глуконолактонот или PHA (1.000 ppm) е нежен ексфолијант кој постепено се активира на кожата, ја изедначува текстурата и задржува влага.
- Бетаинот (100 ppm) го регулира балансот на влага и ја штити кожата од дехидрирање.
Предности:
- Не ја иритира кожата и идеален за секојдневна употреба.
- Поддржува природна регенерација и хидратација.
- Помага во изедначување на тенот и подобрување на текстурата.
- Сертифицирани својства за осветлување и антиејџ ефект.
Начин на употреба: По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.
-
-
Synergy Therm Exfoliate Toner (with 5% glycolic acid and gluconolactone) 100ml
676 денAHA/PHA Exfoliating Toner - тонер за пилинг со гликолна киселина и глуконолактон, е дизајниран да обезбеди ефективен и нежен пилинг на кожата, длабински чистејќи ги порите. Гликолна киселина, природна АХА, ја подобрува текстурата на кожата и видливо ја намалува хиперпигментацијата, додека Глуконолактонот, PHA, обезбедува антиоксидантни и анти-ејџинг придобивки. Овој тонер го стимулира производството на колаген, ги измазнува ситните брчки и ја максимизира ефикасноста на последователните производи за нега на кожа. Погоден за сите типови кожа, освен за чувствителна кожа, тонерот за ексфолијација ја трансформира кожата, давајќи и посветол, порамномерен изглед. Редовната употреба, заедно со соодветна заштита од сонце, може да доведе до значително подобрување на состојбата на кожата. СОСТОЈКИ: АКВА/ТЕРМИЛНА ВОДА, ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА, СОК од ЛИСТОТ ALOE BARBADENSIS, ГЛИЦЕРИН, ПРОПИЛЕН ГЛИКОЛ, УРЕА, НАТРИУМ ХИДРОКСИД, ФЕНОКСИЕТАНОЛ, ПАНТЕНОЛ, КСИЛИТОЛ, ТРИЕТАНОЛАМИН, ГЛУКОНОЛАКТОН, PPG-26-BUTETH-26, ЕТИЛХЕКСИЛГЛИЦЕРИН, PEG-40 ХИДРОГЕНИЗИРАНО РИЦИНУСОВО МАСЛО, ЛИМОНСКА КИСЕЛИНА, ЕКСТРАКТ НА ЛИСТ ОД CAMELLIA SINENSIS, НАТРИУМ БЕНЗОАТ, КАЛИУМ СОРБАТ -
-