Кошничка 0 x

Product

Benton Aloe Propolis Soothing Gel Mini Deluxe 30ml

450 ден

Нема на залиха

Достапност: Нема залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:
За производот

Toa е гел за лице со голема концентрација на алое и прополис. Спакуван е во мало пакување, практично при патување. Лесно е впивлив, не содржи испарлив алкохол и има нелеплива хидратантна текстура. Интензивно ја смирува и хидрира кожата благодарение на својата главна состојка, алое вера. Прополисот, познат по своите антисептички и антиинфламаторни својства, помага во балансирање, заздравување и смирување на проблематичната кожа.

Содржи алантоин кој ја штити кожата од надворешните штетни влијанија, го зголемува количеството на вода, ја омекнува кожата, ја смирува иритацијата, поттикнува природна ексфолиација на надворешниот слој на епидермисот и стимулира создавање на нови клетки со што поттикнува обновување и на ткивото.

Тоа е благо киселкаст гел со pH вреднот каква што има здрава кожа. Дерматолошки е тестиран и е наменет е за сите типови на кожа.

Во согласност со филозофијата и праксата на брендот Benton, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Гелот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.

Употреба

Гелот нанесете го на лицето рамномерно во тенок слој и нежно тапкајте за да се впие целосно.

За најдобри резултати Benton препорачува овој гел да се употребува заедно со следните производи по редоследот: чистење со Honest Cleansing Foam → Aloe BHA Skin Toner → Aloe Propolis Soothing Gel → Aloe Hyaluron Cream.

Совет: Производите нанесувајте редоследно, од најтечните кон оние со поголема густина.

Активни состојки

• Овој производ содржи екстракт, прав од сок и вода од алое вера. Тие се познати по своите смирувачки својства. Обезбедуваат заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така се богати со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето. Освен што го спречуваат таложењето на себумот и ги намалуваат порите, го стимулираат производството на колаген и еластински влакна кои ја прават кожата еластична и мазна.

• Прополисот e познат по своите антисептички и обновувачки својства. Помага во балансирање, заздравување и смирување на проблематичната кожа. Исто така ја забрзува стапката на раст на клетките и ги чисти порите. Тој ја штити кожата од бактерии и функционира како одлично антиинфламаторно средство.

• Алантоинот е состојка која го зголемува количеството на вода во кожата, ја смирува иритацијата и ја омекнува кожата. Тој поттикнува природна ексфолиација на надворешниот слој на епидермисот, стимулира создавање на нови клетки со што поттикнува обновување и на ткивото и помага во заздравување на мали оштетувања на кожата. Ја штити кожата од надворешни штетни влијанија и слободни радикали.

Состав

Состав: вода од лист од Aloe barbadensis, бутилен гликол, вода, пентилен гликол, 1,2-хександиол, глицерин, екстракт од Propolis, екстракт од лист од Aloe barbadensis, бетаин, екстракт од Cucumis sativus (краставица), екстракт од Portulaca oleracea, екстракт од лист од Camellia sinensis, алантоин, прав од сок од лист на Aloe barbadensis, екстракт од Zanthoxylum piperitum, екстракт од Pulsatilla koreana, екстракт од Usnea barbata (лишај), акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, аргинин.

Препорачана комбинација

  • Распродадено-20%