-
Dr Colic Beauty Therapy Sensitive Dnevna krema sa hijaluronskom kiselinom 50 ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.417 денCurrent price is: 417 ден. -
Dr Colic Micelarna voda 3 u 1 200ml
690 денOriginal price was: 690 ден.207 денCurrent price is: 207 ден.Мицеларната вода на Dr Colic e 3 во 1 проивод кој, длабински ја чисти кожата и ја отстранува шминката од лицето и пределот околу очите без да предизвика иритација. Истовремено има функција на тонер кој ја хидрира и смирува кожата и не е потребно да се плакне од кожата.Внимателно избраните состојки придонесуваат за вашиот блескав тен. Хијалуронот ја хидрира кожата, зелениот чај смирува, а креатинот го стимулира производството на колаген и ги регенерира клетките на кожата.
Оваа мицеларна е наменета за сите типови кожа. Исто така е погодна за чувствителна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина продира длабоко во кожата и пружа долготрајна хидратација исто така ги намалува фините линии и длабоките брчки.▪️ Зелениот чај е антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали, иато така ги смирува и ублажува воспалителните процеси на кожата.
▪️ Креатинот го стимулира производството на колаген и ги регенерира клетките на кожата.
-
Dr Colic New Skin Losion za eksfolijaciju kože 200ml
1.290 денNEW SKIN! Како што кажува самото име на производот, лосионот за ексфолијација на Dr Colic, NEW SKIN ќе ви помогне да ги намалите недостатоците на кожата и да добиете помазна, помека и посвежа кожа.
Содржи комплекс од хидрокси киселини кои помагаат да се елиминираат мртвите епидермални клетки, по што епидермисот се обновува со помлади и посилни клетки и кожата добива длабински подобрен тонус и еластичност. За време на пилингот, хидрокси киселините го претвораат кератинот од епидермисот во аминокиселини кои се основни состојки за природно навлажнување на кожата.
Покрај благиот хемиски пилинг, овој лосион го одржува балансот на pH вредноста, кој е неопходен за одржување на здравјето на кожата. Благодарение на секојдневното благо чистење, кожата се регенерира и тенот станува мат.
Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа, како и за кожа склона кон акни.
ДЕЈСТВО:
Ги отстранува мртвите клетки
Ги намалува порите
Ги намалува оштетувањата на кожата.
Го намалува воспалението на кожата
Кожата ја прави помека и помазна
Ги намалува флеките и лузните
На кожата ѝ дава сјај
Ги намалува знаците на стареење
Ја подобрува хидратацијата
Го подобрува дејството на другите производи за нега -
Dr Colic Sun Protection Krema za lice sa zaštitnim faktorom 30
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.387 денCurrent price is: 387 ден.Заштитата на кожата на лицето од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
UVА зраците предизвикуваат стареење на кожата, додека UVB предизвикуваат изгореници. Но тука е Dr Colić Sun Protection крем за лице со уникатна комбинација на филтри и активни состојки кој обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци.
Dr Colić Sun Protection е водоотпорен крем за лице за заштита од сонце, со единствена комбинација на филтри и активни состојки. Обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци и го спречува стареењето на кожата.
Покрај филтрите кои ја штитат кожата од сонце, богат е и со активни состојки кои ги спречуваат првите знаци на стареење, интензивно ја хидрираат кожата, ја смируваат иритацијата и ја регенерираат кожата, обезбедувајќи свеж и младешки изглед на лицето.
Невидлив е на кожата и не остава бела трага, па затоа е погоден за заштита на лицето во текот на целата година.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина обезбедува интензивна хидратација и го спречува продлабочувањето на брчките, правејќи ја кожата мека и еластична.▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант, го поттикнува обновувањето на клетките преку стимулирање на метаболизмот на кислородот во клетките и на тој начин го спречува сушењето на кожата.
▪️ Хамамелисот има смирувачки ефект, има антибактериско и антиинфламаторно дејство.
▪️ Го стимулира имунолошкиот систем и видливо ја подобрува состојбата на чувствителната кожа. Има благотворно смирувачко и антиалергиско дејство и ги ублажува иритациите.
▪️ Пантенолот интензивно регенерира и ги отстранува оштетувањата на кожата.
▪️ Алантоинот ja смирува иритациjата, ја зголемува влажноста на кожата и ја прави помазна. Го стимулира отстранувањето на мртвите клетки од површината на кожата и го забрзува растот на ново и здраво ткиво. Штити од оштетување на клетките предизвикано од UV зрачењето.
-
Dr Colic Therapy Pure Krema za uklanjanje fleka na koži 40ml
1.190 денФлеките од сонце можат да исчезнат?Да, секако, Therapy Pure кремот со алфа арбутин на Dr Colic ефикасно ја отстранува хиперпигментацијата предизвикана од сонцето, ефикасен е во намалување на старечките дамки на лицето и телото, како и во отстранувањето на дамките предизвикани од бременост, терапија или акни.
ШТО Е АЛФА АРБУТИН?
Алфа арбутинот е природен антиоксидант познат по способноста да ја осветлува кожата. Природно се наоѓа во растението мечкино грозје. Го намалува формирањето на меланин и ја намалува појавата на старечки дамки, пеги, мелазма и постинфламаторна пигментација. -
Dr. Althea 147 Barrier Cream 50ml
2.050 денDr. Althea 147 Barrier Cream е напреден хидратантен крем формулиран за заздравување на кожната бариера, длабинска хидратација и интензивна нега. Благодарение на патентираниот екстракт од цветот Paeonia Albiflora, овој крем ја зајакнува природната заштитна функција на кожата, додека богатите хранливи масла од авокадо, арган и зелен чај ја хидрираат и негуваат.
Седум слоеви на хијалуронска киселина овозможуваат длабинско навлажнување на повеќе нивоа, одржувајќи ја кожата еластична и свежа. Формулата содржи и екстракт од Artemisia Princeps, Persea Gratissima (авокадо) и Brassica Oleracea Acephala (кељ), кои дополнително ја смируваат и ревитализираат кожата.
- Ја зајакнува кожната бариера и спречува загуба на влага
- Длабинска хидратација со 7 вида хијалуронска киселина
- Богат состав со церамиди и антиоксиданси за подобра еластичност
- Лесна, немасна текстура, идеална за утринска и ноќна рутина
Како да се користи: Нанесете мала количина како последен или предпоследен чекор во вашата рутина, по нанесување на тонер и серум.
Оваа веганска формула е без парабени, вештачки бои и мириси, што ја прави погодна за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна и дехидрирана кожа.
-
Dr. Althea 345 Relief Cream 50 ml
2.070 денDr. Althea 345 Relief Cream е смирувачки хидратантен крем специјално формулиран за чувствителна и иритирана кожа. Богат со Centella Asiatica и Heartleaf (Houttuynia Cordata), овој крем делува против воспаленија, ја зајакнува кожната бариера и помага во намалување на црвенилото. Лесната текстура овозможува брза апсорпција без чувство на тежина или мрснотија, оставајќи ја кожата мазна, хидрирана и избалансирана.
Ниацинамидот и пантенолот овозможуваат корекција на дамките и нерамномерниот тен, додека церамидите и хијалуронската киселина го зајакнуваат хидратацискиот капацитет на кожата, обезбедувајќи долготрајна заштита и еластичност.
- Интензивна нега против иритации со растителни екстракти и бета-глукан
- Ја зајакнува кожната бариера и ја заштитува од надворешни фактори
- Осветлува и изедначува тен со комбинација на антиоксиданти и навлажнувачи
- Веганска формула без парабени, вештачки бои и мириси
Како да се користи: Нанесете мала количина на чиста кожа и нежно масирајте додека не се апсорбира. Погоден за дневна и ноќна употреба, особено како дел од пост-акне рутина.
Овој вегански хидратантен крем е идеален за сите типови кожа, особено за оние кои имаат потреба од смирување, интензивна хидратација и подобрување на кожната структура.
-
Dr. Althea Pure Grinding Cleansing Balm 50ml
1.490 денDr. Althea Pure Grinding Cleansing Balm е иновативен балсам за чистење, формулиран со 14 есенцијални состојки за нежно, но ефикасно отстранување на шминка, СПФ и водоотпорни производи. Благодарение на хигиенскиот механизам за мелење, балсамот се дозира прецизно, спречувајќи контаминација и овозможувајќи удобна употреба.
Формулата содржи масло од семе од зелен чај и масло од грозје, кои обезбедуваат длабинска хидратација и ја оставаат кожата мека и обновена. Madecassoside и екстракт од Centella Asiatica делуваат смирувачки, намалувајќи ја иритацијата и црвенилото, што го прави идеален за чувствителна и кожа склона кон акни.
- Хигиенски дизајн со механизам за дозирање без директен допир
- Длабинско чистење во еден чекор, без чувство на тежина или маснотија
- Формула без парабени, вештачки бои и мириси
- Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна
Како да се користи: завртете го пакувањето во насока на стрелките за да земете соодветна количина, нанесете на лицето и масирајте со кружни движења за да ја разложите шминката. Постепено додајте вода за да се емулгира, потоа исплакнете со млака вода.
Овој вегански балсам за чистење обезбедува свеж и хидриран финиш, правејќи го совршен за секојдневна употреба без иритации.
-
Dr. Althea Vitamin C Boosting Serum 30ml
1.590 денDr. Althea Vitamin C Boosting Serum е интензивен серум за осветлување и хидратација, формулиран со Hippophae Rhamnoides Water (63%) и Tranexamic Acid за намалување на темните дамки и изедначување на тенот. Овој вегански витамин Ц серум е поблаг од стандардните формули, што го прави погоден и за чувствителна кожа.
Centella Asiatica Leaf Water и осум типа на хијалуронска киселина овозможуваат длабинска хидратација, смирување на кожата и зајакнување на нејзината заштитна бариера. Благодарение на ниацинамидот, овој серум помага во регулирање на себумот и намалување на порите, оставајќи ја кожата мазна и ревитализирана.
- Осветлување на кожата и намалување на хиперпигментацијата
- Длабинска хидратација и зајакнување на кожната бариера
- Лесна текстура без лепливост, погодна за користење пред шминка
- Формула без вештачки бои, мириси и парабени
Како да се користи: по чистење и нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција. Доколку го користите наутро, задолжително нанесете заштитен фактор.
Овој дневен витамин Ц серум е идеален за сите типови кожа, особено за оние што сакаат посветол, уедначен тен и здрава, хидрирана кожа.
-
Dr. Ceuracle Vegan Kombucha Tea Essence 150ml
2.285 денOriginal price was: 2.285 ден.1.799 денCurrent price is: 1.799 ден. -
Dr. Ceuracle Vegan Kombucha Tea Gel Cream 75g
2.010 денOriginal price was: 2.010 ден.1.799 денCurrent price is: 1.799 ден.