-
-
-
-
-
Aromatica Comforting Calendula Decoction Juicy Cream 150g
2.120 ден1.972 денНаправен од 90,4% природни состојки, од кои 13% се органски состојки, Aromatica Comforting Calendula Decoction Juicy Cream е совршен избор за Вашата кожа доколку ја чувствувате дехидрирана или иритирана.
Неговата формула е богата со церамиди и полисахариди од семе од тамаринд, благодарение на кои длабински ја хидрира кожата и подолго ја задржува влажноста.
Овој природен нежен крем, целисно е направен од безбедни состојки, поради што е погоден за чувствителна кожа, а совршен е дури и за бебиња.
Наместо вода, содржи 48% екстракт од цвет од невен кој го ублажува стресот на кожата и е исклучително ефикасен за смирување на кожата. Екстрактот од невен има антиоксидантни, анти-бактериски, антиинфламаторни, па дури и анти-габични својства.
Содржи шиа путер и кокосово масло кои ја навлажнуваат и омекнуваат кожата, но истовремено делуваат и анти-инфламаторно и помагаат за побрзо зараснување на раните.
Содржи екстракт алое вера, кој е богат со гликопротеини, кои имаат антиинфламаторни својства и полисахариди, кои можат да го стимулираат растот на кожата и да ги поправат нејзините недостатоци.
Се нанесува на лицето после балансирањето на pH нредноста со тонер. На сувите подрачја може да се нансува онолку пати колку што е потребно во текот на денот. Може да се користи самостојно или да се помеша со неколку капки масло за лице, доволно за да се задржи влагата без да се чувствува тешко или мрсно на кожата. Има свиленкаст финиш и е добра подлога за шминка.
-
Aromatica Reviving Rose Infusion Cream
3.737 ден2.616 денВшата кожа заслужува посебен третман. Пружете ѝ врвна нега со луксузниот крем на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔, 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺.
𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 е интензивен навлажнувачки крем со моќно антиејџ дејство, кој ја одржува свежината и еластичноста на кожата од подлабоките слоеви до површината.
Формулиран е со есенцијално масло и екстракт од Rosa damacscena и покажува антиоксидантни својства на исто ниво на токоферолот кој еден од најпознатите антиоксиданти
Збогатен е со антиејџ сотојки како ниацинамид, аденозин и токоферол за моќна борба против брчките и помазна, поцврста и поеластична кожа.
Петте типа на хјалуронска киселина обезбедуват доготрајна хидратација од најдлабоките слоеви до површината на кожата. Затоа овој крем има моќ да ги пополнува брчките и го спречува нивното продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.
-
Aromatica Tea Tree Pore Purifying Gel Cream 5% Niacinamide + 0.1% PHA 100ml
2.221 денЗа чисти пори и сјајна кожа, тука е Tea Tree Pore Purifying Gel Cream 5% Niacinamide + 0.1% PHA на познатиот корејски бренд за природна и органска козметика AROMATICA.
Пробајте го овој лесен гел крем формулиран со природно масло од австралиско чајно дрво и ниацинамид и уживајте во совршено чиста и сјајна кожа.
Овој крем помага во контролата на прекумерното лачење на себум со што ги одржува чисти порите и помага во контролата на балансот на водата и мастите на кожата, правејќи ја кожата помазна и почиста.
PHA е состојка со повеќе придобивки за кожата. Прави нежен пилинг кој создава поздрави клетки на површината на кожата, намалувајќи ја хиперпигментацијата, а исто така ја хидрира кожата. Помагаво зпречување на појавата на фини линии и брчки.
КОРИСТЕТЕ ГО ОВОЈ ПРОИЗВОД КАКО НОЌНА МАСКА: Оние денови кога вашата кожа се чувствува чувствителна и сува, земете двојно повеќе од вообичаената количина и користете ја како маска за спиење. Вашата чувствителна кожа ќе се смири изненадувачки брзо.
Препорачана употреба: Земете соодветна количина на крем за прочистување на порите од чајно дрво на последниот чекор од вашата рутина за нега на кожата. Нанесете и тапкајте за подобра апсорпцијата. Тоа ви помага да ги задржите вашите пори затегнати и вашата кожа мазна.
-
AromaticaSoothing Aloe Aqua Cream 150g
1.140 денAromatica Soothing Aloe Aqua Cream е крем без мирис и боја кој е погоден за нега на чувствителна и иритирана кожа. Органскиот алое вера екстракт гелкој е дел од формулата на овој лесно впивлив крем, ја навлажнува и смирува кожата. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.
Овој крем е сертифицирано вегански и е направен од 95% природни состојки. Содржи 83% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат, церамиди, вода од лаванда, хидролизирани гликозаминогликани, екстракт од рузмарин и екстракт од камилица. Производот има EWG VERIFIED™ сертификат.
⠀
Церамидите се состојка со докажано анти-ејџинг дејство, помоќно од она на ретинолот, ниацинамидот и пептидите. Помагаат во зајакнувањето на заштитниот слој на кожата, зголемување на хидратацијата и постигнување на помазна, позатегната и поцврста кожа со помалку видливи линии и брчки.
⠀
Водата од лаванда има антиинфламаторно и терапевтско дејство.
⠀
Гликозаминогликаните (GAG) познати како мукополисахариди, помагаат за поддршка и одржување на структурните протеини на кожата како што се колагенот и еластинот. Нивните молекули врзуваат големо количество вода и на кожата ѝ даваат длабинска и богата хидратација, со што ја спречува појавата на нови брчки.
⠀
Екстрактот од рузмарин е антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали. Тој ја снабдува кожата со железо, калциум и витамини.
⠀
Екстрактот од камилица има антиинфламаторно, антифугално, антибактериски и антиоксидантно дејство.
⠀
Овој производ е вегански и Cruelty Free, не содржи парабени, силикони, сулфати, фталати, PEG, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
⠀ -
-
Beauty of Joseon Dynasty Cream
1.340 ден1.161 денBeauty of Joseon Dynasty Cream е хидратантен крем кој ја негува кожата и го подобрува тенот. Клучни состојки: вода од оризови трици (29%), вода од корен од женшен (5%), сквалан (2%), ниацинамид (2%). Истакнати состојки: 3 типа на хијалуронска киселина, масло од семе од шафраника, екстракт од мед, екстракт од плод од Lycium chinense, церамид NP. Употреба: Нанесете рамномерно со дланките соодветна количина на чисто лице како последен чекор од рутината за нега и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата. Состав: вода, вода од трици од Oryza sativa (ориз), глицерин, вода од корен од Panax ginseng, хидрогениран полидецен, 1,2-хександиол, ниацинамид, сквалан, бутилен гликол, пропандиол, бутилен гликол дикаприлат/дикапрат, цетеарил оливат, сорбитан оливат, амониум акрилоилдиметилтаурат/VP кополимер, ксантан гума, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, трометамин, масло од семе од Carthamus tinctorius (шафраника), хидрогенирано кокосово масло, глицерил акрилат/кополимер на акрила киселина, етилхексилглицерин, аденозин, каприлен/капрински триглицерид, динатриум EDTA, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронска киселина, натриум хијалуронат, екстракт од мед, церамид NP, хидрогениран лецитин, екстракт од корен од Coptis japonica, екстракт од семе од Raphanus sativus (ротквичка), екстракт од плод од Lycium chinense, екстракт од семе од Theobroma cacao (какао), екстракт од Phellinus linteus, декстрин, екстракт од корен од Scutellaria baicalensis. -
-
-
-
Benton Aloe Hyaluron Cream 50g
1.354 денЗа производот Овој лесен крем, кој не остава леплива трага, интензивно ја смирува и хидрира кожата благодарение на високата концентрација на своите главни активни состојки, алое вера и хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина e застапена со 7 големини на молекули во таканаречениот 7-Hyaluronic Acid Complex, со различна способност за продирање во кожата, за да ги снабди со потребното количество вода и најдлабоките слоеви. Што е хијалуронска киселина? Хијалуронската киселина е фонтана на младоста во молекуларна форма. Хијалуронската киселина е супстанција природно присутна во кожата, позната по својот неверојатен капацитет за привлекување и задржување на влажноста. Може да задржи 1000 пати поголемо количество на вода од својата тежина со што на кожата ѝ дава здрав, полн и еластичен изглед. Хијалуронската киселина е молекула составена од шеќери што нашите тела природно ги произведуваат. По хемиски состав таа е гликозамоногликан, супстанција што е дел од матрицата која ја одржува младешката кожа. Во светот на нега на кожата трендовите се менуваат, а трендовските состојки доаѓаат и си одат, но истражувањата покажуваат дека хијалуронската киселина не е само тренд, напротив, се докажа дека таа е една од најдобрите состојки за нега на кожата што можеме да ги користиме. Како што старееме нашата кожа ја губи хијалуронската киселина, а со тоа ја губи и влажноста што доведува до опуштање на кожата и појава на брчки, кои на почетокот се мали и плитки, но со текот на времето се продлабочуваат и стануваат постојани. Кога повторно ќе ја снабдиме кожата со хијалуронска киселина преку некој козметички препарат, не само што помагаме да се надополнат природните резерви на хијалуронска киселина, туку ја одржуваме кожата подобро навлажнета, со што се зголемува нејзината цврстина, еластичност, а ситните брчки исчезнуваат. Зошто различни големини на молекули на хијалуронска киселина? Хијалуронската киселина има различна моќ на продирање во подлабоките слоеви на кожата зависно од големината на нејзините молекули. Малите молекули продираат во најдлабоките слоеви на кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, имаат долготраен анти-ејџинг ефект и ги измазнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата и го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата, кој покрај навлажнувачката функција, го засилува процесот на заздравување на раните и е особено корисен за чувствителните типови на кожа. Екстрактот од од алое вера е познат по своето смирувачко својство. Обезбедува заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така е богат со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето. Овој крем Ви нуди здрава формула со состојки од природно потекло и не содржи никакви штетни или контроверзни состојки. Не содржи испарлив алкохол, PEG, силикони, парабени, минерални масла, бензофенони, стероиди, фталати, хемиски конзерванси, вештачи бои и мириси. Тестиран е дерматолошки. Наменет е за сите типови на кожа. Употреба Со рацете нанесете соодветна количина од кремот на лицето и вратот и нежно тапкајте додека не се впие потполно. Овој крем хидрира доволно и со нанесување на мало количество. Затоа, нанесувајте неколку пати во помали количини за да ја пронајдете соодветната количина за Вас. Се користи како последен чекор во нега на кожата. За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со следните производи по редоследот: чистење со Honest Cleansing Foam → Aloe BHA Skin Toner → Aloe Propolis Soothing Gel → Aloe Hyaluron Cream. Совет: Производите нанесувајте редоследно, од најтечните кон оние со поголема густина. Активни состојки • 7-Hyaluronic Acid Complex e комплекс на хијалуронска киселина со 7 големини на молекули, кој овозможува рамномерно распоредување на влажноста во сите дермални слоеви. Малите молекули продираат во најдлабоките слоеви на кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, имаат долготраен анти-ејџинг ефект и ги измазнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата и го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата, кој покрај навлажнувачката функција, го засилува процесот на заздравување на раните и е особено корисен за чувствителните типови на кожа. Хијалуронската киселина е супстанција природно присутна во кожата, позната по својот неверојатен капацитет за привлекување и задржување на влажноста. Може да задржи 1000 пати поголемо количество на вода од својата тежина со што на кожата ѝ дава здрав, полн и еластичен изглед. Хијалуронската киселина е молекула составена од шеќери што нашите тела природно ги произведуваат. По хемиски состав таа е гликозамоногликан, супстанција што е дел од матрицата која ја одржува младешката кожа. Хијалуронската киселина ја одржува кожата добро навлажнета, со што се зголемува нејзината цврстина, еластичност, а ситните брчки исчезнуваат. • Eкстрактот од алое вера е познат по своето смирувачко својство. Обезбедуваат заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така е богат со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето. Освен што го спречува таложењето на себумот и ги намалуваат порите, го стимулира производството на колаген и еластински влакна кои ја прават кожата еластична и мазна. • Пантенолот на кожата ѝ дава дополнителна влажност и помага во нејзино задржување. Состав Состав: вода од лист од Aloe barbadensis, вода, бутилен гликол, цетеарил алкохол, цетил етилхексаноат, глицерин, полиглицерил-3, метилглукоза дистеарат, пентилен гликол, каприлен/капрински триглицерид, цетеарил оливат, сорбитан оливат, екстракт од лист од Aloe barbadensis, екстракт од корен од Althaea rosea, натриум хијалуронат, натриум хијалуронат крос-полимер, хидролизиран натриум хијалуронат, хидролизирана хијалуронска киселина, хијалуронска киселина, бетаин, прав од сок од лист од Aloe barbadensis, аргинин, карбомер, пантенол, 1,2-хександиол, екстракт од плод од Zanthoxylum piperitum, екстракт од Usnea barbata (лишај), екстракт од Pulsatilla koreana, ксантан гума. Овој лесен крем, кој не остава леплива трага, интензивно ја смирува и хидрира кожата благодарение на високата концентрација на своите главни активни состојки, алое вера и хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина e застапена со 7 големини на молекули во таканаречениот 7-Hyaluronic Acid Complex, со различна способност за продирање во кожата, за да ги снабди со потребното количество вода и најдлабоките слоеви. Што е хијалуронска киселина? Хијалуронската киселина е фонтана на младоста во молекуларна форма. Хијалуронската киселина е супстанција природно присутна во кожата, позната по својот неверојатен капацитет за привлекување и задржување на влажноста. Може да задржи 1000 пати поголемо количество на вода од својата тежина со што на кожата ѝ дава здрав, полн и еластичен изглед. Хијалуронската киселина е молекула составена од шеќери што нашите тела природно ги произведуваат. По хемиски состав таа е гликозамоногликан, супстанција што е дел од матрицата која ја одржува младешката кожа. Во светот на нега на кожата трендовите се менуваат, а трендовските состојки доаѓаат и си одат, но истражувањата покажуваат дека хијалуронската киселина не е само тренд, напротив, се докажа дека таа е една од најдобрите состојки за нега на кожата што можеме да ги користиме. Како што старееме нашата кожа ја губи хијалуронската киселина, а со тоа ја губи и влажноста што доведува до опуштање на кожата и појава на брчки, кои на почетокот се мали и плитки, но со текот на времето се продлабочуваат и стануваат постојани. Кога повторно ќе ја снабдиме кожата со хијалуронска киселина преку некој козметички препарат, не само што помагаме да се надополнат природните резерви на хијалуронска киселина, туку ја одржуваме кожата подобро навлажнета, со што се зголемува нејзината цврстина, еластичност, а ситните брчки исчезнуваат. Зошто различни големини на молекули на хијалуронска киселина? Хијалуронската киселина има различна моќ на продирање во подлабоките слоеви на кожата зависно од големината на нејзините молекули. Малите молекули продираат во најдлабоките слоеви на кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, имаат долготраен анти-ејџинг ефект и ги измазнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата и го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата, кој покрај навлажнувачката функција, го засилува процесот на заздравување на раните и е особено корисен за чувствителните типови на кожа. Екстрактот од од алое вера е познат по своето смирувачко својство. Обезбедува заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така е богат со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето. Овој крем Ви нуди здрава формула со состојки од природно потекло и не содржи никакви штетни или контроверзни состојки. Не содржи испарлив алкохол, PEG, силикони, парабени, минерални масла, бензофенони, стероиди, фталати, хемиски конзерванси, вештачи бои и мириси. Тестиран е дерматолошки. Наменет е за сите типови на кожа. Со рацете нанесете соодветна количина од кремот на лицето и вратот и нежно тапкајте додека не се впие потполно. Овој крем хидрира доволно и со нанесување на мало количество. Затоа, нанесувајте неколку пати во помали количини за да ја пронајдете соодветната количина за Вас. Се користи како последен чекор во нега на кожата. За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со следните производи по редоследот: чистење со Honest Cleansing Foam → Aloe BHA Skin Toner → Aloe Propolis Soothing Gel → Aloe Hyaluron Cream. Совет: Производите нанесувајте редоследно, од најтечните кон оние со поголема густина. • 7-Hyaluronic Acid Complex e комплекс на хијалуронска киселина со 7 големини на молекули, кој овозможува рамномерно распоредување на влажноста во сите дермални слоеви. Малите молекули продираат во најдлабоките слоеви на кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, имаат долготраен анти-ејџинг ефект и ги измазнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата и го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата, кој покрај навлажнувачката функција, го засилува процесот на заздравување на раните и е особено корисен за чувствителните типови на кожа. Хијалуронската киселина е супстанција природно присутна во кожата, позната по својот неверојатен капацитет за привлекување и задржување на влажноста. Може да задржи 1000 пати поголемо количество на вода од својата тежина со што на кожата ѝ дава здрав, полн и еластичен изглед. Хијалуронската киселина е молекула составена од шеќери што нашите тела природно ги произведуваат. По хемиски состав таа е гликозамоногликан, супстанција што е дел од матрицата која ја одржува младешката кожа. Хијалуронската киселина ја одржува кожата добро навлажнета, со што се зголемува нејзината цврстина, еластичност, а ситните брчки исчезнуваат. • Eкстрактот од алое вера е познат по своето смирувачко својство. Обезбедуваат заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така е богат со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето. Освен што го спречува таложењето на себумот и ги намалуваат порите, го стимулира производството на колаген и еластински влакна кои ја прават кожата еластична и мазна. • Пантенолот на кожата ѝ дава дополнителна влажност и помага во нејзино задржување. Состав: вода од лист од Aloe barbadensis, вода, бутилен гликол, цетеарил алкохол, цетил етилхексаноат, глицерин, полиглицерил-3, метилглукоза дистеарат, пентилен гликол, каприлен/капрински триглицерид, цетеарил оливат, сорбитан оливат, екстракт од лист од Aloe barbadensis, екстракт од корен од Althaea rosea, натриум хијалуронат, натриум хијалуронат крос-полимер, хидролизиран натриум хијалуронат, хидролизирана хијалуронска киселина, хијалуронска киселина, бетаин, прав од сок од лист од Aloe barbadensis, аргинин, карбомер, пантенол, 1,2-хександиол, екстракт од плод од Zanthoxylum piperitum, екстракт од Usnea barbata (лишај), екстракт од Pulsatilla koreana, ксантан гума. -