-
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil 210ml
1.190 денOriginal price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil – Совршено масло за двојно чистење и заштита на кожната бариера
Најважниот чекор во негата на кожата е темелното чистење. Ако нечистотиите, себумот и остатоците од шминка не се отстранат целосно, тие можат да предизвикаат затнување на порите, акни и воспаленија.
Зошто да користите масло за чистење на лицето?
Маслото за чистење е клучен чекор во двостепеното чистење (double cleansing) – метод што е основа на K-beauty рутините. Со неговата способност да раствора водоотпорна шминка, креми со SPF и насобран себум, тоа овозможува длабинско чистење без да ја исуши кожата.
Тимот на Beauty of Joseon тестираше бројни масла за да ја пронајде најдобрата основа за ова нежно, но моќно масло за чистење. Тие го избраа маслото од Glycine soja (соја) поради неговата лесна текстура и ефикасност во растворање на нечистотиите. Дополнително, формулата содржи масло од семе од женшен, кое му дава на производот природен, освежителен тревен мирис што овозможува пријатно и релаксирачко искуство за време на чистењето.
Мицеларна технологија за совршено чистење без нарушување на бариерата
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil ја користи најновата мицеларна технологија, која станува must-have тренд во 2024 за ефикасно и неженo чистење. Наместо да ја оштети кожната бариера, ова масло како магнет ги привлекува и отстранува нечистотиите и себумот, притоа ја хидрира и негува кожата.
За разлика од традиционалните сапуни, кои често предизвикуваат затегнатост и сувост, мицеларните масла работат на раздвојување на нечистотиите од кожата без агресивно отстранување на нејзината природна липидна матрица. Ова помага во одржување на здрава и балансирана кожа, без чувство на тежина или мрснотија.
Клучни состојки и нивните придобивки
✔ Масло од соја (50%) – Добиено од Glycine soja, ова масло содржи олеинска, линолна и линоленска киселина, кои делуваат како природен навлажнувач, ја измазнуваат кожата и спречуваат затнување на порите.
✔ Масло од семе од женшен (0,1%) – Моќен антиоксиданс кој ја зајакнува кожната бариера, ја штити кожата од штетните надворешни влијанија и ја смирува.
За кого е наменето?
- Сите типови кожа, вклучувајќи осетлива, комбинирана и мрсна кожа
- Тие што сакаат хидратантно чистење без сушење
- Љубители на двостепено чистење и K-beauty рутини
Со Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil, вашата кожа останува длабински чиста, хидрирана и заштитена, додека нежните растителни масла се грижат за одржување на природниот баланс на кожата.
-
COSRX Pure Fit Cica Clear Cleansing Oil 200ml
2.190 денOriginal price was: 2.190 ден.1.971 денCurrent price is: 1.971 ден.Темелното чистење е клучно за здрава и негувана кожа. Според корејската рутина за нега се препорачува двојно чистење, посебно во вечерната рутина, кое вклучува маслен чистач како прв чекор и пенлив чистач како втор чекор.Чистењето со масло за миење помага темелно да се отстрани нечистотијата без да се наруши бариерата на кожата.Започнете ја рутината за нега со 𝐏𝐮𝐫𝐞 𝐅𝐢𝐭 𝐂𝐢𝐜𝐚 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐫 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐧𝐬𝐢𝐧𝐠 𝐎𝐢𝐥, масло за миење лице. Тоа е лесно освежително масло за миење кое веднаш ја топи шминката, нечистотиите во порите и прашината, пружајќи длабинско, хидратантно чистење без мрсна завршница. Идеален за сите типови кожа, вклучително и мрсна и чувствителна.Што го прави ова масло за миење лице посебно?Погодно е за употреба и кај најчувствителната кожа. Има повеќекратно поволно дејство врз кожата. Составено е од природни состојки со најголема застапеност на патентираниот CICA-7 комплекс, за ефиксано смирување, хидратација и разладување на нежната и чувствителна кожа. Не само што ја чисти кожата туку ја подобрува и нејзината заштитна бариера.Комплексот CICA-7 еприроден комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.CICA-7 комплексот содржи:- азиатикозид
- азиатична киселина
- мадекасинска киселина
- мадекасозид
- екстракт од азиска центела
- екстракт од лист од азиска центела
- екстракт од корен од азиска центела
Дејство на CICA-7 комплексот:- Ја смирува иритираната кожа
- Ја штити чувствителната кожа
- За зајакнува бариерата на кожата
Ефикасно ја отстранува и најтврдокорната шминка, ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и отстранува 99% од загадувачите од околината, како што е ситната прашина која лесно може да ја оштети кожата.
Има лесна текстура која нуди освежувачко длабинско чистење што ја хидрира кожата без да остави чувство на масна и тешка завршница.Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Докажано е неиритирачко со спроведување на дерматолошки тест за чувствителност на кожата. -
DEAR, KLAIRS Gentle Black Deep Cleansing Oil 150ml
1.390 денНежното црно масло за длабинско чистење на корејскиот бренд Dear, Klairs е совршено за Вашето длабинско чистење на кожата, со состојки екстрахирани од природни црни зрна. Направено е со богата формула од природни масла извлечени од црн грав, ефикасни во контролата на маслото на кожата и нејзиното смирување, црн сусам со антиоксидантни состојки и семе од црна рибизла богато со минерали и витамини. Овозможува нежно длабинско чистење без иритација и на најчувствителната кожа. Овој вегански производ е наменет за сите типови на кожа, не содржи вештачки бои, етанол или силиконски масла. Употреба: Стиснете со пумпата соодветна количина од нежното црно масло за длабинско чистење во суви дланки. Нежно масирајте на суво лице, почнувајќи од челото, па продолжете и на носот и образите. По масирањето, не го отстранувајте со марамица, туку исплакнете го лицето 2-3 пати со млака вода. -
DEAR, KLAIRS Gentle Black Fresh Cleansing Oil 150ml
1.470 денGentle Black Fresh Cleansing Oil е нежно масло за длабинско чистење на корејскиот бренд Dear, Klairs направено од 85% лесно и освежувачко растително масло. Со едноставни и нежни состојки како што се маслото од сончогледово семе, маслото од семе од грозје, маслото од семе од јојоба и маслото од црна рибизла кои ја прават кожата мазна, нежно ги стопува и ги отстранува шминката и кожните нечистотии со чиста завршница. Целосно ја навлажнува кожата и ја балансира водата и нивото на масло на кожата, ефикасно ги отстранува остатоците од нечистотија, нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и го контролира производството на себум. Исто така, ова масло е богато со витамин А, Б, и Ц и содржи силни антиоксидантни својства за да ја одржува кожата здрава и хидрирана. Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа и за оние кои не сакаат тешки маслени чистачи. Ова дневно веганско масло за чистење без мирис, дава завршница со свеж и чист изглед на кожата, без да остави мрсна трага. Тоа е производ којшто е наменет за сите видови на кожа, не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: По миењето на рацете и отстранување на навлажнувачот, нанесете соодветна количина од маслото за длабинско чистење на лицето и нежно масирајте го, за да се стопат шминката и нечистотиите. По користењето на продуктот со мешање со малку вода, исплакнете со топла вода за чиста завршница. -
DEAR, KLAIRS Gentle Black Fresh Cleansing Oil Mini 30ml
590 денGentle Black Fresh Cleansing Oil е нежно масло за длабинско чистење на корејскиот бренд Dear, Klairs направено од 85% лесно и освежувачко растително масло. Со едноставни и нежни состојки како што се маслото од сончогледово семе, маслото од семе од грозје, маслото од семе од јојоба и маслото од црна рибизла кои ја прават кожата мазна, нежно ги стопува и ги отстранува шминката и кожните нечистотии со чиста завршница. Целосно ја навлажнува кожата и ја балансира водата и нивото на масло на кожата, ефикасно ги отстранува остатоците од нечистотија, нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и го контролира производството на себум. Исто така, ова масло е богато со витамин А, Б, и Ц и содржи силни антиоксидантни својства за да ја одржува кожата здрава и хидрирана. Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа и за оние кои не сакаат тешки маслени чистачи. Ова дневно веганско масло за чистење без мирис, дава завршница со свеж и чист изглед на кожата, без да остави мрсна трага. Тоа е производ којшто е наменет за сите видови на кожа, не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: По миењето на рацете и отстранување на навлажнувачот, нанесете соодветна количина од маслото за длабинско чистење на лицето и нежно масирајте го, за да се стопат шминката и нечистотиите. По користењето на продуктот со мешање со малку вода, исплакнете со топла вода за чиста завршница. -
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum 20ml
1.150 денFAU Shiny Pumpkin Oil Serum е интензивен серум на база на природно масло од тиква, формулиран да обезбеди длабока хидратација, сјај и подобрување на еластичноста на кожата. Овој хранлив серум е збогатен со есенцијални витамини, антиоксиданси и природни масла кои ја штитат кожата од надворешни стресови и придонесуваат кон помазен и поцврст изглед. Маслото од тиква е богато со витамин Е и цинк, кои го поттикнуваат обновувањето на кожата и помагаат во намалување на знаците на стареење.
Покрај тиквата, формулата содржи и бакучиол како природна алтернатива на ретинол за подобрување на текстурата на кожата и изедначување на тенот, како и коензим Q10 (Hydroxydecyl Ubiquinone) за дополнителна антиоксидативна заштита. Alpha-Bisabolol, екстрактите од Eclipta Prostrata и Neem Leaf дополнително ја смируваат и ревитализираат кожата.
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum создава заштитен слој што ја заклучува влагата во кожата, совршено балансирајќи ја хидратацијата и спречувајќи сушење и иритација. Благодарение на својата лесна и брзо апсорбирачка текстура, не остава масен траг и е погоден за сите типови кожа, особено за сува и дехидрирана.
Идеален е за:
-
Кожа со видлива сувост, грубост или дехидратација.
-
Лица што сакаат природен сјај и подобрена текстура.
-
Корисници што сакаат да ја зајакнат кожната бариера со природни масла и витамини.
-
Тие што бараат нежна, но ефективна алтернатива на ретинол.
Начин на употреба:
По чистење на лицето и нанесување тонер, нанесете 1-2 капки од FAU Shiny Pumpkin Oil Serum на дланките, загрејте ги со благо триење и нежно притиснете ги врз лицето за подобра апсорпција. Може да се користи самостојно или како последен чекор за заклучување на влагата во вечерната рутина. Исто така, може да се додаде неколку капки во крем или есенција за збогатување на нега. -
-
iUNIK Calendula Complete Cleansing Oil MINI 25ml
490 денOriginal price was: 490 ден.465 денCurrent price is: 465 ден.Тоа е нежно масло за темелно чистење на лицето кое длабински ја чисти шминката и остатоците од нечистотии благодарение на природните растителни масла кои истовремено ја негуваат кожата. По чистењето кожата ја остава свежа и хидрирана. 94% природно масло За сите типови на кожа Испумпајте 2-3 пати од ова масло за чистење на суви дланки. Нежно масирајте на суво лице почнувајќи од челото, потоа носот и образите. По масирањето, остатокот од маслото не го бришете со марамче, туку исплакнете го лицето со млака вода 2 до 3 пати. -
Данини ладно цедено масло од коноп 10ml
480 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од коноп на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини ладно цедено масо од орев 10ml
280 денТоа е ладно цедено, не рафинирано масло од орев на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско етерично масло од лаванда 10ml
680 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско етерично масло од лаванда на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско етерично масло од рузмарин 10ml
680 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско етерично масло од рузмарин трева на домашниот бренд за природна козметика Данини.
-
Данини органско масло од лешник 10ml
380 денТоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од лешник на домашниот бренд за природна козметика Данини.