Козметиката 𝗗𝗿 𝗖𝗼𝗹𝗶𝗰 веќе 10 години е секојдневие на жените од регионот. Отсега ќе имате можност да уживате во „достапниот луксуз“ кој го пружа овој бренд, со гаранција за чисти состојки и квалитет, благодарение на личниот кредибилитет на д-р Миодраг Цолиќ и прим. Д-р Милан Цолиќ.
Во текот на својата повеќедецениска кариера, проф. д-р Миодраг Цолиќ и прим. д-р Милан Цолиќ, оснивачи на клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија 𝗗𝗿 𝗖𝗼𝗹𝗶𝗰, ги забележал сите проблеми со кожата со кои се соочуваат жените и решиле да понудат решение кое не само што ќе ја спречи или одложи естетската интервенција, туку ќе ѝ го врати на кожата на лицето младешкиот сјај и еластичност.
Создавачите на брендот 𝗗𝗿 𝗖𝗼𝗹𝗶𝗰, на тимот составен од дерматолози, технолози и фармацевти им постави основен критериум: не смеат да штедат на оригинални, клинички докажани и висококвалитетни состојки! Така е создадена козметичката линија, целосно прилагодена на типовите на кожа од ова поднебје.
Козметиката на 𝗗𝗿 𝗖𝗼𝗹𝗶𝗰 е одобрена од Институтот за физичка хемија на Република Србија.
-
Dr Colic Age Code Revitalizujuća dnevna krema sa matičnim ćelijama argana 50ml
1.990 ден𝗔𝗚𝗘 𝗖𝗢𝗗𝗘 дневниот крем на 𝗗𝗿 𝗖𝗼𝗹𝗶𝗰 е крем за интензивна ревитализација на кожата на лицето, кој содржи матични клетки од арган, природна состојка благодарение на која кожата се храни, хидрира и обновува.
Ja стимулира регенерацијата на сврзното ткиво на кожата, а со тоа ја зголемува густината на кожата, ја зголемува цврстината на кожата и значително ја намалува длабочината на брчките. Помалку се забележуваат фините линии и брчките, а самата кожа станува кадифена, мазна и затегната.
Што ја прави оваа крема посебна и исклучително ефикасна?
Дневната ревитализирачка крема 𝗔𝗚𝗘 𝗖𝗢𝗗𝗘 содржи матични клетки од арган кои помагаат да го репрограмирате кодот на вашата кожа кој води кон стареење и стимулира процес на обновување на кожата преку обновување на нејзините матични клетки.
Што ги прави растителните матични клетки многу корисни за здравјето на луѓето?
Обичните клетки се „програмирани“ за една одредена функција, како на пример создавање на кожно ткиво или крвна плазма. За разлика од нив, матичните клетки се создадени „непрограмирани“ и се дизајнирани да одат секаде каде што е најпотребно. Кога се потребни за раст на ново ткиво некаде во телото, во овој случај во ткивото на кожата, тие едноставно „стануваат“ тој тип на клетка, делувајќи како замена за специфичните ткивни клетки.
И животните и растенијата создаваат матични клетки, меѓутоа, меѓу нив има една голема разлика. Животинските матични клетки природно подлежат
на процесот на стареење исто како секоја друга клетка.Во човечката кожа, матичните клетки стануваат помалку ефикасни како што старееме, а со тоа и помалку способни да го поддржат производството на колаген.
Растителните матични клетки се ослободени од процесот на стареење. Можат да дејствуваат како млади матични клетки на човечка кожа и се способни да помогнат во зголемувањето на синтезата на колаген.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Матични клетки од арган
▪️ Ниацинамид
▪️ Креатин
▪️ Хијалуронска киселина
▪️ Екстракт од центела
▪️ Навлажнувачки комплекс -
Dr Colic Age Code Revitalizujuća noćna krema sa matičnim ćelijama argana 50ml
2.120 денНоќната ревитализирачка крема 𝗔𝗚𝗘 𝗖𝗢𝗗𝗘 содржи матични клетки од арган кои помагаат да го репрограмирате кодот на вашата кожа кој води кон стареење и стимулира процес на обновување на кожата преку обновување на нејзините матични клетки.
Што ги прави растителните матични клетки многу корисни за здравјето на луѓето?
Обичните клетки се „програмирани“ за една одредена функција, како на пример создавање на кожно ткиво или крвна плазма. За разлика од нив, матичните клетки се создадени „непрограмирани“ и се дизајнирани да одат секаде каде што е најпотребно. Кога се потребни за раст на ново ткиво некаде во телото, во овој случај во ткивото на кожата, тие едноставно „стануваат“ тој тип на клетка, делувајќи како замена за специфичните ткивни клетки.
И животните и растенијата создаваат матични клетки, меѓутоа, меѓу нив има една голема разлика. Животинските матични клетки природно подлежат
на процесот на стареење со текот на времето исто како секоја друга клетка.Во човечката кожа, матичните клетки стануваат помалку ефикасни како што старееме, а со тоа и помалку способни да го поддржат производството на колаген.
Растителните матични клетки се ослободени од процесот на стареење. Науката постојано открива нови докази за нивната важност за здравјето на луѓето. Тие може да имаат и до 1000 пати поголем корисен ефект од обичните растителни екстракти. Можат да дејствуваат како млади матични клетки на човечка кожа и се способни да помогнат во зголемувањето на синтезата на колаген.
Матичните клетки од арган, во третманот против брчки се користат за да помогнат во зачувувањето на виталноста на нашите матични клетки со директно дејство на основните фактори на стареење на кожата.
-
Dr Colic Age Code Revitalizujući serum sa matičnim ćelijama argana 30ml
2.175 денСо редовна употреба ja намалува појавата на фини линии и брчки, продира во подлабоките слоеви на кожата и ја подобрува нејзинита еластичност и цврстина одвнатре.
Аргановото масло со години е познато како еликсир на убавината. Има способност да го забави процесот на стареење и да ги обновува клетките на кожата. Тоа е вистинско злато кога е во прашање негата на лицето.
Неодамна, откриен е уште еден облик на арган кој ги подига хидратантните, заштитните и негувачките компоненти кои се наоѓаат во обичното масло од арган на повисоко ниво. Тоа се матичните клетки од арган.
Најновите истражувањата покажуваt дека матичните клетки од арган се способни да навлезат преку слојот на дермисот на кожата за да обезбедат заштита, поддршка и ревитализација на подлабоките слоеви на кожата многу поефикасно од други видови растителни матични клетки.
Матичните клетки од арган помагаат да го репрограмирате кодот на вашата кожа кој води кон стареење и стимулира процес на обновување на кожата преку обновување на нејзините матични клетки.
Матичните клетки од арган, во третманот против брчки се користат за да помогнат во зачувувањето на виталноста на нашите матични клетки со директно дејство на основните фактори на стареење на кожата. Со тоа се стимулира создавање на колаген и еластин и враќање на цврстината и еластичноста и намалување на брчките.
-
Dr Colic Micelarna voda 3 u 1 200ml
690 денМицеларната вода на Dr Colic e 3 во 1 проивод кој, длабински ја чисти кожата и ја отстранува шминката од лицето и пределот околу очите без да предизвика иритација. Истовремено има функција на тонер кој ја хидрира и смирува кожата и не е потребно да се плакне од кожата.Внимателно избраните состојки придонесуваат за вашиот блескав тен. Хијалуронот ја хидрира кожата, зелениот чај смирува, а креатинот го стимулира производството на колаген и ги регенерира клетките на кожата.
Оваа мицеларна е наменета за сите типови кожа. Исто така е погодна за чувствителна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина продира длабоко во кожата и пружа долготрајна хидратација исто така ги намалува фините линии и длабоките брчки.▪️ Зелениот чај е антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали, иато така ги смирува и ублажува воспалителните процеси на кожата.
▪️ Креатинот го стимулира производството на колаген и ги регенерира клетките на кожата.
-
Dr Colic New Skin Losion za eksfolijaciju kože 200ml
1.290 денNEW SKIN! Како што кажува самото име на производот, лосионот за ексфолијација на Dr Colic, NEW SKIN ќе ви помогне да ги намалите недостатоците на кожата и да добиете помазна, помека и посвежа кожа.
Содржи комплекс од хидрокси киселини кои помагаат да се елиминираат мртвите епидермални клетки, по што епидермисот се обновува со помлади и посилни клетки и кожата добива длабински подобрен тонус и еластичност. За време на пилингот, хидрокси киселините го претвораат кератинот од епидермисот во аминокиселини кои се основни состојки за природно навлажнување на кожата.
Покрај благиот хемиски пилинг, овој лосион го одржува балансот на pH вредноста, кој е неопходен за одржување на здравјето на кожата. Благодарение на секојдневното благо чистење, кожата се регенерира и тенот станува мат.
Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа, како и за кожа склона кон акни.
ДЕЈСТВО:
Ги отстранува мртвите клетки
Ги намалува порите
Ги намалува оштетувањата на кожата.
Го намалува воспалението на кожата
Кожата ја прави помека и помазна
Ги намалува флеките и лузните
На кожата ѝ дава сјај
Ги намалува знаците на стареење
Ја подобрува хидратацијата
Го подобрува дејството на другите производи за нега -
Dr Colic Sun Protection Krema za lice sa zaštitnim faktorom 30
1.290 денЗаштитата на кожата на лицето од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
UVА зраците предизвикуваат стареење на кожата, додека UVB предизвикуваат изгореници. Но тука е Dr Colić Sun Protection крем за лице со уникатна комбинација на филтри и активни состојки кој обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци.
Dr Colić Sun Protection е водоотпорен крем за лице за заштита од сонце, со единствена комбинација на филтри и активни состојки. Обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци и го спречува стареењето на кожата.
Покрај филтрите кои ја штитат кожата од сонце, богат е и со активни состојки кои ги спречуваат првите знаци на стареење, интензивно ја хидрираат кожата, ја смируваат иритацијата и ја регенерираат кожата, обезбедувајќи свеж и младешки изглед на лицето.
Невидлив е на кожата и не остава бела трага, па затоа е погоден за заштита на лицето во текот на целата година.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина обезбедува интензивна хидратација и го спречува продлабочувањето на брчките, правејќи ја кожата мека и еластична.▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант, го поттикнува обновувањето на клетките преку стимулирање на метаболизмот на кислородот во клетките и на тој начин го спречува сушењето на кожата.
▪️ Хамамелисот има смирувачки ефект, има антибактериско и антиинфламаторно дејство.
▪️ Го стимулира имунолошкиот систем и видливо ја подобрува состојбата на чувствителната кожа. Има благотворно смирувачко и антиалергиско дејство и ги ублажува иритациите.
▪️ Пантенолот интензивно регенерира и ги отстранува оштетувањата на кожата.
▪️ Алантоинот ja смирува иритациjата, ја зголемува влажноста на кожата и ја прави помазна. Го стимулира отстранувањето на мртвите клетки од површината на кожата и го забрзува растот на ново и здраво ткиво. Штити од оштетување на клетките предизвикано од UV зрачењето.
-
Dr Colic Therapy Pure Krema za uklanjanje fleka na koži 40ml
1.190 денФлеките од сонце можат да исчезнат?Да, секако, Therapy Pure кремот со алфа арбутин на Dr Colic ефикасно ја отстранува хиперпигментацијата предизвикана од сонцето, ефикасен е во намалување на старечките дамки на лицето и телото, како и во отстранувањето на дамките предизвикани од бременост, терапија или акни.
ШТО Е АЛФА АРБУТИН?
Алфа арбутинот е природен антиоксидант познат по способноста да ја осветлува кожата. Природно се наоѓа во растението мечкино грозје. Го намалува формирањето на меланин и ја намалува појавата на старечки дамки, пеги, мелазма и постинфламаторна пигментација.